Мицкоски: Главен фокус за следната година ќе бидат капиталните инвестиции - Канал 5

Мицкоски: Главен фокус за следната година ќе бидат капиталните инвестиции

Главен фокус за следната година ќе бидат капиталните инвестиции и тие да бидат двигател на економијата, целта е да дојдеме до раст на БДП од над 4% .

Мицкоски: Главен фокус за следната година ќе бидат капиталните инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница во Собранието за пратенички прашања истакна дека за следната година главен фокус на Владата ќе бидат капиталните инвестиции и се очекува тие да бидат главен двигател во економијата, исто како што и оваа година, како што од 3% дојдовме на 3,4% од БДП, а за третиот квартал се очекува и повеќе имајќи предвид дека само во градежништвото има раст поголем од 34% во реализација на инвестициите и на капиталните и на приватните инвестиции во третиот квартал.

„Нашата цел е да дојдеме до реален раст на БДП од 4% и повеќе во услови на ваква криза, посебно во автомобилската индустрија и во услови на геостратешките политички консталации не само во Европа, туку и пошироко и да дојдеме до номинален раст на БДП помеѓу 7,5% и 8% што веќе го правиме, бидејќи во првиот квартал беше 7,5%, во вториот 7,8%. Ова е она кое претставува наша амбиција во ова време и да ги намалиме во тие услови, и јавниот и државниот долг“, посочи премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека ако ја гледаме 2025 година и додадената вредност која ја креираме во економијата и споредиме со задолжувањата ќе видиме дека тоа е во однос 2 спрема 1 и затоа кога ќе прашаат каков е јавниот и државниот долг, одговорот е дека е едниот за скоро 2,8%, а другиот за 3,5% помал од тој кој бил на крај на 2024 година.

„Ако споредите со седум години СДСМ и ДУИ ќе видите дека поголемо е задолжувањето отколку креираната додадена вредност во економијата. Тоа значи дека се задолжувале, а не создавале вредност, а ние во оваа година двојно повеќе создаваме вредност отколку што ја задолжуваме државата. Оваа влада домаќински се грижи за народните пари и може да ги планира соодветно, распределува, да инвестира соодветно за да граѓаните почувствуваат дека нешто на добро се случува во државата споредено на тоа како беше по принципот „како до сега“. И никогаш нема да ја научат лекцијата, им ги слушам пораките, дискусиите тука и сфаќам дека не сакаат да ја научат. Си кажуваат една работа, комотно им е тука во Парламент, убаво им е на малкумина без да водат сметка како е во државата и каква одговорност имаат што седат во овие пратенички клупи“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека главна цел на Владата е да ги реализира капиталните инвестиции и во таа насока, посочи дека сите капитални инвестиции кои се дел од општините и ги финансира централната влада, а вкупниот обем на тие, ако на тоа се додадат и програмите преку министерствата доаѓаме до бројка од половина милијарда евра, додавајќи дека дел се досега завршени, дел во фаза на реализација, овие капитални инвестиции очекувам дека отприлика 75% до 80% ќе бидат готови.

„Очекувам да бидеме при крај со автопатот Кичево-Охрид, во завршна фаза или најдоцна до првиот квартал во 2027 година, имаме мал проблем со проектирање на косините кои треба да ја стабилизираат земјата за да не ни се свлече, за да нема инциденти, на линија се со потпретседателот на Влада и жестоки сме со таа компанија која си игра мајтап со трпението и мислам дека треба да престанат да си играат мајтап и да го заврши тоа што требаше во февруари, па се продолжи до октомври и сега пак бара рок до февруари. Жестоко работиме на реализација на коридорите 8 и 10д, очекувам да имаме огромен напредок, очекувам завршување на реализација на капитални во други сегменти и отпочнување на нови“, изјави Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брисел го откри планот за Украина

Европската унија подготвува планови за четири земји-кандидати, кои вклучуваат индикативни целни датуми за завршување на преговорите за пристапување.

Брисел го откри планот за Украина

Што се однесува до Украина, како можен временски рамка се споменува крајот на 2029 година, според објава на социјалната мрежа „X“ од Рикард Јозвиак, уредник за Европа во Радио Слободна Европа.

Како што пренесува „Европска правда“, Јозвиак нагласи дека овој датум се однесува на завршувањето на преговорите за пристапување, а не на самиот момент на зачленување во Европската унија.

Според овие индикативни планови, Црна Гора би можела да ги заврши преговорите во текот на 2026 година, додека за Молдавија се споменува временски период од крајот на 2027 до почетокот на 2028 година.

За Украина, крајот на 2029 година првично беше спомнат како индикативен рок за завршување на преговорите за пристапување.

Сепак, Јозвиак подоцна појасни дека, во случајот со Украина и Молдавија, плановите нема да се фокусираат на конечното завршување на преговорите, туку на дефинирање на очекувањата за 2027 година. Попрецизни временски рамки за завршување на преговорите со овие земји ќе бидат утврдени во подоцнежна фаза.

Овие датуми претставуваат индикативни цели, а не гаранција дека преговорите ќе бидат завршени до предвиденото време, ниту пак дека земјите дотогаш ќе станат членки на ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин предизвика хаос во Вашингтон

Демократите побараа од големите американски банки и пристанишните управи да ги зачуваат документите и преписките поврзани со потенцијалниот увоз на руски дизел, пренесува американскиот медиум „Аксиос“.

Путин предизвика хаос во Вашингтон

Доколку партијата ја врати контролата врз барем еден од домовите на Конгресот, истрагата за овој аранжман ќе стане приоритет.

Законодавците сметаат дека ваквиот договор би можел да претставува кршење на забраната за увоз на руски нафтени деривати – воведена во 2022 година – и дека тој, всушност, би можел да помогне во финансирањето на војната против Украина.

Сепак, Министерството за финансии на САД тврди дека договорот е во согласност со законот.

Испратени се дописи до банки, меѓу кои „JPMorgan“, „Bank of America“, „Citi“, „Wells Fargo“, „ Goldman Sachs“ и „Morgan Stanley“, како и до пристанишните управи во Хјустон, Бомонт, Корпус Кристи и Њујорк – Њу Џерси.

Демократите бараат потврда дека документите се зачувани, како и обелоденување на информации за сите потенцијални или веќе реализирани трансакции.

Вреди да се напомене дека американскиот претседател Доналд Трамп најави изненадувачки „договор за дизел“ со рускиот претседател Владимир Путин, со цел да се реши проблемот со вртоглавиот раст на цените на дизелот во САД, пред изборите на средината на мандатот, закажани за 3 ноември 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)

Граѓани вечерва се собраа пред зградата на телевизијата Пинк во Белград, неколку часа откако група демонстранти влегоа во просториите на Информер. Полицијата беше распоредена пред Пинк, а толпата фрлаше јајца кон зградата.

Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)

Полициски кордон се повлече од улицата и се распореди директно пред влезот во зградата на телевизијата. Возачите што минуваат покрај толпата свират со своите сирени во знак на поддршка. Досега нема извештаи за граѓани што влегле во зградата на Пинк или за некои поголеми инциденти. Не е објавено колку луѓе се собрале пред телевизијата.

Пинк е еден од највлијателните провладини медиуми во Србија со години. Во својот извештај за 2026 година, Институтот за проучување на новинарството на Ројтерс ги рангира Пинк и Информер меѓу најкористените провладини медиумски брендови.

Податоците од Бирото за социјални истражувања покажуваат и колку Александар Вучиќ бил претставен на Пинк. Од почетокот на јануари до крајот на јули оваа година, тој добил повеќе од 28 часа програма на таа телевизиска станица, а во 74,7 проценти од тоа време бил прикажан позитивно.

Денес, неколку десетици граѓани и студенти се собраа пред редакцијата на Информер, а некои од нив влегоа во зградата и побараа јавно извинување од главниот уредник, Драган Ј. Вучиќевиќ, за начинот на кој медиумот известуваше за студентите, демонстрантите и противниците на владата.

За време на преносот во живо, Вучиќевиќ тврдеше дека станува збор за „криза со заложници“, повика полиција и брза помош и се обиде да го контактира Илија Срдановиќ, првиот на Студентската листа. Протестите пред Информер и Пинк доаѓаат еден ден откако Студентската листа победи на парламентарните избори, а Вучиќ го призна поразот.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер