Мицкоски: И во победа и во пораз сме заедно, главата горе момци!

Премиерот Христијан Мицкоски по поразот од Холандија, ги бодри нашите ракометари на СП.

„И во победа и во пораз сме заедно, главата горе момци! Одиме понатаму, по следен триумф, за кого???

За Македонија!“ , објави Мицкоски на ФБ.

Уставниот суд поведе постапка за оценување на стажот на членовите на Советот на ЈО

 Уставниот суд на Република Македонија донесе одлука да поведе постапка за оценување на стажот на членовите на Советот на јавни обвинители кои се избрани од редот на јавните обвинители. 

Оваа одлука е резултат на иницијативата поднесена од обвинителката Ленче Ристоска, која го оспори Член 4 став 7 од Деловникот за работа на Советот. Според оспорената одредба, мандатот на овие членови се смета за позитивно оценет јавно-обвинителски стаж, освен во случаи предвидени во член 35-а од Законот за Советот на јавните обвинители.

Во иницијативата е наведено дека оспорената одредба е во спротивност со Амандманот XXX од Уставот, членот 7 од Законот за Совет на јавни обвинители и членовите 36 и 62 од Законот за јавното обвинителство. Подносителката наведува дека за времетрањето на мандатот, членовите на Советот на јавни обвинители избрани од редот на јавните обвинители не вршат јавно-обвинителска функција и не може да бидат оценувани, односно тие во конкретниот период не може да реализираат „позитивно оценет јавно-обвинителски стаж”. Се тврди дека станува збор за прашање кое не може да се уредува со Деловник, бидејќи изворно не е уредено со законски пропис, па се остава впечаток дека членовите сами си доделиле право и поволност кои Законодавецот не им го гарантирал. Од ова придобивка имаат самите членови кои по завршување на мандатот во Советот на јавни обвинители се унапредени во повисоки позиции во јавните обвинителства, се наведува во иницијативата.

Во врска со иницијативата за Изборниот законик со која се оспорени членовите 17 и 18 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, која што, исто така, беше на денешната седница, како што соопштуваат од Уставен, немало мнозинство бидејќи гласањето било изедначено поради отсуство на судијката Ана Павловска Данева. Ќе се гласа повторно на следната седница.

Подносителите на иницијативата Лилјана Поповска, Ѓорѓи Танушев, Костадин Ристоманов, Стојанчо Велков, Невена Георгиевска, Татјана Стојановска, Дејан Димитровски, Драгана Велковска, Горјан Јовановски, Јана Белчева-Андреевска, Јане Димески преку полномошник адвокатска канцеларија Петрушева, сметаат дека со оспорените членови се прави измена на членовите 61 и 62 од Изборниот законик, кои се однесуваат на условите за поднесување листи на независни кандидати за пратеници, како и за членови на совети и градоначалници. Се тврди дека е драстично подигнат прагот за поднесување на независни граѓански листи на изобри на 1 отсто од гласачкото тело, што според нив предизвикува нееднаква положба на граѓаните при здружување во иницијативни групи за поднесување на независни листи за учество на изборите. Се наведува дека овие измени создале нееднаквост на граѓаните и дискриминација во корист на партиите, имајќи предвид дека секоја партија која исто така претставува група граѓани, може да поднесе листи со кандидати, а е регистрирана со 1000 гласачи. Дополнително, според подносителите спорно е што измените се донесени во нетранспарентна и скратена постапка, без претходни консултации и јавна расправа.

Баро: Русија одлучи ЕУ да и биде непријател

Шефот на француската дипломатија Жан Ноел Баро денеска изјави дека Русија одлучила да направи непријател од Европска Унија и оти да Европа мора да ја сфати заканата и да се заштити од истата.

Баро го потврди ставот на францускиот претседател Емануел Макрон, кој на вчерашниот самит во Париз, истакна дека Русија претставува егзистенцијална закана по Европа.

Тој, исто така, наведе дека сега не е актуелно испраќање на трупи во Украина, но оти тоа ќе биде откако ќе престанат непријателствата.

Ако еден ден бидат испратени војници во Украина, без оглед дали европски или американски, тоа очигледно ќе биде еден вид гаранција за мир. Нивната цел нема да биде да одат таму и да се борат, туку да спречат да продолжи конфликтот, потенцира Баро.

Шампион со долг опсег: Новиот Grandland Plug-in Hybrid

Новиот Opel Grandland импресионира со својот атрактивен стил, револуционерни технологии, паметни решенија, многу простор и целосно електричната палета.

- Полн резервоар за гориво и батерија: новиот грандиозен SUV може да помине 1,115 km.

- Новиот SUV на тест: со plug-in hybrid во GS ниво на опременост може да поминете 380 km на електрична енергија без емисии, со едно полнење благодарение на регенеративното сопирање.

- Идеален за флотна продажба и физички лица: погон совршен за секој кој сака да патува на електрична енергија и сака да помине повеќе километри на особено ефикасен начин за заштеда на ресурси.

Grandland Plug-in Hybrid. Тимот на главниот инженер Dirk Kaminski, задолжен за Grandland, сега го стави на тест паметниот концепт на plug-in хибридниот погон. Неверојатните резултати ќе ги импресионираат компаниите и возачите на долги релации.

„Вредностите според WLTP се јасни: според официјалниот тест циклус, новиот Grandland Plug-in Hybrid овозможува опсег (комбинирано) до 897 km, од кои до 87 km на електрична енергија“, изјави Dirk Kaminski. „Но помисливме: ајде да видиме што навистина може да направи автомобилот. Нашиот нов грандиозен SUV дефинитивно ќе ја пробие границата од 1.000 km со полн резервоар за гориво и батерија. Да не заборавиме дека, Grandland е целосно произведен во Германија и излага од производната лента во ултрамодерната фабрика во Eisenach. Го ставивме на тест во услови кои се реално и полоши отколку во официјалниот тест циклус.

Од полн до потполно празен: поминати 1.115 km под неповолни услови

Додека вредностите според WLTP се одредуваат на температури од околу 23оС, новиот Grandland Plug-in Hybrid тргна на ветровито и дождливо јануарско утро на свежи 11оС. Соодветно за сезоната со зимски пневматици од 19 инчи наместо летни пнематици со помал отпор на тркалање и во комплетното GS ниво на опременост. Единствениот услов беше: „SUV возилото да има полн резервоар за гориво и целосно наполнета 17,9 kWh батерија. Возиме сè додека не се испразнат резервоарот за гориво и батеријата“.

Рlug-in hybrid возилото ги комплетира типичните возни рути од областа Rhine-Main околу Риселсхајм и Франкфурт до областа Rhine-Neckar и назад. Рутите вклучуваа автопат со слободно одвивање на сообраќајот, со сообраќајни застанувања и сообраќаен метеж, како и рурални патишта и градски сообраќај, вклучително и застанувања на семафори. Реален тест што ги одразува вистинските секојдневни барања на многу возачи на службени автомобили.

Резултатот или растојанието што Grandland Plug-in Hybrid, кој испорачува моќност од 143 kW (195 КС) и 350 Nm максимален вртежен момент, го постигна со само едно полнење на резервоарот и на батеријата, ги надмина очекувањата на тимот на Opel: со просечна брзина од 80 km/h и високо ефикасна вкупна просечна потрошувачка на гориво од 4 km на 1 km. Новиот SUV помина вкупно 1.115 km во четири етапи (прекинати со паузи за исполнување на законските услови за придржување до времето на возење). Plug-in Hybrid возилото извозе нешто повеќе од една третина од вкупното растојание, или поточно 380 km, на електрична енергија и без емисија на штетни гасови.

„Фактот што Grandland постигнува такви извонредни вредности под овие околности, а на крајот на тестот температурите се спуштија на само 4оС, уште еднаш потврди дека создадовме автомобил кој е револуционерен во секој поглед со погонски концепт кој е целосно погоден за секојдневна употреба. Високо ефикасниот мотор со внатрешно согорување и електромоторот работат во совршена хармонија“, рече Kaminski. „Повеќе од тоа: секој пат кога ќе забавите, погонската единица се префрла на електрична енергија. Ова е можно затоа што регенерираната енергија се користи за електрично напојување на автомобилот што значи дека долгите дестинации може да се поминат со мали и средни брзини без емисии.

‘Greenovation’ à la Opel: SUV кој овозможува заштеда на ресурси

Затоа, новиот Opel Grandland Plug-in Hybrid е идеален избор за возење на електрична енергија при извршување на секојдневите активности, како службено возило за поминување на долги релации и за возачи кои сакаат да бидат особено ефикасни во однос на ресурсите и да не се вознемируваат за опсегот. Не само употребата на рециклирани материјали и отсуството на хром покажуваат што значи пристапот ‘Greenovation’ на Opel и одржливоста кај новиот грандиозен SUV. Тоа импресивно го покажуваат и резултатите од тестот.

Бројните други квалитети кај целосно новиот Grandland ги прават секојдневните службени патувања, како и долгите патувања уште попријатни: ергономските седишта сертифицирани од Aktion Gesunder Rücken e.V. (AGR) обезбедуваат опуштено задоволство при возење. Патентираната ергономска карактеристика Intelli-Seat е стандардна кај сите предни седишта. Со технологии како што се Intelli-Lux HD светлата без отсјај, предниот екран Intelli-HUD или осветлената, проѕирна Pixel Box, возачите на Grandland се совршено опремени.

На крајот од тестот, останува едно последно прашање: кое растојание би можело да помине новиот Grandland Plug-in Hybrid со полн резервоар и полна батерија под идеални услови за тестирање (на пример, на почетокот на летото)? Увидот што ние како тим го добивме до досега се извозени 1.115 km: под оптимални услови, сигурно би било можно уште повеќе“, рече Kaminski.

За повеќе информации и нарачки на новиот Opel Grandland обратете се во Еуроимпекс или дилерската мрежа.

притисни ентер