СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 - за народот нема пари само камати
ВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта банка а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче?
1СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 - за народот нема пари само камати
2ВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта банка а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче?
1Најбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра
3Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
МакедонијаМицкоски: Градиме темели на промени, исплативме субвенции, фер распределба на земјиште и поддржуваме ново производствоВелат,секој почеток е тежок.Но,има нешто уште потешко – нов почеток. По долг период на разочарувања, тишина и неправда.Нов почеток не од чиста страница, туку од запишано минато, полно со порази, празни ветувања и изгубени шанси. Таков почеток бара храброст. Бара одлука. Бара визија, бара решителност. И токму таков беше почетокот што го направивме заедно, пред една година. Почеток после кој не тргнавме од нула, тргнавме од минус. Наследивме држава со нарушени институции. Со систем што одамна престанал да служи на граѓанинот. Со здравство каде пациентот чека, а не добива. Со администрација што не одговара, туку молчи. Со образование што доцни со светот. Со правосудство во кое повеќе никој не веруваше. Со генерации што си заминуваа од својата земја, не од лошо, туку од безнадежност. Тоа беше, за жал, Македонија што ја затекнавме.Но, тоа не е Македонија што ја прифативме.Не дозволивме тишината да победи. Не дозволивме безнадежноста да стане стандард. Не дозволивме да продолжи поразот. Наместо тоа, избравме да почнеме одново. Од темел. Да градиме, со работа, не со зборови. Со дела, не со театри. Да ги поставуваме првите тули на едно ново општество, праведно, чесно, вредно, блиско до народот. Ги зацврстивме носечките столбови што беа напукнати, довербата, правдата, одговорноста, визијата. Почнавме со тешките темели, невидливи, но неопходни. Темели на кои ќе расте нешто трајно, одржливо, нешто што е навистина вистинско. Ова не беше обичен почеток. Ова беше почеток после долг молк. Почеток после деценија изгубени можности. Почеток кој што природно изникна и дојде од народот. Почеток што беше заслужен. Ова беше почеток што не нуди чуда, туку понуди чесна борба, понуди пат што нема да биде лесен, но ќе води напред. Пат на кој секој ден е нова победа. Секој одговор даден на граѓанин е победа. Секое вратено чувство на сигурност е победа. Секое достоинство, враќано чекор по чекор е победа. Знам дека не е лесно. Знам дека животот и денес е тежок за многумина. Последиците од погубното владеење на СДСМ и ДУИ сè уште се чувствуваат, и во семејните буџети, и на шалтерите, и во болничките чекални, и во училиштата. Знам дека инфлацијата што кулминираше во нивното време, под влијание и на надворешни кризи, но и поради нивната неспособност, остави длабоки траги. Системот беше осакатен и тоа не се поправа преку ноќ. Ние не се правиме недопирливи. Ние сме дел од овој народ, ги живееме истите предизвици. Затоа и ја знаеме тежината на задачата што ја преземавме. Но уште повеќе, ја знаеме одговорноста. Има многу што треба уште да се направи. И потребно е време тие промени да се почувствуваат во секое семејство, во секој живот. Но едно можеме да ви го ветиме, нема откажување. Нема враќање назад. Македонија нема алтернатива освен да одиме напред. И ние ќе продолжиме со уште повеќе сила, со уште поголема посветеност. Во изминативе нешто повеќе од 365 дена работевме на темелите. На системски промени. На враќање на довербата на институциите. Работевме да ја стабилизираме државата, да ги консолидираме состојбите, да го вратиме правецот. И токму затоа, денес не зборуваме за спектакли, туку за промени. Промени што се случуваат секој ден, во секоја општина, во секоја болница, во секој административен шалтер, во секоја училница. Почнавме да градиме држава по мерка на граѓанинот. Држава која што ќе те слушне. Држава што ќе те почитува и она што е најважно, држава што ќе ти служи. Струмица тие промени ги чекаше повеќе од кого било. И оваа есен, сигурен сум, дека ќе бидат заокружени со огромна победа на локалните избори. Премногу долго, овој град и сите негови околни места беа заробени од една фамилија, од една фамилија која се однесуваше како Струмица да е нивен личен имот, а не град на горди Струмичани. Заборавија дека Струмица му припаѓа на граѓанинот, не на фирмите и круговите во кои тие се затворија. Ние, иако ја водиме државата само една година, не го заменивме народот со дебелите црвени килими. Работевме, решававме проблеми, додека тие од опозицијата се занимаваат со „златни визи“, симбол на златното богатење на грбот на македонскиот народ. Видете, можеби во Дубаи можеби им е убаво, но коренот е тука, во Струмица, во Македонија. А Македонија и Струмица се и македонските земјоделци.За помалку од една година исплативме повеќе од 9 милијарди денари субвенции. Направивме распределба на земјоделско земјиште. Имаме раст на извозот во првиот квартал од 5%. Вкупно се вклучени 2.109 договори на околу 6 илјади хектари. Беше распишан Јавен повик кој се однесува на Мерката 112 - „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“ каде се доставени 254 апликации. Свесен сум дека мора да направиме и многу други работи. И работиме на тоа. Мора да се знае дека граѓаните ќе бидат на прво место. Затоа предвидуваме, гаранција за услуга во рок од 5 дена во сите општини и институции. Тоа нема да биде желба, туку закон. Секој граѓанин ќе добие одговор навреме, точно и без чекање. Ќе воведеме нова услуга каде администрацијата, за првпат, ќе биде таа што ќе го бара граѓанинот, а не спротивно. Ставаме крај на молкот, одложувањата и бирократската ароганција. Ќе обезбедиме гарантиран максимум на чекање во институциите. Ќе постојат јасни граници и секое прекршување ќе се казнува. Почит за времето на граѓанинот ќе биде основна вредност на новата јавна администрација. Ќе воведеме јавна листа со времиња на чекање по сите здравствени установи. Транспарентноста ќе стане стандард, пациентите ќе знаат каде ќе добијат најбрза услуга. Воведување предмет за изучување на вештачка интелигенција во образованието. Нема повеќе да учиме само за минатото, ќе ги подготвиме генерациите за иднината, за новата економија, за дигиталната ера што веќе тропа на вратата. Ова е визијата која што ја градиме. Ова се темелите што ги поставуваме. Не ветуваме дека ќе биде лесно. Но, ветуваме дека ќе биде чесно, и нема да биде срамно. Ќе биде наше. Ќе биде вистинско. И најважно ќе биде за тебе. Затоа денес можеме со гордост да кажеме: 1 година од новиот почеток. 1 година градење темели. 1 година – за тебе! Ова е само почеток. Но, веќе е почеток кој што долго го чекавме. Почетокот на нова поинква татковина. На земја во која ќе сакаме да живееме. Земја на можности, на ред, на човечност, на просперитет. Земја која ќе биде твоја, ќе работи за тебе и ќе расте за тебе. Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените! За иднината која ја заслужуваме. За Македонија која ќе не обедини, а не раздели. За држава што ќе остане, за генерациите што допрва доаѓаат. Благодарам Струмица. Бог да ја благослови Струмица и Бог да ја благослови Македонија. Ви благодарам, рече во обраќањето на трибината во Струмица, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања08:36АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
МакедонијаСДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 - за народот нема пари само каматиМицкоски и Кочоска планираат во 2027 година да ги задолжат граѓаните на Македонија со нови две милијарди евра. За да го оправдаат огромното задолжување, Кочоска и Мицкоски лажат, како и за се друго. Велат дека толку долг доспева за враќање. А во предлог- Буџетот за 2027 којшто Кочовска го предлага, стои дека за отплата на долг се предвидени 64,6 милијарди денари, односно 1 милијарда евра. Уште една лага за некакви „наследени долгови“ е разбиена. Мицкоски го зголеми долгот за 4 милијарди евра, за 50 проценти повеќе од вкупниот долг на државата од независноста до денеска. Со Предлог-буџетот за 2027 година, планира да ги задолжи граѓаните за уште 2 милијарди евра. Додека граѓаните живеат лошо, трошоците за живот растат, платите стагнираат. Во 2027 се најавува поскапување на парното и струјата, што ќе значи уште еден удар врз стандардот на народот. Нови долгови за граѓаните, огромни камати коишто треба да ги плаќаат а нема пари за минималната плата од 600 евра, нема пари за поголем студентски оброк, нема пари за земјоделците. Пари за граѓаните нема. Знаеме каде има, само кај Мицкоски и неговата банда. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта банка а сега не сака да ја продолжи, од што се плаши Филипче?СДС ја побара надзорната расправа за Алта банка, па откога излезе вистината на виделина, не го закажуваат продолжетокот.СДС и Филипче беа гласни за Алта банка, се до моментот кога се дозна во јавноста дека тие биле првите кои му продале акции на Мацура и на самата Алта банка. СДС и Венко Филипче се заплеткаа во сопствените лаги и потези за Алта Банка. Филипче и СДС молчат и не кажуваат зошто во 2023 година не излегоа на прес-конференција да ги известат граѓаните дека ќе ги продадат државните акции, на како што тие тврдат, криминалецот Мацура и неговиот сомнително стекнат капитал во Алта банка. Дали СДС и Венко Филипче се плашат дека во јавноста може да излезат дополнителни информации и токму поради тои и не го закажуваат продолжението на надзорната расправа. После сите информации СДС и Филипче бегаат кога треба да се соочат со фактите. Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа. Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања на СДС и Филипче против Алта банка. Додека во јавноста се обидуваа да наметнат приказна за таканаречен српски свет, во позадина стои политичка хајка во која се кријат бизнис мотиви на лица блиски до СДС Филипче и кланот Заеви. Архитекти и главни произведувачи на српскиот свет во Македонија се Венко Филипче и СДС. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања08:36АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
СветДемократка победи на изборите на Алјаска, демократите обезбедуваат големо мнозинство во СенатотКандидатката на Демократската партија, Мери Пелтола, победи на изборите за Сенатот на САД во Алјаска, со што се разјасни односот на силите во горниот дом на американскиот Конгрес по изборите одржани на 3 ноември. Во новиот состав на Сенатот, кој започнува во јануари 2027 година, демократите ќе имаат мнозинство од 56 наспроти 44 места за републиканците. Според последните достапни резултати, Пелтола освоила 50,12 отсто од гласовите и го победи актуелниот републикански сенатор Ден Саливан, кој доби 45,80 отсто од гласовите. На тој начин, демократите добија уште едно место кое претходно го држеа републиканците. Трката во Алјаска беше последната неизвесна изборна трка за Сенатот на овогодинешните избори. Асошиејтед прес ја прогласи Пелтола за победник две недели по изборите. Со победата во Алјаска, демократите заокружија голем успех на изборите за Сенатот. Вкупно, тие освоија девет места што претходно ги држеа републиканците, што претставува нивен најголем успех од ваков вид на избори за Сенатот уште од 1958 година. Пред изборите, републиканците имаа мнозинство од 53 наспроти 47 места, додека во новиот состав односот ќе биде 56 наспроти 44 во корист на демократскиот блок, во кој влегуваат и независни сенатори поврзани со Демократската партија. Демократите исто така успеаја да освојат места во сојузни држави кои традиционално нагинуваат кон републиканците, вклучувајќи ги Тексас, Јужна Каролина, Канзас и Мисисипи. Според резултатите објавени на 17 ноември, таа добила 144.302 гласа, додека Саливан освоил 131.844. Разликата изнесувала 12.458 гласа. Иако преостанувале уште гласови за броење, „Асошиејтед прес“ процени дека Саливан веќе нема реални шанси да ја надомести разликата. Покрај победата на изборите за Сенатот, демократите на Алјаска постигнаа успех и на изборите за гувернер. Демократот Џонатан Крајс-Томпкинс ги победи тројцата републикански кандидати и стана првиот демократски гувернер на Алјаска по 1998 година. Резултатите на Алјаска дополнително ја потврдија промената во односот на силите по изборите во средината на мандатот во САД, на кои демократите ја презедоа контролата врз Сенатот.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter