Мицкоски: Има катастрофални резултати во економијата, пад на извозот од 60%, потребно е пакетите за поддршка да важат за јули и август

Корона заразата одзема животи. А, комисијата за заразни болести не е на нивото на задачата, и главниот проблем е што се исполнуваат политички нарачки, наместо да се носат одлуки за заштита на здравјето.

Во ситуација кога се вклучува политичкиот калкулатор за броење на новозаразени, а со цел да се глуми нормалност наместо реално да се тестира, секоја погрешна одлука ќе се врати како бумеранг со поголеми проблеми од претходно.

И не сме веќе влезени во слепа улица поради клучните амбиции на Заев, кариерата на Спасовски или диктатите врз комисијата, туку државава се движи во еднонасочна улица во сосема спротивната страна од насоката на движењето.

Сите држави околу нас излегоа како победници од кризата, а ние се претвораме во балкански Вухан со бројки како на самиот почеток на светската пандемија. Јас не сум доктор, и не сум медицинско лице, ќе оставам експертите и стручните лица да елаборираат за останатото, но јас сум подеднакво загрижен за она што се случува во економијата. Таму ни се случува навистина стравичен пад.

И во продолжение на денешното обраќање ќе споменам неколку индикатори кои што се од клучно значење за иднината на нашата македонска економија, но и за иднината на реалниот сектор.

Имено, во текот на вчерашниот ден, Државниот завод за статистика го објави показателот односно параметарот кој што го детерминира растот на БДП во првиот квартал.

Се сеќавате кога Заев, Спасовски, Царовска, Ангеловска не убедуваа дека блескаме, дека економијата практично соборува резултати? Е, вчерашниот податок сето тоа го демантира, но го демантира на брутален начин. Имено, катастрофалниот низок раст на македонската економија во првиот квартал изнесува нешто повеќе над нулата или цели 0.2%. А, каков е случајот во околината и каков е случајот со останатите балкански земји?

Имено, соседна Србија книжи раст од цели 5%, понатаму Турција од 4.5%, Хрватска 0.4%, соседна Бугарија од 1.2%. И сите овие кои што неколкукратно имаат поголем БДП од нас во првиот квартал го демантираат она кое што го велеше Зоран Заев и во парламентот кога ја примопредаваше функцијата премиер, односно претседател на Владата, и сето она кое што понатаму го спомнуваа ресорните министри дека блескаме и дека економијата ни е на прав пат.

Но, втор индикатор кој исто така загрижува и кој што можеби прв пат ни се случува после неколку години е намалувањето, драматичното намалување на извозот во првите четири месеци од годината, а најмногу тоа се чувствува практично во четвртиот месец или месец април. Имено падот во месец април изнесува цели 60% на извозот. Ќе повторам македонската економија успеала да извезе стоки во светот за 60% помалку овој април споредено со април во 2019 година, а во првите четири месеци почнувајќи од први јануари завршувајќи со триесетти април македонската економија успеала да извезе за 21.5% помалку стока споредено со истиот период во 2019 година. Ќе повторам во првите четири месеци од 2020 година македонската економија успеала да извезе за 21.5% помалку од тоа што го направила за истиот период во 2019 година.

Нема да споменувам дека е катастрофална ситуацијата во реалниот сектор. Нема да споменувам дека е катастрофална ситуацијата во економијата и во стопанството. Тоа впрочем го говорат надлежните во стопанските комори.

Единствено што ми преостанува е да ја замолам Владата да се надмине себе си, да го надмине оној примитивизам кој што ги опкружува. Нека ги продолжат мерките за помош на реалниот сектор и стопанството и да не завршат тие заклучно со месец мај. Да ги продолжат и за месеците јуни, за месеците јули и за месецот август затоа што тоа му е потребно на реалниот сектор. Само здрав реален сектор ќе значи и здрава македонска економија.

Сосема на крај вам почитувани пријатели, почитувани сограѓани сакам да ви посакам добро здравје на вам и на вашите семејства и чувајте се.

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски за спортските ваучери: Граѓаните ќе бидат шокирани што се случувало

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред црквата Свети Спас, по одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев, одговарајќи на новинарско прашање  во врска со обвинителниот предлог за спортските ваучери во Агенцијата за млади и спорт.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред црквата Свети Спас, по одбележување на 121 година од смртта на Гоце Делчев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинителниот предлог за спортските ваучери во Агенцијата за млади и спорт, истакна дека ова е само мал дел од тоа што ќе излегува на површина и по формирањето на владата од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе дознаваат се што се случувало изминативе 6 и половина години.

- Тоа е само мал дел од тоа што очекувам во периодот што следи да излегува на површина, овој процес е наследен во оваа техничка влада во МВР и морам да признаам дека истрагата според оние информации со кои располагам е почната пред неколку месеци. Каде што јасно стои пратеник и портпарол на владејачката СДС, заедно со директор на агенцијата биле директно длабоко вмешани во корупција и во криминал, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека ова е само мал дел од тоа што јавноста ќе сведочи по формирањето на владата од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија.

- Ќе бидат шокирани граѓаните што се случувало изминативе 6 и половина години, изјави Мицкоски.

Мицкоски: Се поклонивме на македонскиот великан Гоце Делчев со желба за национално обединување

Најпрвин ќе ми дозволите на сите православни христијани да им го честитам Христовото воскресение, да им посакам на сите граѓани во Македонија и насекаде во светот благосостојба, мир, љубов, хармонија во нивните домови, во нивното семејство. 

Ова се денови кога православните христијани го слават Христовото воскресение, нешто што за нас многу значи, за сите семејства. И уште еднаш ќе потенцирам дека ова се денови кога треба да ги минеме во хармонија и во обединување.

Истовремено ќе ми дозволите да истакнам дека денеска се поклонуваме на ова место, за нас посебно, традиционално, на македонскиот великан Гоце Делчев со желба за национално обединување, општествено обединување. Нешто што ќе ни биде потребно после осми мај. Нешто што треба да биде императив после осми мај. Да ја вратиме надежта. Да ја вратиме надежта дека Македонија и граѓаните на Македонија ќе успеат.

Така што уште еднаш ќе ми дозволите да изразам моја најдлабока лична почит кон македонскиот великан Гоце Делчев од мое име и од името на ВМРО-ДПМНЕ, и од името на Коалицијата „Твоја Македонија“.

Скандал во Франција: Фудбалери со факели ги гаѓаат своите навивачи (ВИДЕО)

Натпреварот од 36. коло на француската Лига 2 Троа - Валенсиен беше прекинат и заврши во 89. минута, по немирите кои настанаа меѓу домашните навивачи и играчите.

Домашната екипа е во грчевита борба за опстанок и повеќе не зависи само од себе, па победа против фенерите и веќе видениот патник во Националната лига беше императив. Сепак, работите не тргнаа во посакуваната насока.

Симон Елисор му донесе водство на тимот во сопственост на „Сити груп“, но Ник Фенема израмни за Валенсија. Минутите поминаа, а надежите на Троја избледеа. Нерешениот резултат би им оставил само теоретски шанси.

Во 89. минута, домашните навивачи со факели го прекинаа натпреварот, што ги налути некои играчи, особено резервниот Жуниор Олаитан, кој на полувремето влезе во игра наместо Лука Илиќ.

Тој не беше среќен што симпатизерите го прекинаа натпреварот во важни моменти, па со факел им возврати на навивачите, што подоцна го повтори откако повеќе од нив паднаа од трибините со уште повеќе пиротехнички средства.

Неговиот пример го следеа и некои соиграчи, кои дополнително ги испровоцираа навивачите и го принудија судијата да ја прекине играта и да им зададе многу работа на дисциплинските органи...

притисни ентер