3Таткото на Меган Маркл се соочува со тешки обвинувања за силување деца, синот тврди дека пронашол снимки (ВИДЕО)
МакедонијаМицкоски: Граѓаните да пријавуваат ако им се бара мито – зашититени нема да имаВчера беше побаран притовор за помошник директорот во Царинската управа Џевер Имери, кој завчера беше фатен како прима мито. По случаите за примање мито од помошник директорот во Царинската управа Имери и и од возачот на генералниот секретар на Владата, премиерот Христијан Мицкоски откри дека во моментот се следат уште неколку случаи за кои постои соменвање за системска корупција во институциите. Не прецизираше за колку точно случаи станува збор и за кои сектори се работи, но посочи дека ваквите коруптивни дејствија низ иснтитуциите мора да бидат искоренети. Уверува дека случаи на висока корупција нема и порача дека секој кој се огрешил ќе одговара. „Следиме неколку случаи и чекаме тие тоа што го побарале од странките да се дрзнат да го земат. Еве однапред кажувам и ги повикувам сите граѓани кои што ќе бидат жртва на било каква системска корупција да пријават без исклучок секој ќе биде санкциониран. Еве, јавно го кажувам тоа“– Христијан Мицкоски, претседател на Влада Мицкоски најави и дека наскоро ќе биде отпочнат проект за пријавуавње корупција во соработка со Транспаренси Интернешанал. Граѓаните ќе можат на отворен број да пријавуваат доколку некој им побара мито. Во однос на случаите со барање на мито во Царинската управа и во СОЗР, премиерот вели дека не биле пријавени од граѓани во Обвинителството за оранизиран криминал но не сакаше да коментира за, како што рече, да не влијае на истрагите. Вчера беше побаран притовор за помошник директорот во Царинската управа Џевер Имери, кој завчера беше фатен како прима мито. Според истрагата на ОЈО ГОКК во периодот од април/мај до септември годинава Имери користејќи ја својата службена положба во повеќе наврати побарал и примил вкупно 17.500 евра. Тој по преземањето на парите се обиде да и избега од полицијата, но набрзо беше фатен и успасен. За примање мито пред една недела беше успасен и возачот на генералниот секретар на Владата Д,Ц кој барал поткуп од 1.500 евра за посредување при вработување на пожарникар во Град Скопје. Беше фатен на лице место при примопредавањето на 500 евра обележани пари. Веднаш по настанот, ген.секот на Влдата Јанушев целосно се огради од возачот и посочи дека за неговото незаконско постапување треба да оговара пред надлежните инстутуции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
Црна хроникаДвајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрогаАкциска контрола во угостителски објект во Тетово, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово и од мобилниот тим „Task Force“ во координација со претставници од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во угостителски објект во Градскиот трговски центар во Тетово. Притоа, пред објект бил затекнат М.Р.(48) од Тетово и при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, по што е лишен од слобода. Додека, внатре во објектот, кај сопственикот Ј.Т.(54) од село Требош биле пронајдени 15 пакувања со бела прашкаста материја, по што и тој е лишен од слобода. Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Муцунски ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 23 Октомври Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.По повод празникот, министерот Муцунски истакна дека 23 Октомври е потсетник на идеалите за слобода, самостојност и државотворност и ден на почит кон генерациите што го трасирале патот кон современата македонска држава. „Наша обврска е тие идеали да ги чуваме со достоинство и да градиме силна, стабилна и меѓународно почитувана држава, одговорно водејќи ја кон напредок и нови достигнувања“, порача Муцунски. Свои на своето – нека е честит Денот на македонската револуционерна борба!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаДвајца кумановци нападнаа повозрасен маж за да го принудат да земе брз кредит, уапсени се Лишени од слобода две лица од Куманово, физички нападнале и ограбиле повозрасен маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит од финансиско друштво.На 22.10.2026 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода 45 - годишната С.Б. и Р.Т.(52) од Куманово. Според пријавеното, С.Б. измамила и повикала во својот дом 64-годишен маж наводно за да ѝ помогне да купи мобилен телефон, а кога пристигнале во дворот Р.Т. физички го нападнал, а таа му одзела пари и телефон . Како што е пријавено, после тоа го принудиле да отиде во финансиско друштво за да подигне брз кредит, но тој успеал да ѝ сигнализира на вработената дека е принуден да го прави тоа, по што повикала полиција. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook