Мицкоски: Идната коалиција ќе биде на база програма со програма, тој принцип не го менуваме

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска порача дека по изборите се можни разговори за коалицирање со сите политички партии, но според принципот  програма со програма, којшто, како што рече, не планираат да го менуваат.

– Животот не е игра, во животот има принципи кои ако еднаш се прекршат тогаш веќе не се принципи. И во име на тоа можам да ви кажам дека политиките што ги води ВМРО-ДПМНЕ се темелат на принципи и бидејќи овој принцип еднаш е прекршен во едно ТВ интервју веќе кажавме дека идната коалиција ќе биде на база на програма со програма и тој принцип не го менуваме, рече Мицкоски, коментирајќи ја можноста за коалицирање со Демократската унија за интеграција (ДУИ) од каде што пак најавуваат коалицирање на на партиите што ќе бидат победници во македонскиот и во албанскиот политички блок.

За коалицирање, истакнува Мицкоски, доаѓа во предвид секој оној чијашто политичка програма ќе биде компатибилна со програмата на ВМРО-ДПМНЕ за којашто ќе се согласат на принципиелна основа и така ќе функционираат следните четири горидини.

– Ако во еден оркестар свирите на различни ноти, тогаш логично е дека оркестарот нема да биде допадлив за ушите на слушателите. Затоа велам, ако тие програми без оглед на која политичка партија се, допрат со програмите на ВМРО и обратно, не треба тоа да биде еднонасочна улица, сите политички партии доаѓаат во предвид, вклучително и ДУИ, прецизираше Мицкоски.

Размислуваат, наведе, да освојат 61 пратеник на 12 април, според нивните анализи се многу блиску до таа бројка. А веднаш по завршување на избороте, вели, се возможни разговори со сите политички чинители во државата вклучително и со новата коалиција меѓу Алијансата на Албанците и Алтернатива.

Според Мицкоски, како ќе заврши случајот „Рекет" не зависи од политичарите, туку од судството и обвинителите. Забележува дека никој во државата не се одважил да го повика доскорешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев да даде исказ што се случувало.

– На целата јавност и е јасно дека Зоран Заев и Катица Јанева другарувале во минатото и оти нивните потези се резултат на тоа другарство. Зошто тоа другарство и на кој начин престанало претпоставувам дека е една од причините е и случајот „Рекет". Од друга старана Заев другарувал и со сопственикот на медиумот, односно бил толку непосреден со него што дури го советувал и прашувал од каде му средства да го финансира медиумот. Бил свесен за активностите на Меѓународниот сојуз којшто работел со локални бизнисмени во државата, а не гледам дека Заев е повикан во случајот Рекет 2 да сведочи за тој Меѓународен сојуз за да на крај и самиот признае дека ја помагале телевизијата на начин на којшто ја помалаге во тие месеци.Никој во државата не се одважи да го повика Зоран Заев да даде исказ што се случувало, рече Мицкоски во коментар на последната разврска на судскиот процес за „Рекет".

Како што дополни, јасно се гледа контурата на главата на октоподот за што тој нема дилема кој. Видовме, рече Мицкоски, дека дури и оние лица кои располагале со ПИ мерките кога виделе каде се упатува Јанева престанале да снимаат.

– Видовме оние кои го снимале веќе осудениот Зоран Милевски кога оди на средба кога виделе со кого ќе се сретне престанале да снимаат. Така што, очигледно ова е семејна професија, како понатаму ќе заврши овој случај не е до нас политичарите, туку до судството и обвинителсвото. Ако заврши како што треба јасно се знае каков треба да биде епилогот, а ако не нема да бидеме на 106.место на листата на Транспаренси интернешнл , туку на 160, рече Мицкоски.

Во коментар на најавите за префрлање на вработени од јавен во приватен сектор нагалси дека не соодветствува, како што тврди, вработување на 6 000 лица во предизборието, со зборовите на ресорниот министер за дигитализација./МИА

МВР со оперативен план ќе се грижи утрешниот изборниот ден да помине во мирна атмосфера

Сите сектори во Министерството за внатрешни работи се целосно подготвени за утрешното гласањето за  парламентарните и вториот круг од претседателските избори да помине во најдобар ред. 

Портпаролот на МВР Тони Ангеловски информира дека како и за првиот круг и претходните изборни циклси избори така и за овие формиран е посебен оперативен штаб кој е насочен кон реализацијата на изборниот процес.

Во меѓувреме, Јавното обвинитлство постапува по однос на пријавата на полицијата откако поради сомнеж за изборен поткуп вчера беа уапсени две лица од селото Мелница, општина Чашка. При претресот во нивните домови полицијата пронашла оружје. Кај , 52 годишниот И.И. биле пронајдени и одземени еден пиштол со две рамки, 58 куршуми и 4 зрна-испукани проектили кои ги поседувал без дозвола, како и копија од преглед на гласачи за изборно место во Чашка. Кај вториот осомничен, 50 годишниот А.Ч. биле пронајдени и одземени три пиштоли со една рамка и 139 куршуми.

Овој случај ќе биде дел од сумарниот извештај со податоците меѓу двата изборни циклуси, кој утре ќе го презентира привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела против изборите и гласањето, велат од Јавното обвинителство. Од таму информираат дека граѓаните можат да пријавуваат секакви сомненија за кривични дела поврзани со изборите на електронската адреса [email protected], а граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право и кај Народниот правобранител на бесплатната телефонска линија 0800 54321, како и лично во канцелариите на Обудсманот.

За изборите утре акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи

Пет години по последните претседателски и четири години од последното гласање на парламентарни избори, Македонија избира нов шеф на државата и пратеници за следниот собраниски состав. 

Државната изборна комисија е целосно подготвена за двојниот процес, велат оттаму, но потсетуваат дека за разлика од вообичаените изборни циклуси, сега важат поразлични правила на самите избирачки места. Овојпат за да биде разграничена излезноста, преку која ќе се знае дали е исполнет неоходниот цензус од 40 отсто за претседателски избори, гласачот ќе добие прашање - дали сакате да гласате за претседателските, за парламентарните или за двата процеса?

-Државната изборна комисија е подготвена да го спроведе изборниот процес. Веќе после 19 часот ќе имаме некои првични неофицијални информации коишто ќе се соопштуваат на пресконференција. Граѓаните кога ќе пристигнат на избирачкото место ќе треба да се одлучат за кои вид избори сакаат да гласаат, за парламентарни, претседателски или за двата вида на избори и соодветно на тоа ќе добијат гласачко ливче според изборот којшто го направиле,-Радица Тодоровска Алексовска – портпарол на ДИК.

На вториот круг од претседателските избори, исто како и за првиот круг на 24 април, право на глас имаат 1 814 317 избирачи кои овојпат избираат меѓу двајца кандидати. За изборите да бидат прогласени за успешни, на гласање треба да излезат најмалку 725 илјади избирачи.

За парламентарните пак, избирачкиот список е подолг за 1033 гласачи, а ќе може да бираат меѓу 17 пратенички листи. Од Државната изборна комисија појаснуваат дека причината за поголемата бројка на гласачи е поради лицата кои наполниле 18 години помеѓу двата претседателски круга и согласно актот за распишување на изборите, тие немаат право да гласаат за претседател, туку само за нов пратенички состав.

За овие двојни избори се акредитирани 2000 набљудувачи, како и бројни новинари од кои 66 се од странски медиуми.

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ

право на глас 1.814.317 ГРАЃАНИ / цензус 40%

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

право на глас 1.815.350 ГРАЃАНИ

Денеска гласаат осудениците, болните и лицата во старските домови

Двојните изборите започнаа за дел од граѓаните, затворениците во КПД Идризово, утринава од 7 часот веќе ги спуштија првите ливчиња во гласачките кутии.

Од затворските ќелии, во групи со полициска придружба и во комбиња ги носеа во кантината каде си ја исполнија граѓанската должност.

Во групи од по 10 лица, затворениците еден по еден застанаа пред избирачкиот одбор да си го земат своето ливче и да си го остварат правото на глас на еден ден пред изборите.

Во овој затвор правото на глас денеска го остваруваат 887 гласачи од 80 општини, а до 11 часот демократското право го оствариле 250 лица. Од одборот велат гласачкото место почнало со работа во 7 часот, а се затвора во 19 часот, а објаснија и како се одвива процесот.

-Дојдовме вчера, дистрибуиран е со асистенција од полиција, во посебна просторија беше заклучен материјалот, како го оставивме, така го затекнавме, ги наместивме материјалите и почнавме. Ние ги прашуваме дали сакаат и за едните и за другите избори, тие си ги земаат двете ливчиња, кој сака гласа, кој сака го остава празно или ко пречрктува,- изјави Зоран Петровиќ – Член на избирачки одбор - КПД Идризово.

Во останатите затвори во земјата, гласаа над 1200 затвореници, а според информациите, секаде гласањето се одвива без никакви проблеми.

-Го отворивме точно на време, во 7 часот имаме 206 гласачи и по двата избирачки списока, за претседателски и парламентарни избори и досега има излезеност,- Адријана Хаџи Николова – член на избирачки одбор – КПД Штип.

Својот глас денеска го даваат и болните и немоќни лица во домашни услови, поради не можноста да се појават на гласачките места. Ширум земјава од нив 11.095 се пријавиле дека ќе гласаат на претседателските, додека пак 11.197 ќе гласаат на парламентарните избори.

Митра Арсова од Штипско за прв пат во своите 81 година нема да гласа на избирачко место, но вели, демократскиот процес мора да се испочитува, па дури и во домашни услови..

Треба да се излезе на гласање, се знае гласање е, треба да се излезе.

Денес ја спроведуваме постапката за гласање на болни и изнемоштени лица на избирачко место 228 на железничка станица, по избирачки список имаме тројца болни и изнемоштени лица и веќе за голем дел од нив е извршено гласањето,- Избирачки одбор – Штип.

Денека се гласа и во домовите за возрасни, каде 534 лица пријавиле дека ќе гласаат на двојните избори. Во тек е и гласањето на дијаспората, таму гласот ќе го дадат 2569 лица кои имаат право да гласаат само на претседателските избори... За парлемнатраните нема да гласаат бидејќи немаше доволно пријавени за да се исполни условот од изборниот закон.

притисни ентер