Мицкоски: Има индиции за обиди за дестабилизација на меѓуетничката хармонија од екс функционери - Канал 5

Мицкоски: Има индиции за обиди за дестабилизација на меѓуетничката хармонија од екс функционери

 Има индиции за обиди за дестабилизација на меѓуетничката хармонија од страна на поранешни високи функционери.

Мицкоски: Има индиции за обиди за дестабилизација на меѓуетничката хармонија од екс функционери

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека имаат индиции за лица, кои располагаат со милионски суми, а дел од нив биле високи функционери во поранешни влади, кои се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен со цел да се дестабилизира меѓуетничката хармонија во земјава и нагласи дека порано или подоцна сторителите на овие провокации ќе одговараат.

-Имаме индиции за елементи, кои што располагаат со огромни милионски суми на пари, дел од нив се високи функционери во поранешни влади и кои што се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен, во најголем дел да манипулираат и она што мене особено ме загрижува е тоа што се обидуваат да провоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија во Македонија. Тоа е она кое што најмногу ме вознемирува бидејќи сфаќаат дека на друг начин тие не може да мобилизираат луѓе и сега единствениот начин е да испровоцираат ваков тип на конфликт. Тоа нема да го дозволиме. Апелирам и до јавноста и до медиумите и до граѓаните да се воздржат од какви било провокации, да ги игнорираат, изјави Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска тврдењата дека има лица, кои работат на дестабилизација на државата.

Тој денеска по посетата на Царинската управа нагласи дека порано или подоцна сторителите на овој тип на провокации ќе одговараат и упати молба до јавноста да го задржи трпението.

-Македонија треба да се консолидира, индикаторите во јули се одлични во Царинската управа и во УЈП, еве и уште неколку податоци споделив, за патарините итн. Тоа значи дека слободниот пад е сопрен. Сега треба полека да ја вратиме состојбата на некоја нула, за да можеме потоа да си ја развиваме државата. Ние сме фокусирани на тоа. Не сме фокусирани на реални шоуа, не сме фокусирани на спектакли, благовремено јавноста ќе биде информирана буквално за секоја постапка на оваа Влада. Ние сакаме Македонија да ја развиваме онака како што заслужува да биде развиена, истакна Мицкоски.

Во врска со одговорноста за поранешни функционери, за кои имаат одредени индиции за начинот на кој работеле истакна дека очекува до средината на септември да заврши целосната транзиција во рамките на институциите, на нивото за кое што е одговорна Владата.

-Понатаму, раководните лица во тие институции претпоставувам вертикално надолу ќе го продолжат тој процес. Но, она ниво кое што зависи од самата Влада ценам дека некаде средината на септември ќе заврши, што значи дека за од прилика помалку од три месеци откако е избрана новата Влада тој прв круг на транзиција би требало да заврши и очекувам од сите тие кои што ќе бидат дел од тие институции прво да ги стабилизираат институциите, а попатно додека ги стабилизираат очекувам да направат сериозна ревизија и анализа на тоа што се случувало во минатото по принципот како досега, рече Мицкоски.

Нагласи дека располагаат со сериозни индиции за незаконско работење во многу институции, но претпочитаат да обезбедат сериозно цврсти докази.

-Не сакаме да оставиме простор за какво било толкување дека тоа е политичка хајка кон некого. Не сакаме да одиме чекор напред, чекор назад па потоа во јавноста да има мислење дека еве се договорија и овие се исти како и претходните, го уапсија, направија спектакл па за три дена го пуштија, тука има вака, има така. Не, не сакаме така. Еве во времето на техничката влада видовте како документиран беше еден случај каде што беа би рекол осомничени и приведени еден врховен судија, односно судија којшто е дел од Врховниот суд и еден претседател на Советот на јавни обвинители. Тука имаме признавање на вина, спогодување што значи дека акцијата била поткрепена со докази. Не сакаме да правиме спектакли, театри како што тоа го правеше претходната влада, рече Мицкоски.

Премиерот истакна оти не сакаат никого да понижуваат, туку нивната намера е да обезбедат владеење на правото и законот да важи за сите подеднакво на целата територија на Република Македонија.

Мицкоски за бегството на Рамадани: Да оставиме да се произнесат Обвинителството и судовите

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, во коментар на случајот со бегството од куќен притвор во државава на Блерим Рамадани, поранешниот припадник на ОВК од Косово, побара да се остави да се произнесат обвинителството и судовите. Оцени дека е уште една причина што поскоро да се спроведат реформите во правосудството за кои апелира. Побара до крајот на месецов да бидат доставени идеите во таа насока, а потоа, како што рече, ќе мора да ги реализираат реформите за кои Владата ја добила поддршката од граѓаните.

-Не знам какви се изворите, рече Мицкоски за изворите во медиумските објави дека Рамадани се наоѓа во Косово.

Прашан како случајот ќе се одрази на односите со Србија посочи дека како Влада сакаат да градат добрососедски односи со сите држави без исклучок и без оглед дали е тоа Албанија, Грција, Србија...

Ова што се случува во нашиот правосуден систем, наведе Мицкоски, е само уште чекор повеќе кон тоа дека се потребни реформите за кои цело време апелирам.

-Два проценти доверба кај граѓаните резултираат со вакви многу прашања и дилеми: зошто тоа се случува, како тоа се случува, зошто се носат вакви одлуки, зошто некој бега, итн.. Ова е уште причина повеќе конечно да почнеме да се занимаваме со реформите во судско-обвинителскиот систем. Сите идеи кои имаат намера да бидат доставени до Владата од страна на експертите нека ги достават до крајот на месецов, а понатаму ние како Влада ќе мора да почнеме да ги реализираме за реформите за кои не гласале граѓаните, рече Мицкоски.

Од МВР претходно за МИА потврдија дека Рамадани избегал од куќен притвор од домот на роднини во земјава.

-Од страна на надлежен судски орган доставена е документација до МВР за распишување на централна потерница за лицето Б.Р. бидејќи во моментов е недостапно за органите на прогонот. МВР презема мерки за пронаоѓање на лицето, информираа од МВР за МИА.

Рамадани, врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од Србија, беше уапсен на 17 јули 2024 година на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. Содржината на налогот за апсење се заснова на сомневањата на Србија дека Рамадани, како поранешен војник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродиме.

На 1 август, мерката на Рамадани од надлежен македонски суд му беше преиначена од „притвор“ во „куќен притвор“ и тој, според решението, беше упатен на адреса во Скопје. Со оваа одлука се предвидуваше тој да остане во „куќен притвор“ до 16 август.

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ за време на посетата на граничниот премин Табановце на 25 јули побара од скопските власти да ѝ го екстрадираат Рамадани на Србија. Прашањето за неговата екстрадиција беше отворено и при посетата на министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља на Скопје на 31 јули. Свечља рече дека Скопје треба да одлучува самостојно, обвинувајќи ја Србија дека има тенденција да ги расипува односите меѓу државите од Западен Балкан.

Рамадани, според косовските медиуми, е третиот државјанин на Косово како поранешен војник на ОВК, уапсен во Македонија врз основа на српска потерница. Гафур Дуголи и Томор Морина беа уапсени во минатото, но со судска одлука беа ослободени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Заедно го креираме буџетот на Општина Карпош за 2027 година

Вашиот глас е важен. Вашите идеи, предлози и барања можат да станат конкретни проекти и активности што ќе го подобрат секојдневието во нашата општина. 

О. Карпош: Заедно го креираме буџетот на Општина Карпош за 2027 година

Општина Карпош ги повикува сите граѓани активно да се вклучат во Форумот за граѓански буџет за 2027 година и заеднички да ги утврдиме приоритетите за развој.

Форумите ќе се одржат во холот на општинската зграда, во периодот од 15:00 до 17:00 часот, според следниот распоред:

I БУЏЕТСКИ ФОРУМ – ВЛАЕ, ЗЛОКУЌАНИ И БАРДОВЦИ • У.З. Влае 1 • У.З. Влае 2 • У.З. Злокуќани • М.З. Бардовци

II БУЏЕТСКИ ФОРУМ – КАРПОШ И ТАФТАЛИЏЕ • У.З. Карпош 1 • У.З. Карпош 2 • У.З. Карпош 3 • У.З. Карпош 4 • У.З. Тафталиџе 1 • У.З. Тафталиџе

III БУЏЕТСКИ ФОРУМ – КОЗЛЕ, МЛЕЧЕН И НЕРЕЗИ • У.З. Кузман Јосифовски-Питу (КЈП) • У.З. Пецо Божиновски-Кочо (ПБК) • У.З. Владо Тасевски (Млечен) • У.З. Нерези

Да креираме заедно затоа што најдобриот буџет е оној што ги одразува вистинските потреби на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црвено-жолтите против Словенија по премиерни бодови во Б сегментот од Лигата на нации

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва од 20-45 часот на арената Тоше Проески во Скопје  против незгодната селекција на Словенија, го игра последниот натпревар од групната фаза во сегментот Б од  Лигата на нации. 

Црвено-жолтите против Словенија по премиерни бодови во Б сегментот од  Лигата на нации

Избраниците на Седлоски на дуелот против Словенија ќе се обидат да стигнат до првиот бод освоен сезонава во Лигата на нации.

По гостувањето во Шкотска, македонската репрезентација се враќа пред домашната публика со желба за позитивен резултат и достојно затворање на настапот во групата. Словенија е добро познат противник, а меѓусебните дуели низ годините носат интересна фудбалска приказна.

Македонија и Словенија досега одиграле осум меѓусебни натпревари, а билансот е на страната на нашата репрезентација. Имаме четири победи, два нерешени резултати и два порази, со вкупна гол-разлика 13:9.

Последниот меѓусебен натпревар, одигран на 29 септември во рамките на Б Лигата на нации, заврши со победа на Словенија од 2-0.

Историјата на меѓусебните пресметки започна на 13 октомври 1993 година во Крањ, кога Македонија го одигра својот премиерен меч како национален тим, а тоа воедно беше прв натпревар против Словенија и забележа убедлива победа од 4:1.

Само пет месеци подоцна, на 23 март 1994 година, двете селекции повторно се сретнаа, овојпат во Скопје. Македонија славеше со 2:0 и ја потврди добрата традиција против словенечката репрезентација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џон Мекинро: „Ве интересира ли кога Ѓоковиќ ќе се пензионира? Еве, ќе ви кажам.“

Легендата на светскиот тенис Џон Мекинро открива кога најтрофејниот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ би можел да се повлече од тенисот, осврнувајќи се на неговите моментални предизвици и планови.

Џон Мекинро: „Ве интересира ли кога Ѓоковиќ ќе се пензионира? Еве, ќе ви кажам.“

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, воопшто нема добра сезона. Всушност, 2026 година можеби е една од најлошите во неговата кариера, иако тој успеа да собори неколку рекорди и да победи на турнирот во Пекинг.

Сезоната за него започна добро – го видовме во финалето на Австралија Опен – но оттогаш следеа многу падови, а релативно малку успеси. Како резултат на тоа, тој не успеа да се пласира на Завршниот мастерс во Торино, а доживеа и пад на АТП-листата (се наоѓа дури на 12-тото место во светот), што ќе му создаде проблеми и пред почетокот на следната година.

Сепак, знаеме дека тој е во години кога повеќе се зборува за пензионирање отколку за спортски цели.

Иако српскиот тенисер не го најави крајот на својата кариера, многумина со години се обидуваат да погодат кога тој ќе стави крај на играњето.

Сега се огласи и легендарниот Џон Мекинро, со кого Ѓоковиќ имаше необичен однос во текот на кариерата. Мекинро прво го бранеше, па го критикуваше, а неодамна присуствуваше на промоцијата на документарен филм за кариерата и животот на „најголемиот на сите времиња“ – што сугерира дека односите меѓу нив се подобрени. Затоа, можеби вреди да се слушне што има да каже тој..

„Како прво, Новак Ѓоковиќ има 39 години, што во тенисот – вклучувајќи го и мојот случај – е далеку над границата до која стигнуваат повеќето играчи. Не сакате да дојдете во ситуација во која се прашувате: ’Зошто престанав, кога можев да освојам уште нешто?‘ Токму со тоа се соочува Новак во моментов“, изјави Мекинро, предвидувајќи дека Ѓоковиќ ќе ја заврши кариерата следната година.

„Тој стигна до финалето на Австралија Опен и веројатно размислува: ’Можеби можам да освојам уште една титула‘. Дали ќе се пензионира во 2027 година? Изгледа дека тоа би можело да се случи наскоро. Би рекол дека е сосема реална можност, но сепак – почекајте уште малку.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер