Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови - Канал 5

Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови

„Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови, го вклучија дури и главниот трачер во друштвото Пендаровски,  но ќе доживеат огромен дебакл.“

Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од народниот митинг одржан во општина Крушево, во рамки на изборната кампања 2025 која е под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври. Мицкоски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ нуди реална програма и проекти а СДС нуди празни ветувања и црна кампања и затоа ќе доживеат огромен дебакл на 19 октомври.

„Ние настапуваме со јасна и прецизна програма, а нашите противници настапуваат со демагогија, празни ветувања, со истите трикови и подземни коалиции. Нивната црна кампања е нивната главна понуда на овие избори. Па така тие во оваа кампања го вклучија и нивниот вистински лидер кој допатува директно од ДУБАИ, а во јавност се појавува неговиот заменик Венко. Покрај овој вистинскиот кој допатува од Дубаи во кампањата го вклучија и нивниот грамафон кој пишува текстови исклучиво во медиуми блиски до СДСМ, а кој ми порача дека ќе ме раситнел на делови и повика на линч, што самото тоа покажува колку страв и омраза има кај овие луѓе“ нагласи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека СДС се толку исплашени од поразот кој им следи што во кампања го вклучиле и главниот трачер во друштвото Стево Пендаровски.

„А од вчера го вклучија и поранешниот претседател и главниот трачер во друштвото Стево Пендаровски, кој пак кутриот на јавна сцена призна дека следел и знаел за прислушкувањето. Тој во настапот го опиша во детали пола мој работен ден, работи кои не се кажани никаде и кој може да ги знае само човек кој добивал извештаи за следење и притоа сакајќи да вметне некаков црв на сомнеж фрла светло дека луѓе блиски до мене ме кодошеле. И ме повикува јавно да сум кажел кои се тие луѓе. Јас не знам кој се тие луѓе и дали постојат, но знам дека во држава со сериозно обвинителство каде што владее законот тоа сериозно обвинителство треба уште утре Стево Пендаровски да го повика и да даде изјава пред обвинител за ова кривично дело кое јавно го призна и би се водела постапка за неовластено следење на политичките конкуренти. Ете до толку се забегани и до толку одлепени од реалноста. И сите овие чекори покажуваат дека се силно уплашени, а тој страв е последица на тоа дека и тие знаат дека на овие локални избори ги чека дебакл во низата и тие не само што знаат дека нема да стигнат до власта туку се уплашени и за фотелјите во нивната сопствена партија. И тој страв им се гледа во секој нивен настап. А уште поголем страв им причинува фактот што ќе дојде ден кога ниту обвинителството, ниту ова распарчено судство кое Венко вели дека е професионално, ќе може да ги брани и заштитува. И правда ќе има. И само така Македонија ќе може да победи“ кажа Мицкоски.

Мицкоски ги повика граѓаните да излезат и на 19 октомври да гласаат за бројот 9 за подобра и просперитетна иднина.

„Ајде заедно да ја напишеме новата приказна на нашата татковина! Ајде да изградиме иднина со која ќе се гордееме! Ајде да покажеме дека кога сме обединети – никој не може да нè запре“, заклучи Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија ги почнува преговорите со ЕУ за „Роаминг како дома“

Македонија в петок ги почнува преговорите со ЕУ за системот „Роаминг како дома“, на 12ти е закажан првиот состанок меѓу министрите од Западен Балкан и претставниците на ЕК на кој треба да се разговара за главните елемнти на преговарачката рамка.

Македонија ги почнува преговорите со ЕУ за „Роаминг како дома“

Македонија в петок ги почнува преговорите со ЕУ за системот „Роаминг како дома“, на 12ти е закажан првиот состанок меѓу министрите од Западен Балкан и претставниците на ЕК на кој треба да се разговара за главните елемнти на преговарачката рамка, следните чекори и статусот на подготвеност на секоја земја, по што ќе следи индивидуално преговарање на секоја од земјите.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски е оптимист дека Македонија ги исполнува предусловите, и како што вели подготвена влегува во процесот. Очекува земјава да биде меѓу првитте од Западен Балкан која ќе ги заврши преговорите. Намерата е земјите кандидатки од регионов да добијат претпристапни бенефеиции меѓу кои е и бесплатниот романиг со ЕУ, а токму ова прашање се најде на маса и на Самитот ЕУ Западен балкан во Тиват.

„Од наша страна клучниот дел од подготовките е завршен, регулаторниот пакет измените на законот за електронски комуникации и дополнителните измени на подзаконските акти се подготвени законот е утврден на седница на влада испратен до еу .... Очекуваме да добиеме повратен одговор во почетокот на преговорите. Следниот чекор е сектроски преговори на секоја од државите поеднично кој што ќе започнат со првиот состонок на министерите. “-Стефан Андоновски – министер за дигитална транфорамција.

Андоновски, иако вели роковите не зависат од нас туку од ЕУ, се надева дека веќе од јануари 2027ма македонските граѓани кои ќе патуваат во Мадрид, Рим, Париз, Амстердам да зборуваат и користат интерент по цени исти како и дома.

„По истите цени кои што граѓаните ги плаќаат пакетите за користење на мобилни услуги, повици, смс пораки и интернет во државата по исти цени ќе може да ги користат и поволностите на истите овие мобилни услуги во Европската унија“-Стефан Андоновски – министер за дигитална транфорамција.

На денешниот брифинг со новинарите, Андоновски го презентираше и системот СМАРТ лиценци, кој вели претставува уште еден практичен чекор во дигиталната трансформација на јавните услуги.

Целта според министерот е државата да престане да бара од граѓаните и компаниите да бидат курири на документи и да обезбеди податоци кој ќе бидат точни, достапни, проверливи и безбедни.

Овој систем почнува со примена токму во неоговот министтерство , а псоред најавите во напредна фаза на развој и тестирање се и лиценците на Министерството за економија и труд, кои се однесуваат на ноќен клуб, дискотека, кабаре, бар и хотел, а се очекува тестирањето да заврши до крајот на јуни.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стармер во Лондон ги пречекува Макрон, Мерц и Зеленски

Британскиот премиер Кир Стармер ќе одржи денеска средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц на Даунинг стрит 10.

Стармер во Лондон ги пречекува Макрон, Мерц и Зеленски

Според најавите, разговорите ќе се фокусираат на продолжување на воената и политичката помош за Киев, како и на концептот за безбедносни гаранции што Европа го развива во рамки на таканаречената „Коалиција на подготвените“.

Средбата доаѓа два дена откако рускиот претседател Владимир Путин ја отфрли понудата на зеленски за разговори за да се најде излез од војната во Украина.. Путин рече дека „не гледа смисла“ во таков состанок..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ГРОМ: Вмровски кадровски резил 3 дел

Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски по користење на лажното боледување имаше обврска да се јави на работа на 30ти Мај. До денес тој не е појавен на своето работно место. 

ГРОМ: Вмровски кадровски резил 3 дел

Законот за работни односи член 82 е јасен и вели: “Ако работникот отсуствува од работа три последователни дена и не го оправда своето отсуството му следува отказ без отказен рок. Сотир Лукровски може да отсуствува од работа доколку е на службен пат, годишен одмор или доколку е на боледување.

Тој ниту е на службен пат, не е на годишен одмор ниту пак докторите повеќе сакаат да му дадат боледување. Значи со никаков документ не го оправдал своето отсуство од работа. Законот за работни односи член 82 важи за 500.000 вработени во оваа држава, само на другарот на премиерот Мицковски не може да се применува. За Сотир Лукровски не важи овој туку законот на премиерот Мицковски кој вели дека градоначалникот на Карпош после боледувањето требал да се одмори од лежење. Бараме државниот инспекторат за труд да дојде и да констатира победа на граѓаните на општина карпош врз безаконието на Христијан Мицковски и Вмро Дпмне.

Карпош не заслужува ваков потценувачки однос кон своите граѓани и ова е флангрантна навреда на интелегенцијата и достоинството на Карпошани од нивниот сограѓанин – Мицковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер