Мицкоски: Идентификувани 20-тина лица поврзани со пожарите - Канал 5

Мицкоски: Идентификувани 20-тина лица поврзани со пожарите

„Па јас сега не би навлегувал во првичната конструкција дека ме демантирал министерот за внатрешни работи, видовте утрово, се појави јасна снимка како се случува подметнување пожар во објект којшто изби утрово во 04:30 часот.

Мицкоски: Идентификувани 20-тина лица поврзани со пожарите

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на повторно подметнатиот пожар во Скопје и изјавата на министерот за внатрешни работи во кој демантираше дека постојат луѓе што палат, изјави:

„Па јас сега не би навлегувал во првичната конструкција дека ме демантирал министерот за внатрешни работи, видовте утрово, се појави јасна снимка како се случува подметнување пожар во објект којшто изби утрово во 04:30 часот. Бев континуирано на линија и со градоначалникот на Општина Кисела Вода и со министерот и со луѓето од противпожарната единица на Град Скопје.

Видовте како дрско се подметнува пожар и тоа е само уште еден доказ за тоа што го зборувам цело време, дека за жал, постојат центри на моќ коишто се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните пред изборите. И одговорот на прашањето кому тоа му одговара, мислам дека со една многу кратка анализа ќе го добиете самите, ако направите.

Денеска додека сум јас во Јегуновце, заседаваат врвот на структурите на Министерството за внатрешни работи. Идентификувани се околу дваесетина лица за коишто постои засновано сомневање дека стојат позади целиот овој процес. Истовремено имавме одредени дојави коишто ги собиравме изминативе денови и во координирана акција, Министерството за внатрешни работи со Министерството за животна средина, ќе постапува во деновите коишто следат. Така што, еве за жал, има структури коишто на ваков, би рекол, начин се обидуваат да внесат нестабилност и немир.

Но како што кажав, тие ќе конструираат, ќе лешинарат, ќе подметнуваат, ние чесно ќе работиме, ќе се бориме и на крај повторно ќе победиме, “ изјави премиерот Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова

Има пропусти во делот на лекувањето на 19 годишната родилка од струмичкото село, Баница Станка Михајлова која била породена во штипската болница со царски рез, дознава Канал 5 од извори во министерството за здравство.

Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова

Она што било констатирано во извештајот на ДСЗИ е дека дежурниот гинеколог од струмичката болница не го повикал анестезилогот во болницата за царски рез, туку ја препратил родилката во штипската болница, каде била породена со царски рез, каде имало одредени пропусти, дознава Канал 5. Од министерството за здравство потврдија дека ДСЗИ завршил со инспекцискиот надзор во сите здравствени установи каде била прегледувана родилката. Исто така се чека и извештајот на комисијата за стручен надзор составена од лекари специјалисти по неврологија, анестезилогија, гинекологија, радиологија и неврохирургија.

-Со цел да се обезбеди целосна, независна и објективна стручна процена, министерот за здравство побара во комисијата за стручен надзор да биде вклучен и медицински експерт од соседна држава. Тој ќе учествува во разгледувањето на целокупната медицинска документација на пациентката и во изготвувањето на стручното мислење за преземените дијагностички и терапевтски постапки. По завршувањето на стручниот надзор, Министерството за здравство ќе ја информира јавноста за наодите и заклучоците,- министерство за здравство.

За здравствената состојба на Михајлова проговори на нејзиниот свекор кој објави видео и изјава каде објаснува дека еден месец по царскиот рез неговата снаа не може да оди и покрај лекувањето на клиниката за неврологија и е во инвалидска количка.

Од платформата за родова еднаковст бараат независна истрага за овој случај и надлежните институции да обезбедат независна и трнспарентна и стручна постапка за утврдување на сите околности поврзани со случајот каде 19 годишната жена по породувањето остана во инвалидска количка со сериозни здравствени последици.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа

Гринпис и холандската невладина организација ПАКС предупредија за ризик од сериозна еколошка катастрофа по појавата на нафтена дамка на отворено море крај природен резерват во Оман.

Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа

Нафтената дамка покрај Оман се зголемила од 20 квадратни километри на 24 јули на приближно 600 квадратни километри на 4 август, покажуваат сателитските снимки. Експертите предупредуваат дека распаѓањето на бродот може да предизвика регионална еколошка катастрофа и да ги погоди рибарите.

Како извор на истекувањето се посочува танкерот „Каролин Безенги“, кој во мај натоварил еден милион барели нафта на рускиот црноморски терминал Шесхарис.

Обединетото Кралство во февруари го стави танкерот под санкции поради сомневање дека превезува руска нафта.

На 6 јуни бродот го потресле три експлозии, кои ги онеспособиле моторот и управувачкиот механизам и поплавиле повеќе оддели. Причината не е утврдена, а екипажот бил безбеден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Узбуна во Келн, наредена итна евакуација! Пронајдена огромна бомба

Узбуна во Келн, наредена итна евакуација! Пронајдена огромна бомба, вработените во двете најголеми тв-куќи преместени на безбедно! 

Узбуна во Келн, наредена итна евакуација! Пронајдена огромна бомба

Во германскиот град Келн е пронајдена американска бомба од Втората светска војна, поради што е наредена евакуација на дел од градот, вклучително и на седиштата на телевизиските станици RTL и NTV.

Бомбата е пронајдена во реката Рајна, во близина на паркот „Рајнпарк“ во квартот Дојц, а експертите планираат да ја отстранат и деактивираат во текот на денот.

Поради опасноста, градските власти на Келн воспоставија зона за евакуација со дијаметар од 400 метри околу местото каде што е пронајдена бомбата.

Жителите, како и вработените во компаниите и институциите лоцирани во таа област, мораа привремено да ги напуштат зградите. Меѓу нив беше и големиот емитувачки центар на телевизиските компании RTL и NTV.

Поради вонредната ситуација, беше изменета и програмата на RTL. Вечерната информативна емисија „RTL Aktuel“ не се емитуваше од Келн, туку од студио во Берлин.

Истовремено, дневната емисија „Punkt 12“ првично продолжи да се емитува според планот и се водеше во живо сè додека тоа беше можно. Надлежните служби соопштија дека станува збор за американска авионска бомба тешка околу 250 килограми, која потекнува од периодот на Втората светска војна.

Специјалистите за отстранување експлозивни направи го одредија моментот за почеток на деактивирањето во зависност од брзината на евакуација на населението и целосната евакуација на загрозеното подрачје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер