Мицкоски: Инсталациите на СДСМ во праводудството постојано ја напаѓаат Владата, последниот удар е поврзан со пензионерите - Канал 5

Мицкоски: Инсталациите на СДСМ во праводудството постојано ја напаѓаат Владата, последниот удар е поврзан со пензионерите

-Овојпат тие удрија на пензионерите, па ги слушам сега како се препелкаат - тоа што си го земале пензионерите нема да го вратат, но, затоа ќе видиме како понатаму. 

Мицкоски: Инсталациите на СДСМ во праводудството постојано ја напаѓаат Владата, последниот удар е поврзан со пензионерите

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека инсталациите на СДСМ во рамки на судовите се обидуваат цело време во рамки на правосудниот систем да ја минираат Владата, да задаваат удари и тие, вели, очекува, дека ќе продолжат, нема да мируваат и оти последниот удар е врз пензионерите, односно линеарното покачување на пензиите.

-Овојпат тие удрија на пензионерите, па ги слушам сега како се препелкаат - тоа што си го земале пензионерите нема да го вратат, но, затоа ќе видиме како понатаму. Нели најпрвин немаше такво нешто. Кога го соопштив ова на пратенички прашања рекоа дека нема ништо такво. Потоа се препакуваа и рекоа добро ќе го разгледаме сето тоа за од 1 јануари. Линералното зголемување последно е предвидено за мартовската пензија. Како тоа ќе биде неуставно, а претходните шест илјади денари ќе бидат уставни. Еве нека ми кажат како ќе го спакуваат, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по поставувањето камен темелник на детска градинка во Ѓорче Петров.

Според него, уставните судии имаат три опции - првата линеарните зголемувања да ги прогласат за неуставни што значи дека 75 отсто од пензионерите од 1 јануари ќе имаат за 3 до 4 илјади денари пониски пензии.

-Втората опција е да најдат некоја, за мене бледа, неправна логика, следното зголемување да го прогласат за неуставно, а се претходно да биде уставно, што за мене, еве јас не сум правник, но, консултирав правници делува смешно. И третата опција е да ги прогласат за уставни, рече премиерот Мицкоски.

Додаде дека нема да коментира повеќе за ова и остава на Уставниот суд да одлучи за да не биде повторно сфатено дека тој прави притисок врз судиите и врз обвинителите.

Неодамна Мицкоски на седница за поставување пратенички прашања рече дека повеќе од 70 проценти од пензионерите од следниот месец ќе добиваат помали пензии поради иницијативата на уставната судијка, а за што одлуката, како што истакна, веќе била потпишана.

- Точно е тоа дека е покрената постапка пред Уставниот суд и точно е дека таа судијка за којашто сите зборуваме, којашто беше архитип на неправдата во судството, заедно со една друга обвинителка, којашто беше исто така вториот столб на тој архитип на судството едно време, и којшто соучествува во онаа чанта од брендот Луј Витон, се тие на коишто денес им пречи линеарното зголемување на пензиите на пензионерите, рече премиерот Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување пратенички прашања.

Тој истакна дека судијката на Уставниот суд, според последната информација, ја има потпишано одлуката за укинување на линеарното зголемување на пензиите на пензионерите.

Потоа Уставнот суд излезе со информација дека сè уште не е донесена конечна одлука за предметот кој се однесува на членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, познат во јавноста како линеарно зголемување на пензиите.

Судот укажува дека на 24. седница одржана на 19.11.2025 година со мнозинство гласови, изразил сомнеж во уставноста на членот 2 од Законот. -Во тек е втората фаза од постапката во која се бараат мислења од доносителот и од предлагачите на Законот, по што ќе следува конечна одлука. Јавноста ќе биде известена кога овој предмет ќе биде ставен на седница за гласање, посочија оттаму.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. 

Утре сончево и релативно топло

Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и утринските температури ќе бидат во пораст. Услови за локален дожд ќе има во петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол

Во рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.

Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол

Вчера (03.10.2026), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција во Куманово реализираа сообраќајна превентивна активност за подигање на свеста на граѓаните и степенот на сообраќајна култура, а посебен акцент беше ставен на свесноста кај возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Во рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кучето кое влета на стадионот стана „славно“ (ФОТО)

Во дуелот со Шкотска кој донесе разочарување за македонските навивачи, куче кое влета на теренот и заради кое имаше прекин во првото полувреме, се чини стана голем хит.

Кучето кое влета на стадионот стана „славно“ (ФОТО)

Моментот кога овој натрапник влета на теренот беше реристриран на видео снимките а дел од светските спортски портали и списанија буквално го врамија на насловните страници. Кучето кратко беше на теренот по што го напушти стадионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер