3Холандскиот премиер се обидува да го спречи распаѓањето на владата поради спорниот данок на богатство
МакедонијаМицкоски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со сопствени сили ги решаваа проблемите без ниедна афераГрадоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со сопствени сили ги решаваа проблемите, 4 години потоа највредна работа е што немаат ниту една афера зад себе со која ќе донесат срам.Честа е огромна да се присуствува на политичкиот саем кој е одговор на прашањето што работеа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата последните 4 години. Тоа за нас претставува и огромна одговорност, затоа што не бегаме од сите наши решенија, од целата наша работа, и од проектите кои ги направиме изминатите 4 години. Вредноста на една личност не се состои од зборовите, туку од делата, не од памфлетите, туку од енергијата вложена за постигнување на успех. Притоа образот и честа се најскапата работа која може да се задржи, и за која нема манипулации, лажења, ниту неискрен однос. Поважно од се е стоечки, исправено и со гордо крената глава да кажеме дека поминавме низ еден тежок период каде во исто време ги вадевме општините од бездната во која беа, после едно долгогодишно запоставување и решававме проблеми на граѓаните. Од тие 4 години, 3 години секој еден градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата имаше централна влада која немаше слух и имаше поинакви и други приоритети на чија листа не беа локалните проблеми на граѓаните. Со сопствени сили, без партнерски однос со владата, општините и градоначалниците ги решаваа проблемите. Минувавме сами, без помош каква треба да има од сопствената влада, низ секоја непогода, пожар, поплава, блокирани сметки какви затекнаа по последните локални избори, измамени граѓани. Многу добро ги паметам часовите и часовите поминати во состаноци, наоѓање решенија, телефонирања од мојот кабинет за да помогнеме, да се премостат проблемите. Многумина помогнаа, многумина се заложија. 4 години подоцна можам да кажам дека одговоривте на дадената доверба, го задржавте вашиот образот, образот на ВМРО-ДПМНЕ И коалицијата пред граѓаните. 4 години потоа највредната работа е што немате ниту една афера зад себе, ниту еден криминален случај, и ниту една работа со која ќе донесете срам, кон партијата, кон вашите семејства и најважно пред граѓаните. Ова го споменувам бидејќи навиките и искуството од минатото говорат за огромната надменост, бахатост, многу криминални зделки која нанесуваа срам и голема дамка врз општините и неодговорност спрема граѓаните. Покажавме дека 4 години работиме за секој еден човек, и дека програмата која ја ветивме во најголем дел вие ја остваривте. Покажавте срце и енергија за вашите општини, со секоја промена која ја направивте. Ги вративте вашите општини на вистинскиот пат, патот на промените, инвестициите, на градењето паркови, улици, градинки, училишта. Одговорно и посветено. Работливо, без ветување на чуда, но со многу ентузијазам и сите атоми на енергија вложени за градење на подобра општина и обезбедување на подобра иднина. Најважно е што останавте луѓе врз кој можат да се потпрат граѓаните. Запомнете, и тие што ќе ја добијат довербата повторно, останете човекот врз кој можат граѓаните да се потпрат. Нивниот глас, и нивната рака во општината. Борци за нивните права, за нивните решенија на проблемите. Мора да се имаме едни со други. И за секој еден збор што го кажувам подготвен сум да зборувам со дела, одговорно и со бројки. Во изминативе 4 години изградивме и реконструиравме улици, булевари, патишта во вкупна должина од над 770 километри во вкупна вредност од околу 100 милиони евра. Направени се 46,840 метри нови водоводи, изградени се канализации од должина над 91 илјади метри. Изградени или во завршна фаза на градење 7 пазари од затворен тип. Изградени или во завршна фаза на градење се 12 пречистителни станици. Во делот на образованието реконструирани и модернизирани се повеќе од 400 училишта. Поставени се фотоволтаици на поголем број на училиштата, обезбедена е бесплатна храна за децата од 1 до 5 одделение и обезбедено е бесплатно летување за децата од социјално загрозените семејства во голем број на општини, со доградба и реконструкција на училиштатата се воведе и еднодневна сменска настава. Реконструирани и модернизирани се над 70 детски градинки, а новоизградени се неколку десетици градинки за оваа цел се инвестирани повеќе од една милијарда денари. Завршени или во завршна фаза се 274 спортски игралишта или детски рекреативни терени. Изграден нов полузатворен градски пазар на површина од 1200 м2 со обезбедни паркинг места во Штип. После долги години изграден е нов покриен пазар во Велес. Во завршна фаза е изградбата на модерен градски пазар со простории за трговија, катна гаража и канцеларии во Радовиш. Изградена е пречистителна станица за отпадни води во с. Видовиште со финансиска конструкција од околу 2 милиони денари. Направена е изградба и реконструкција на 20тина повеќенаменски спортски и детски игралишта во општина Охрид. Во општина Демир Хисар изградени се две игралишта за кошарка и тенис. Во населба Илинден беше пуштен во употреба нов фудбалски терен. Изградени се спортски центри во Стајковци, Хиподром, Инџиково и Идризово. Вкупната инвестиција изнесува над 15.000.000 денари во општина Гази Баба. И во интерес на времето тука ќе запрам бидејќи можам да редам стотици и стотици проекти коишто во секоја една од општините се изработени. Има многу, многу вакви проекти за кои детално ќе говорат и градоначалниците во наредниот период. А за тоа како изгледа поддршката на централната Влада на општините најдобро се гледа од инвестираните 500 милиони евра за капитални проекти за локален развој за општините. За само една година по преземањето на одговорноста на централната влада се овозможи да се инвестираат 500 милиони евра за локален развој преку два јавни повици од кои на вториот повик имаше 887 од 80 општини. Само во овој момент се реализираат проекти по општините од над 100 милиони евра обезбедени од Владата. И таа поддршка ќе продолжи. Свесен сум и за сите недостатоци и големи потреби на граѓаните. Но, нашата работа е за секој еден граѓанин и навистина сум горд на постигнатото и на промените коишто ги правиме заедно. Драги пријатели, Прашањето кое го поставуваат и кое се однесува природно на тоа да кажеме од што сме незадоволни и има ли некоја грешка која беше направена во изминативе 4 години. Верувајте кога ќе правите објективна анализа, секогаш е изговорот дека можело повеќе да се направи. И веројатно тоа е точно, но мора и да ги знаете часовите поминати во работа, но и тоа што нашите градоначалници беа апсолутна опозиција на централната Влада. Веднаш ќе кажам дека друга грешка беше што веруваме дека некои луѓе ќе дадат многу повеќе од тоа што видовме. Тие луѓе иако сега не ја имаат нашата поддршка ниту се дел од нашата коалиција, свесен сум дека беа нашиот погрешен избор. И лекцијата морам да напоменам е научена. Жалам што за нив го вложив мојот личен кредибилитет, и колективно придонесовме да тие станат градоначалници. Не само што не ја оправдаа довербата која им ја дадовме, туку ги изневерија и нашите вредности кои сите останати градоначалници ги бранеа со работа и со дела изминатите 4 години. Но, секое искуство е драгоцено за да не се повтори грешката. И тоа нема да се повтори. Најважно е што сега одиме со сигурни кандидати и со сигурни луѓе кои непогрешливо ќе придонесат за развојот на општните и локалната самоуправа. Сакам и да испратам и пораки и за следните локални избори. На овие избори е сосема извесно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи убедливо и овие избори во најголем дел ќе се решат работите уште во првиот круг. Тука очекувам ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ да издвојуваат победа во најголемиот дел од општините уште во првиот круг. И тоа го говорат анкетите но и нашето чувство кое го имаме изградено врз нашето искуство од комуникацијата со граѓаните. Но сакам да кажам дека секоја победа мора да се заслужи со работа и со чесност. Нема простор за опуштеност, ниту за неоправдана ароганција. Тоа значи дека ние мораме да ја сработиме победата и да не ги разочараме граѓаните. А ние, и јас како човек во животот не сме добиле ништо незаслужено. Затоа мора да се стисне секоја рака, да се побара поддршка од секој човек. Затоа што луѓето на Македонија заслужуваат шанса каква ќе понудиме и избор кој ќе биде вистинскиот. Тоа се луѓето кои ги нудиме за кандидати за градоначалници и по мое искрено верување идни градоначалници. Секој еден кандидат ќе биде вашиот човек во општината. Вашиот одговор за решавање на прашањата кои ги мачат граѓаните. И секој еден кандидат мора да се држи до вредностите и принципите кои се се во животот на еден човек. Моралниот кодекс подразбира секогаш да кревате телефон на граѓаните, да решавате проблеми и да создавате подобра иднина. Имаме многу работа што не чека. Градоначалникот мора да биде прв меѓу еднаквите – слуга на народот, а не негов господар. Градоначалникот мора да биде работлив, чесен и достоен – човек што ќе ја носи довербата не со зборови туку со дела. Градоначалникот мора да биде секој ден со граѓаните – на улиците, маалата, меѓу луѓето. Прв да дојде на работа и последен да замине. Градоначалникот мора да биде транспарентен – секоја потрошена пара да биде јасна, секоја одлука да биде за општото добро. Градоначалникот мора да биде одговорен – затоа што секоја негова одлука го менува животот на илјадници луѓе. Градоначалникот мора да биде човек со морален кодекс – чесност, правичност, скромност и трудољубивост. И токму такви луѓе ни требаат. Не политичари што мислат на следниот изборен циклус, туку градоначалници што мислат на идните генерации. Не луѓе што ветуваат, туку луѓе што исполнуваат. Не оние што бегаат од проблемите, туку оние што ги решаваат проблемите. Само со такви градоначалници ќе изградиме градови во кои ќе сакаме да живееме, општини со коишто ќе се гордееме, и иднина што ќе биде подобра од денешнината. И само така ќе се направи разлика со оние кои во вашата општина и нашата Македонија ја однесоа во бездна. Секој еден човек во Македонија знае дека тие не се никаква алтернатива. Едноставно не се репер за она што сакаме заедно да го постигнеме. И затоа натпреварот наш ќе биде да ја поминеме летвичката која сега ја поставуваме. Без афери, без надмено, бахато однесување, со многу работа и многу труд. Без луксузирање туку со служење кон целите кои после 4 години работа мора да значат подобра општина и подобар живот за сите граѓани. Секое спротивно однесување ќе биде санкционирано, без двоумење и без потешкотија сите мора да знаат дека се еднакви пред законот и дека мора да се служи на народот. Воедно свесен сум дека целата наша огромна желба да ја менуваме кон подобро Македонија ја знаат и нашите противници, кои веројатно уште не се вратени од долгите летни одмори. Можеби тие спијат на увото дека времето работи за нив, но ние работиме за народот и сè додека тоа е така уште долго тие ќе бидат таму каде што се во опозиција. Но тоа им создава нелагодност и нервоза. И наместо борба со идеи и борба на концепти за развој нивната борба ќе биде изобилие со негативна кампања, борба во лажење и многу, многу конструкции и манипулација. И во таа смисла, тие и нивните прокси играчи нема дно кое нема да го пробијат. Но тоа нас не прави спокојни дека сме на вистинскиот пат и нема да потклекнеме, ниту пак тој процес на понуда на Македонија која оди напред и е повторно на народот и на вистинската страна е нешто од кое ќе се откажеме, напротив ќе продолжиме да го водиме заедно тој процес. И кога велам дека не се алтернатива, ние ќе се менуваме и надоградуваме и усовршуваме врз основа на потребите и барањата на граѓаните. Тие што добро ме познаваат знаат дека ниту една функција не е загарантирана ниту вечна. И затоа веднаш после овие избори ќе ги отвориме вратите на партијата за нови смени и за нови луѓе, и во Владата ќе има реконструкција и подобрување и поголема динамика на капацитетите. Веќе добро знаеме како може уште посилно и похрабро со зголемени потенцијали. Тоа не значи дека луѓето кои ќе бидат заменети биле лоши или немарни, но на Владата секогаш и треба подинамичен капацитет, уште посилно темпо за промените кои ги правиме. А ние се наоѓаме на патот на промените, на патот на градење на промени и за прв пат после долго време на градење заеднички успеси кои ќе донесат подобра иднина и шанса каква генерации и генерации млади луѓе чекаат. Дека сме на тој пат говорат и бројките од макроекономијата кои велат дека имаме зголемен извоз, зголемен БДП, раздвижена економија, раст на стопанството и времето на реално чувствување на овие резултати кај реалниот човек доаѓа. Не сум човек кој ги гледа работите од дистанца, и затоа промените во Владата ќе значат уште посилно темпо и уште поголеми заеднички успеси кои ќе оделотворат дека сме на правиот пат и граѓаните го направиле вистинскиот избор. Воедно и нема да се заборави дека на овие избори ќе се направат и на површина ќе излезат сè уште живите непринципиелни коалиции на криминалот, корупцијата и личните интереси. Еден човек ми вели го готвите ДУИ да ви биде партнер во Владата. Мојот директен одговор е ДУИ уште долго време ќе биде опозиција, затоа што досега не научи ниту една лекција. Не ги ставивме во опозиција за да без ниту една научена лекција се вратат на власт. Тие таму припаѓаат со нивниот коалициски пајташ во криминалот и ударите по Македонија СДС. Јас ќе бидам многу јасен и многу прецизен овие избори нема да бидат вратата на ДУИ во владата, и интригите и игрите од Зајас и Мала Речица нема да поминат. Македонија ќе им каже не на СДС и ДУИ и нема да се вратиме во минатото каде што здружно го грабаа РЕК, купуваа трговски центри среде Скопје, внучињата стануваа познати милионери, играа фудбалчиња по институциите, се удираа во гради дека владеат со Македонија а кога се смени владата усвет и мајка бежанија фатија за да не одговараат пред законот. И кога зборуваме за чесност и за одговорност во политиката, мора да ја откриеме и вистината за валканите игри што се подготвуваат зад кулисите. Повеќе од јасно е дека ДУИ и СДСМ имаат таен план, но не за народот, туку против народот. Тоа е сценарио мислено и координирано меѓу овие две партии – сценарио за хаос, за политичка магла и за манипулација. Со инфлација од независни кандидатури и фантомски листи сакаат намерно да го урнат изборниот процес, да го збунат гласачот, да ја изиграат демократијата и да ја заматат чистата слика на нивниот историски пораз кој што доаѓа. Но зад оваа игра не стојат само партиските штабови. Во таа намера, длабоката држава на СДСМ и ДУИ – нивните луѓе распределени во судството, во изборната комисија, во институциите – денес се во коалиција. Коалиција за да го спречи поразот што ќе им го донесе ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на локалните избори. Ова се добро познати работи на кои сме навикнати од нив. Тоа се нивните матрици – манипулација, подметнувања, измами. И затоа велам дека не само што не се промениле СДСМ и ДУИ, туку тие сакаат да докажат дека и непроменети можат повторно да го прелажат народот. Но, народот е мудар, народот е искусен. Тоа не е демократија, тоа е измама! Тоа не е слобода, тоа е диктатура прикриена со изборни ливчиња. Но сакам јавно да им порачам: за бадијала ви е! Народот ве прочита. Народот знае дека сте политички измамници, гробари на демократијата, слуги на криминалот и на своите лични привилегии. И токму затоа, колку повеќе магла создавате, толку посилна ќе биде светлината на нашата победа. МАКЕДОНИЈА ВИ ПАМЕТИ. МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ЗАБОРАВИ. И МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВИ ДОКАЖЕ ДЕКА Е ПОСИЛНА ОД ВАС И ДЕКА НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ЈА ПОТЦЕНУВА! ВМРО-ДПМНЕ е гаранција дека овој народ ќе ја врати иднината во свои раце, дека ќе ја врати правдата и редот и дека ќе ја закопа токму таа длабока држава која 30 години ја гуши државата. Затоа велам – да не дозволиме маглата да победи над вистината! Да не дозволиме измамата да победи над правдата! Ајде масовно, сите заедно, да ја обезбедиме победата на овие локални избори! И ние нема да чекаме изборите едноставно да дојдат, туку ќе излеземе со име и чест, со образ и понуда. Сакам да објавам дека партијата уште од понеделник го отпочнува процесот на пишување на програма за локалните избори. И на тие програми веќе работи тим од експерти на партијата, професори, експерти и луѓе од различни профили и со различни искуства. Но и ќе бидат вклучени граѓаните. Програмите за наредните локални избори кои се пишуваат ќе бидат одговорот на потребите за граѓаните и решенија за нивните проблеми. Ќе ги повикаме масовно да се вклучат во изработка на програмите и да предложат идеи, предлози, проекти или проблеми за кои ќе понудиме решенија. Тие програми нема да бидат памфлет, туку реален одговор за тоа што му е вистински потребно на народот. За таа цел граѓаните ќе може да предложат некоја идеја во отворените штабови на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата или на некој од штандовите кои ќе бидат на плоштадите низ градовите, или по електронски пат нa официјална електронска пошта која ќе биде јавно достапна. Акцијата која ќе се одвива во наредните денови под слоганот "Предложи! Вистинска идеја за вашата општина", тоа значи да се одговори на вистинската потреба на граѓаните, да се чуе нивниот глас во политиките кои ќе донесат резултати во наредниот период. Да се направи вистинскиот избор. Заедно можеме да победиме и заедно да изградиме иднина. Сите други детали од оваа акција ќе ги чуете на почетокот на следната седмица. Драги пријатели, браќа и сестри, Овој политички саем кој е новина на политичката сцена и проектите кои ќе ги чуете во наредните денови е гаранција за тоа што подржуваме и што заедно ќе направиме многу повеќе од тоа што го направивме до сега. Денес, мои сограѓани, стоиме пред еден избор кој нема да ја одреди само нашата сегашност, туку и иднината на нашите деца и идните генерации. Историјата нè учи дека најголемите промени никогаш не доаѓале лесно, но секогаш започнувале со една одлука, а тоа е вистинската одлука. Знам дека совршенство не постои. Совршените времиња никогаш нема да дојдат сами од себе. Но токму затоа, вистинската големина на еден народ е во тоа што и во тешкотиите, и во неправдите, и во пречките – не се откажува, туку продолжува да чекори. Македонија не е создадена за да се предава. Македонија е создадена за да се бори, за да победи, за да стои исправена и горда пред светот. Борбата за нашата татковина мора да продолжи. Затоа што таа борба не е само политичка, туку и човечка. Таа е морална. Таа е нашата должност. Ние сме должни да останеме на браникот на идејата за подобра Македонија. Ние сме должни да покажеме дека сме генерација која не се плаши од жртви, затоа што знае дека иднината вреди повеќе од удобноста на сегашноста. Да, пред нас ќе има искушенија. Ќе има сомнежи, ќе има луѓе кои ќе се обидат да ја потценат нашата сила. Но секој пат кога некој ќе рече „не може“, ние ќе докажеме дека можело. Секој пат кога ќе речат „завршено е“, ние ќе започнеме одново. Секој пат кога ќе посакаат да нè свиткаат, ние ќе покажеме дека македонскиот дух не се крши. Запомнете – нашата сила не е во поединецот, туку во заедништвото. Кога сме заедно, кога чекориме како еден, тогаш сме непобедливи. И тогаш, Македонија не е само земја на мапата – таа е симбол на верба, на победа, на борба. Затоа, денес браќа и сестри ви велам: време е за вистинска одлука. Време е за вистински избор. Избор кој нема да биде лесен, но кој ќе биде исправен. Избор кој ќе ја испише историјата со златни букви. И ако стоиме заедно, ако не се плашиме, ако веруваме – тогаш нема сила којашто ќе нè запре. Заедно ќе победиме. Заедно ќе донесеме резултати. Заедно ќе покажеме дека Македонија е поголема од сите предизвици. Нека од ова место се роди новата енергија, нека од оваа борба се роди нова надеж, и нека од оваа генерација се роди новата победа! Македонија ќе победи затоа што ние веруваме во неа. Пред нас е избор – и тој избор ќе покаже кои сме ние. Дали сме ќе повторам генерација што се плаши и се откажува, или сме генерација што верува и победува. Го знам одговорот. Јас верувам во вас. Јас верувам во македонскиот народ и сите граѓани, Македонци, Албанци Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и останати. Верувам дека заедно ќе бидеме пламенот што ќе ја осветли темнината, каменот што нема да се скрши од бури, реката што никој не може да ја запре. И затоа, време е да се донесе вистинската одлука! Време е да се направи вистинскиот избор! Да покажеме дека нема сила што може да нè сопре, нема темнина што може да нè изгасне, нема неправда што може да нè покори. Заедно ќе победиме! Заедно ќе донесеме резултати! Заедно ќе ја испишеме новата историја на Македонија! Нека живее надежта! Бог да ја благослови нашата Македонија!, рече премиерот Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаИзвадиле тигар од кафез за да снимат ТикТок видео- момче загина пред очите на татко му (Вознемирувачко видео) Деветнаесетгодишно момче почина од сериозни повреди откако беше нападнато од тигар во приватна фарма за диви животни во пакистанскиот град Лахор.По трагичниот инцидент, полицијата уапси три лица, вклучувајќи го сопственикот на фармата и добро познат корисник на TikTok. Животното ја загуби контролата Нападот се случил во среда вечерта на фарма во населбата Кана, кога, според полициското соопштение, корисник на ТикТок дошол на имотот за да снима содржина со тигарот. За време на снимањето, животното ја изгубило контролата и го нападнало 19-годишниот земјоделски работник Талха, кој претрпел повреди опасни по живот. Младиот човек бил однесен во приватна болница, каде подоцна починал, објавува Bild. Според локалните медиуми, тигарот претходно бил изнесен од кафезот за да снима видео содржина за социјалните медиуми. Во времето на нападот, животното било надвор од кафезот, врзано со долг синџир. Таткото и братот на починатиот млад човек, кој исто така работел на фармата, наводно биле присутни на нападот. View this post on Instagram A post shared by Arab News Pakistan (@arabnewspk) Покрената е кривична постапка Во жалбата поднесена од таткото на жртвата се наведува дека тигарот бил изваден од кафезот за да учествува во снимањето, што е забрането со прописите во пакистанската покраина Пенџаб. Чувањето големи мачки во таа покраина е предмет на строги правила. Животните мора да бидат регистрирани и микрочипирани, додека јавното прикажување на животни надвор од затворените простори е изрично забрането. По нападот, полицијата ги уапси сопственикот на фармата, Фејза, и TikToker-от, а трето лице подоцна беше приведено. Истражителите проверуваат дали сопственикот имал важечка дозвола за чување на тигарот, какви безбедносни мерки биле спроведени на имотот и дали имало небрежност што довела до смртта. Покрената е и кривична постапка. Властите запленија и 33 лавови Тигарот беше предаден на надлежните служби за заштита на дивите животни, додека, според пакистанските медиуми, од фармата беа запленети и 33 лавови. Медиумските извештаи наведуваат дека лиценцата за работа на фармата истечела во 2025 година. Полицијата истражува и вели дека по нападот, бил направен првичен обид сериозните повреди на младиот човек да се прикажат како резултат на напад од куче, а не од тигар. Сè уште не е познато кој се обидел да ги прикрие вистинските околности на инцидентот или од која причина. Истрагата за околностите на трагедијата е во тек.Тагови: тигар Тик Ток Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
БизарноТинејџери направија хаос на рингишпил- луѓето врескаат и летаат на сите страни (ВИДЕО)Полицијата во американската сојузна држава Џорџија соопшти дека двајца 13-годишници предизвикале застрашувачки инцидент на саемски рингишпил, во кој се повредени неколку лица, меѓу кои и две деца. Тинејџерите ги игнорирале предупредувањата да не се грабнуваат и влечат еден на друг за лулашките за време на возењето. Поради ова, како што се наведува, настанал „целосен хаос“ - патниците неконтролирано се свртеле и налетале еден на друг. Канцеларијата на шерифот на округот Колумбија изјави за локалните станици CBS WRDW и WKRC дека 13-годишните деца биле предупредени пред да започне возењето да не се фаќаат еден за друг и да не ги свртуваат седиштата еден кон друг. Сепак, тие го направија тоа, пренесуваат медиумите. Против двајцата тинејџери се поднесени кривични пријави, јавува Law&Crime. На видеото кое стана вирално и објавено на Јутјуб и на социјалните мрежи, рингишпилот на есенскиот саем на округот Колумбија во Гроутаун може да се види како се врти надвор од контрола додека патниците се во паника. Кристен Марфи, мајка чии две деца биле на вртелешката, изјавила за WRDW дека сè изгледа како „тотален хаос“ и дека се плаши дека средството ќе „се распадне“ пред нејзините очи. „Не знам дали некогаш повторно ќе одам на саем“, рече Марфи. „Овие уреди постојано се поставуваат и се симнуваат. Ги оставате децата да ве зборуваат да одите на возење, мислите дека тоа е добра идеја. А потоа, следниот момент, се случува вакво нешто“, додаде таа. Новинарката на WRDW Мередит Андерсон во саботата објави на Фејсбук дека една жена била повредена кога се судриле лулашките и била однесена од саемот со брза помош. Подоцна, таа извести дека жената сè уште е во болница. Според извештаите, најмалку две деца се повредени. На видеото се гледа како рингишпилот ги врти патниците наоколу и успорува додека две лица на одделни висечки лулашки се обидуваат да се држат еден за друг, според WRDW. Според медиумот, се чини дека рингишпилот станал нестабилен додека лулашките се вртеле околу централната структура. Портпаролот на канцеларијата на шерифот изјави за WRDW дека истражителите веруваат дека тинејџерите намерно предизвикале рингишпилот да изгуби контрола. На нивните родители им била доставена документација со детали за обвиненијата, а двајцата тинејџери потоа им биле предадени на нивните родители. Властите не дадоа дополнителни детали за обвиненијата. Според WKRC, тинејџерите биле обвинети за непристојно однесување. Погледнете ја снимката од овој хаос: 🚨 The Columbia County Sheriff’s Office has charged two 13 year olds following an incident at the county’s fall fair. Deputies believe the teens intentionally grabbed onto one another while on a swing ride, despite prior warnings from staff not to do so. As the ride slowed, it became unstable, causing swings to slam together violently. A woman was injured and taken from the fairgrounds in an ambulance, while two children were treated for minor injuries. #ColumbiaCounty #FairSafety #PublicSafety #CrimeNews #GeorgiaNews — Amy Leigh (@IAmyLeigh) November 8, 2026 Тагови: рингишпил тинејџери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМакрон се обиде да ја прегрне исландската премиерка- настана непријатен момент Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во малку незгодна ситуација на самитот на Европската политичка заедница во Даблин кога се обиде да ја прегрне исландската премиерка Криструн Фростадотир.Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во малку незгодна ситуација на самитот на Европската политичка заедница во Даблин кога се обиде да ја прегрне исландската премиерка Криструн Фростадотир, но таа, судејќи според фотографијата што брзо стана вирална, избега од неговата прегратка. На фотографијата се гледа како Макрон е наведнат кон Фростадотир, очигледно обидувајќи се да ја прегрне, додека таа малку се повлекува назад, но ја држи раката на неговото рамо. Исландскиот премиер го бара фотографот што го забележал овој момент, додека францускиот претседател се насмевнува и ја гледа во очи. Фотографијата е направена за време на состанокот на европските лидери на тркалезната маса на Европската политичка заедница во Даблин, пишува Дејли меил. Брегзит во центарот на разговорот Сепак, самитот беше обележан и со дискусии за идните односи меѓу Велика Британија и Европската унија. Енди Бернам го искористи собирањето на европските лидери за да го засили своето залагање за промена на односите меѓу Лондон и Брисел, додека се обидува да ги дотера условите на својот план за „ресетирање“ на тие односи. Се очекува тој да разговара за претстојниот пакет со лидери, меѓу кои Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Сепак, расте загриженоста дека Бернам би можел да направи значителни отстапки за да обезбеди подобри трговски услови на самитот ЕУ-Велика Британија закажан за следниот петок. Можните отстапки вклучуваат финансиски придонеси во буџетот на ЕУ, шема за слободно движење за млади луѓе и прифаќање на правилата на ЕУ. Од друга страна, земјите-членки се подготвуваат за тешки преговори околу барањето на Лондон за пониски школарини за британските студенти. Британскиот министер за надворешни работи, Ед Милибанд, наводно понудил да ја води кампањата за презентирање на можен договор пред јавноста. Во меѓувреме, Бернам, исто така, започна поширока иницијатива за повторно приклучување кон Европската Унија по следните избори, што предизвика несогласувања во владата, и покрај наредбата на премиерот министрите да останат неутрални во јавноста. Камерон предупредува за враќање во ЕУ Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон предупреди синоќа дека Велика Британија не треба повторно да се приклучи кон Европската Унија, повикувајќи го Бернама да престане да го обвинува Брегзит за економските проблеми на земјата. Камерон рече дека повторното отворање на „болната дебата“ за Брегзит нема да донесе никаква корист. Неговата влада падна по референдумот за ЕУ во 2016 година, на кој тој ја водеше кампањата за останување во блокот. „Кога ќе ги погледнете економските проблеми што ги имаме денес, навистина не мислам дека тие имаат врска со Брегзит“, изјави Камерон за Блумберг. Се очекува британскиот премиер да одобри серија договори на самитот следната недела што ќе ги опфаќа трговијата со храна и пијалоци, шемата за тргување со емисии и програмата за „искуство на младите“. Во друга можна отстапка кон Брисел, министрите наводно се подготвени да ги усогласат целите за продажба на електрични возила со целите на ЕУ. Во исто време, расте притисокот Велика Британија да се приклучи на блокот во воведувањето царини за кинески автомобили. Шефицата за надворешна политика на Европската комисија, Каја Калас, по пристигнувањето во Даблин, изјави дека „многу би сакала да ја види Велика Британија назад во Европа“, и покрај „траумата“ предизвикана од преговорите за Брегзит. „Преговорите нема да бидат лесни, но мислам дека можеме да постигнеме напредок со мали чекори. Убеден сум дека, ако сме заедно, сме многу посилни кога станува збор за економијата, но и кога станува збор за безбедноста“, рече Калас. Барнам најави дека ќе го искористи самитот следната недела и за „воспоставување сериозен дијалог“ за долгорочните односи меѓу Велика Британија и ЕУ, оценувајќи дека „останувањето во статус кво не е доволно добро за Велика Британија“. Британскиот премиер претходно изјави дека би сакал да ја види земјата како се враќа во ЕУ за време на неговиот живот, а исто така најави дека наскоро ќе им претстави на гласачите „различни опции“ за идните односи со Унијата. Спор околу слободата на движење Неговиот повик за „отворена дебата“ за евентуалното враќање на слободата на движење предизвика бура во редовите на Лабуристичката партија. Дополнителна конфузија предизвикаа неговите објаснувања за тоа како ќе им бидат претставени на гласачите какви било промени во изборните ветувања на Лабуристичката партија. Манифестот на партијата ја исклучи можноста за враќање во царинската унија и единствениот пазар на ЕУ. Барнам првично рече дека нема да има промени во текот на тековниот парламентарен мандат, но навести дека можеби ќе се кандидира на следните општи избори со ветување дека ќе ја врати Велика Британија во ЕУ. Сепак, во друго интервју, тој одговори негативно кога беше прашан дали би дозволил повторно воведување на слободно движење за граѓаните на ЕУ без референдум. Како резултат на тоа, Даунинг стрит мораше да разјасни дека Барнам „не е посветен на ниту една страна“ кога станува збор за идната насока и евентуалната потреба од национален референдум. Во писмо до членовите на кабинетот, Барнам изјави дека по самитот ќе бидат разгледани опциите за долгорочен однос со ЕУ, за кои ќе се одлучи во следниот парламентарен мандат. „На крајот од овој процес, ќе ѝ ги презентираме на јавноста предностите и недостатоците на различните опции. Важно е во текот на овој период, како влада, да останеме кохерентни и дисциплинирани во начинот на кој комуницираме со јавноста. Нема да биде соодветно поединечните министри да се залагаат за конкретни опции или да изразуваат мислења за веројатниот исход од процесот“, напиша Барнам. Поранешната конзервативна министерка Прити Пател го критикуваше неговиот пристап, велејќи дека неговата „опсесија со Европската Унија“ може да ѝ наштети на британската економија и да претставува дополнителен товар за даночните обврзници. „Британскиот народ гласаше за напуштање на Европската Унија. Таа демократска одлука мора да се почитува, а не постојано да се поткопува од либерален левичарски естаблишмент кој одбива да ја прифати“, рече Пател. Таа додаде дека, наместо повторно да ја отвори дебатата за Брегзит, Барнам треба да се фокусира на економски раст, намалување на даноците и регулативите и поддршка на британските компании. „Ни треба влада фокусирана на иднината на Британија, а не влада опседната со враќање во минатото“, заклучи поранешниот министер.Тагови: Емануел Макрон премиерка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook