Проектот продолжува – уште 50 нови домаќинства се приклучија кон селекцијата на пластичен отпад во Лисиче
2Проектот продолжува – уште 50 нови домаќинства се приклучија кон селекцијата на пластичен отпад во Лисиче
3Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
3Данската фудбалска федерација се огласи за Ериксен: Кристијан се чувствува добро, сам го напушти теренот
МакедонијаМицкоски: Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните. Заедно да градиме и заедно да ги решаваме проблемите. Куферите кои си заминуваат немаат националност, истакна денеска во својот говор на настанот за одбележување на 24 - годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор премиерот Христијан Мицкоски. - Како политичар не познавам мал или голем свет, ваков или таков, туку само еден свет - Македонија, дом на сите нејзини граѓани каде имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за сите нејзини граѓани. Заедно да градима и заедно да ги решаваме проблемите. Куферите кои си заминуваат немаат националност. Луѓето си одат, и селата се празнат и Македонци и Албанци и Турци и Роми и Срби и Власи и Бошњаци и сите. Тоа се најдобра порака на народот спрема оние кои повеќе од 20 години манипулираат дека работат за нив, а постојано ги делат, рече Мицкоски во говорот. Натпреварот, посочи тој, не е кој колку може да биде радикален или да се удира во гради со простдушен национализам, туку денеска битката е да ги решиме реалните проблеми, да обезбедиме подобри услови за живот, за работа, просперитет за секој Македонец, Албанец, Турчин, Влав и останатите други наши сограѓани. На одбележувањето во Владата се обрати и вицепремиерот Изет Меџити. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈПДП од 15 јуни лентите за MTAG ќе бидат исклучиво за корисници со електронски таговиПочнувајќи од 15 јуни годинава лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за корисници на електорнски тагови.Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) потсетува дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата на патарини, почнувајќи од 15 јуни годинава лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за корисници на електорнски тагови. Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува, а корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена. ЈПДП укажува и апелира до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација, како и на информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање: електронска наплата (MTAG / MCARD) и готовинско плаќање (CASH). Воедно, за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, корисниците се должни да ја следат сигнализацијата за статусот на лентите: зелена стрелка – означува активна (отворена) лента, додека црвен икс (X) – означува затворена лента Непочитувањето на означувањето и намената на лентите, посочуваат од ЈПДП, може да предизвика застои во сообраќајот и да влијае врз безбедноста и ефикасноста на сообраќајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПроектот продолжува – уште 50 нови домаќинства се приклучија кон селекцијата на пластичен отпад во ЛисичеГолемиот интерес на жителите покажа дека грижата за животната средина станува секојдневна навика во Општина Аеродром. Затоа, потпишавме нови 50 договори со домаќинства од населба Лисиче кои активно ќе се вклучат во системската селекција на пластичен отпад, а на семејствата им беа поделени и специјални канти. Проектот веќе дава одлични резултати, а собирањето на отпадот се одвива редовно и организирано. Целта е да бидат опфатени вкупно 600 домаќинства, кои преку своето активно учество ќе придонесат за почиста и поздрава животна средина. Проектот го спроведува ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром, а собраниот отпад се предава на овластени компании за понатамошна обработка и рециклирање. За негов транспорт е обезбедено и специјално електрично товарно возило, што дополнително придонесува за намалување на загадувањето. Општина Аеродром е една од првите општини во државата која спроведува ваков системски проект за селекција на пластичен отпад директно од домаќинствата, поставувајќи пример за современ и одговорен пристап кон управувањето со отпадот. Благодарност до сите жители кои се приклучуваат и покажуваат дека вистинските промени започнуваат од сопствениот дом. Заедно градиме еколошки навики, подигнуваме свест и создаваме почиста иднина за генерациите што доаѓаат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денариМитото од 2.000 евра кое Богац го земал од Џемо е само почетокот на аферата во Царина вредна 18 милиони денари.Според информациите добиени од свиркачи, Богац преку вибер со Џемо го договарал тендерот вреден 18 милиони денари, а 2.000 евра биле првата од повеќето исплати кои требало да ги добие токму Богац како награда од Џемо. ЈО мора да истражи дали е точна информацијата до која дојдовме дека Богац требал да добие 10 проценти од местениот тендер, односно 1,8 милиони денари? И СДС и Филипче молчат и не се оградуваат од криминалните афери на своите членови. Еден ден е Богац, еден ден е поранешен градоначалник на општина, друг ден е член на ИО на СДС, трет ден цели фамилии, браќа, братучеди, кланови. Од Филипче и СДС никаква осуда. Колку пари требал да земе Богац за Филипче да го смета ова за криминал? Дали можеби 20% како што Филипче зема за модуларната? Ова е СДС матрица на дело. Граѓаните мора да го увидат нивниот начин на владеење за никогаш повторно да не ни се случи. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter