3Министерство за транспорт: ДУИ и СДСМ ги уништија јавните претпријатија Mакедонски железници транспорт и инфраструктура, го повикуваме јавното обвинителство да постапи по ревизорските извештаи
МакедонијаМицкоски: Градежната оператива е ангажирана, што значи подобра економска активност Градежната оператива е ангажирана, што значи подобра економска активност — ги решаваме децениските проблеми на граѓаните, порача денеска при посетата на Идризово премиерот Христијан Мицкоски. -Би сакал да се заблагодарам на градоначалникот на Општина Гази Баба, на советниците од Советот, на администрацијата, се разбира, без која не можат овие проекти да се случат, на пратениците коишто доаѓаат од Општина Гази Баба, на колегите од Владата, на ресорниот министер за животна средина и просторно планирање, затоа што за овој сложен проект како Влада одлучивме да биде еден од приоритетите со којшто ќе се гради Македонија како држава, а граѓаните ќе добијат подобри услови за живот. А сите овие проекти, кога ќе ја добијат својата форма онака како што се замислени, тогаш сигурен сум дека ќе имаме и голема додадена вредност врз квалитетот на животот на сите граѓани. Денеска во Македонија на повеќе од 1.200 места се гради, нешто коешто за нас како Влада е многу значајно бидејќи на тој начин не само што се ангажира домашната оператива и претставува сериозен индикатор за подобра економска активност, туку и на овој начин овозможуваме да покажеме и докажеме дека децениски проблеми можело да се решат. Иако, се разбира, не можеме ние сè наеднаш да решиме со два повика, нешто коешто со децении не се правело, сепак мислам дека со ваквите проекти голем дел од тие приоритети на граѓаните ќе бидат решени и ќе можат да имаат поквалитетен живот тие и нивните семејства. Она коешто за мене е исто така важно како претседател на Владата е фактот дека економската активност предизвикува и добри економски резултати, а во периодот којшто следи очекувам сè позасилена ваква активност, посебно во делот на градежништвото. Покрај овие проекти кои ги финансира Владата на целата територија на државата, ќе се појават 6 делници на автопати коишто ќе се градат. Овој месец официјално ќе започне изградбата, завршени се сите формални и останати процедури поврзани со автопатската делница Блаце – Скопје, мислам дека почетокот е закажан за 26 август. Сега не би сакал да ме држите за збор, но мислам дека таа беше датата. Конечно за овој децениски проект којшто беше најавуван имаме изведувач, а тоа е повторно домашна компанија, имаме надзор, сите, би рекол, услови се исполнети за да отпочне градбата на овој автопат. Во септември очекувам уште една автопатска делница, а тоа е Букојчани – Кичево, исто така да започне и со засилена динамика да го привршуваме автопатот Кичево – Охрид. Очекувам делницата од Извор до Врбјани да биде пуштена отприлика во втората половина на октомври, а целокупната делница да биде во првиот квартал од следната 2027 година. Нормално, тука продолжуваме со засилена динамика на трите делници од Коридорот 8 и Коридорот 10д, а тоа се Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани. Сè на сè, отприлика 6 автопатски делници ќе се градат и тоа е исто така голема засилена градежна активност. Кога на тоа ќе се додадат и пругата (секција 2), којашто практично е дел од Коридорот 8 (источно крило), и секција 3, за којашто очекувам наскоро да биде објавен јавен повик бидејќи сите административни, би рекол, предизвици се надминати, тоа значи дека ќе имаме навистина интензивна градба. И ако биде сè како што треба, следи завршување на физибилити студијата и отпочнување на почетокот на следната година на Коридорот 10, доколку, се разбира, сите оние предизвици коишто ги имаме ќе бидат решени, а очекувам да нема пречка да се решат. Така што градежништвото претставува еден од оние двигатели и носители на економската активност во Македонија. Сосема на крај, дозволете да се заблагодарам на сите: на градоначалникот, на советниците, на пратениците, на министерот, на колегите од Владата, на граѓаните за трпението и поддршката којашто ни ја даваат. Ние, повторно ќе кажам, не можеме сè да решиме — нешто што со децении било запоставувано и нерешавано — но ветуваме дека сето она коешто можеме да го решиме, па дури и повеќе од тоа, ќе се потрудиме да го испорачаме и решиме како Влада, рече премиерот Мицкоски во своето обраќање. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ФудбалПредводникот на Комо, Фабрегас има една забелешка по историскиот триумф од 9:1! Тренерот на „чудото од покрај езерото“, легендарниот ас на Барселона, Челзи..., Сеск Фабрегас, долго време ги средуваше впечатоците по историската победа на Комо над Ланс со 9:1 во 4. коло од Лигата на шампионите.Фабрегас и неговите играчи се вистински хит оваа сезона. И не само тоа – тие се сензација. Фудбалот што го играат е нешто што долго време не е видено, дури ни на елитно ниво. Играат како вистински да се „играат“. Фудбал во кој човек лесно може да се заљуби. Комо е дебитант во Лигата на шампионите, а како новајлија во најсилното европско натпреварување, тие делат фудбалски лекции, довчерашниот второлигаш, сезонава го победи Лајпциг со 4:1, Јунајтед со 4:1, а Ланс со 9:1. Единствениот пораз го претрпеа од Феенорд, со 2:3. Инаку пред само две сезони, Комо беше член на Серија Б. Тогаш тимот го презеде Сеск, кој во тоа време сè уште ја немаше задолжителната УЕФА „Про“ тренерска лиценца. „Ова е само нашиот четврти натпревар во Лигата на шампионите, а бројот четири е дефинитивно важен број за нас“, изјави Фабрегас со насмевка за „Скај Италија“ (Sky Italia) по величествениот резултат на стадионот „Болеар“. Сеск очигледно прераснува во одличен тренер. А имаше и од кого да учи. По Пеп Гвардиола и Луис Енрике, актуелниот тренер на Комо е уште еден производ на системот на Барса, но и на шпанскиот фудбал, кој доминира во светот. „Среќен сум, ова е фудбал и сè се одвиваше во наша корист. Момците си ја завршија работата одлично, а сега мораме да се подготвиме за многу важен натпревар во недела – деветти по ред во периодот меѓу паузите за репрезентативните обврски.“ Комо е во одлична серија – победата против Ланс беше шеста по ред во сите натпреварувања. И покрај историската победа, перфекционистот Фабрегас беше незадоволен од една работа – примениот гол. „Лут сум поради примениот гол, бидејќи направивме промена во дефанзивната поставеност по трите извршени замени. Плус, голот го постигна мојот поранешен соиграч (Рубен Агилар), со кого играв во Монако. По натпреварот му реков дека никогаш претходно нема постигнато таков гол. Навистина беше прекрасен погодок.“ Она што беше впечатливо во овој дуел е дека сите девет гола на Комо беа постигнати по одлична тимска игра и организирани акции. Тоа е печатот на Фабрегас. Екипата игра. Тоа е толку препознатлива карактеристика на „Ла Масија“. Ова е „тика-така“ од крај езерото.Тагови: Фабрегас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ЖивотВидео: Торнадо уништи аеродром во Бразил, летови прекинати...!Силно торнадо во средата ја погоди бразилската држава Санта Катарина и ја уништи аеродромската инфраструктура во градот Шапеко.Драма на пистата среде катастрофата: „Авионот силно се тресе“ . Внатрешноста на терминалот и кровната конструкција се урнале под налетите на ветерот, хангарите и главната сала претрпеле оштетувања, а ветерот откорнал метални конструкции на влезот и искрши прозорци. Severe weather driven by a confirmed tornado struck the municipality of Chapecó in Santa Catarina, southern Brazil, generating wind gusts of up to 126 km/h (78 mph). The extreme winds severed power lines across multiple districts, ripped off metal roofing structures, and shattered glass facades at Chapecó’s Serafim Enoss Bertaso Airport, forcing civil defense authorities to suspend all flight operations indefinitely. #Brazil #SantaCatarina #Chapecó — ConflictRadarME (@ConflictRadarME) November 5, 2026 Снимките од дрон покажуваат оголени покриви во неколку делови од аеродромскиот комплекс, а дел од урнатата конструкција паднала дури и врз еден помал авион. Сите летови се прекинати. Концесионерот „Voe Xap“ го потврди прекинот на работењето, односно на полетувањата и слетувањата, и апелираше до патниците да не доаѓаат на аеродромот додека техничките екипи вршат детален увид и санација на штетата. Градските власти соопштија дека работењето е прекинато до петок, додека концесионерот наведува дека прекинот е на неодредено време. Во моментот кога торнадото удри, патничкиот авион на „Азул“ се наоѓаше на пистата, подготвувајќи се за полетување. Во разговорот со контролната кула беше опишана ситуацијата на пистата. „Стоиме, авионот силно се тресе, се поместува... Застанавме на пистата, леталото се движи, не можеме... радио врската... Чекаме да се смири за да можеме да се вратиме на паркинг-позицијата. 🚨 Happening in #Brazil 2026 terrifying footage captures the destructive force of a tornado at Chapecó Airport, Fierce winds tear through the terminal area, leaving wreckage in their wake. May everyone caught in its path stay safe. 🇧🇷 https://t.co/CAQymlFL5F — NNA (Nadia)🇩🇿 (@22NN_A) November 4, 2026 Се враќаме кон влезот на позицијата. Ќе процениме дали можеме да влеземе“, им рекоа членовите на екипажот на контролата на летање.Тагови: Торнадо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
СветПропадна ли договорот за увоз на дизел меѓу Трамп и Путин? Контроверзниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на руски дизел во Соединетите Држави, пред изборите на средината на мандатот, се чини дека пропаѓа.Контроверзниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на руски дизел во Соединетите Држави, пред изборите на средината на мандатот, се чини дека пропаѓа, а два танкера што првично се упатиле кон американскиот брег наеднаш го промениле курсот, пишува „Фајненшал тајмс“. Промената на рутата доаѓа во момент кога состојбата со залихите на дизел во САД дополнително се влошува. Најновите податоци покажаа дека залихите паднале под 100 милиони барели, што се случува за првпат по повеќе од две децении. Овој недостиг би можел дополнително да го оптовари пазарот на горива, кој претставува една од клучните алки на американската економија. Неколку недли пред изборите, Трамп постигна договор со рускиот претседател Владимир Путин за купување и увоз на пратки со дизел во САД, со цел да ги намали цените на бензинските пумпи и да придобие гласачи. Овој потег не им донесе никаква корист на републиканците – во вторникот, демократските кандидати остварија убедливи победи ширум земјата и ја презедоа контролата врз двата дома на Конгресот. Танкерите со руска нафта веќе не патуваат кон САД. „Талисман“,руски танкер стар 20 години кој е под санкции од САД, Велика Британија и Европската унија, како и танкерот „Леру“ – кој е во сопственост на субјект од Хонгконг, плови под знамето на Сиера Леоне и е под санкции од Велика Британија, ЕУ и Канада – повеќе не ја наведуваат американската атлантска крајбрежна област како своја дестинација. Во понеделникот, „Леру“ (Leroux) го промени својот сигнал и како нова дестинација го наведе Бразил, додека „Талисман“ (Talisman) се оддалечи од Атлантскиот Океан и се упати назад кон Средоземното Море, каде што моментално се наоѓа во близина на алжирскиот брег. Овој брод емитува сигнал „чекање на наредби“, што значи дека за товарот сè уште нема потврден купувач или пристаниште за истовар. Третиот танкер натоварен со руски дизел, бродот „Агиои Фанендес“ (Agioi Fanendes) во грчка сопственост, според податоците за пловидба, сè уште се упатува кон САД, но исто така емитува сигнал „чекање на наредби“. Неговиот сопственик, компанијата „Истерн Медитеранеан Меритајм“ (Eastern Mediterranean Maritime), претходно за „Фајненшел тајмс“ (Financial Times) изјави дека бродот плови и чека наредби, бидејќи пристаништето за истовар сè уште не е потврдено. Во средата, компанијата не одговори на новото барање за коментар. Од друга страна, „Бист“ (Beast) – танкер под санкции, регистриран на Сејшелите, кој товарот го презел на 27 октомври во руското пристаниште Приморск – исто така се упати кон САД и емитува сигнал „Атлантик“ (Atlantic), што укажува дека негова дестинација е атлантскиот брег на САД.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00