ВМРО-ДПМНЕ: 23 октомври не потсетува дека Македонија е наследство од предците, одговорност на сегашноста и аманет за идните поколенија
2ВМРО-ДПМНЕ: 23 октомври не потсетува дека Македонија е наследство од предците, одговорност на сегашноста и аманет за идните поколенија
3МАЕИ со честитка по повод 23 Октомври: Почит за македонските револуционери и придонесот на Македонците во Албанија
ЕкономијаМицкоски: Германските компании не се само инвеститори, тие се партнери во трансформацијатаГерманските компании не се само инвеститори, тие се партнери во трансформацијата на нашата македонска економија.Почитувани претставници на германската и македонската бизнис заедница,Почитувани инвеститори, директори и претприемачи, Почитувани министри, Ваши Екселенции, Почитувани претставници на стопанските комори, Дами и господа, Ми претставува особена чест што денес се обраќам на German-Macedonian Business Summit 2026, настан кој испраќа силна порака дека партнерството помеѓу нашите две земји не е само економска соработка, туку заедничка визија за иднината. Темата на денешниот самит не е само современа тема. Таа е суштинско прашање за конкурентноста, продуктивноста и долгорочната стабилност на секоја економија која сака да биде дел од новата европска и глобална економска архитектура. Живееме во време кога светот се менува со брзина каква што човештвото ретко памети. Денес, економската моќ не се мери само со природни ресурси, географија или големина на пазарот. Се мери со знаење, иновации, технологија, дигитална инфраструктура и способност за брза адаптација. Токму затоа, ние како земја ја гледаме дигиталната трансформација не како избор, туку како национален приоритет. Нашата цел е јасна — да изградиме модерна, ефикасна и конкурентна економија која ќе биде интегрирана во европските синџири на вредност и ќе создава можности за домашните компании, за младите луѓе и за идните генерации. Германија за нас претставува повеќе од економски партнер. Таа е симбол на индустриска моќ, технолошки развој, дисциплина, иновации и стабилен економски модел кој со децении создава вредност и напредок. Германските компании тука кај нас не се само инвеститори. Тие се партнери во трансформацијата на нашата македонска економија. Тие отвораат работни места, носат нови стандарди, нова корпоративна култура, технолошко знаење и практики кои го менуваат економскиот пејзаж на државата. И токму затоа, нашата Влада останува цврсто посветена на создавање предвидлива, стабилна и про-бизнис средина. Во изминатиот период презедовме сериозни чекори за стабилизација на економијата, подобрување на институционалната ефикасност и поддршка на инвестициите. Работиме на намалување на административните бариери, дигитализација на услугите, модернизација на инфраструктурата и создавање услови за побрзо и поефикасно водење бизнис. Но, денес е јасно дека економскиот раст повеќе не може да се темели само на евтина работна сила или традиционални модели на производство. Новата економија бара паметни фабрики, автоматизација, вештачка интелигенција, дигитални платформи, напредно производство, зелени технологии и постојано вложување во човечкиот капитал. Затоа ние како Влада го отвораме патот кон економија базирана на знаење. Нашата визија е да создадеме држава во која младите инженери, програмери, иноватори и претприемачи нема да мора да ја бараат својата иднина надвор, туку ќе имаат можност да создаваат дома — во модерна економија која ги вреднува нивното знаење и талент. Инвестираме во дигитална инфраструктура, во модернизација на образованието, во дуалното образование, во технички и ИТ вештини, затоа што без обучен кадар нема успешна дигитална трансформација. Свесни сме дека технолошката револуција отвора големи можности, но и сериозни предизвици. Во тој процес, партнерството со германската економија е исклучително важно. Германските компании имаат огромно искуство во индустриската дигитализација, паметното производство, енергетската ефикасност и применетите технологии. Имаме млади, талентирани и амбициозни луѓе. Имаме стратешка географска позиција. Имаме потенцијал да станеме регионален центар за нови технологии, логистика, напредно производство и дигитални услуги. Нашата задача како Влада е тој потенцијал да го претвориме во реален економски раст. Затоа работиме на политики што ќе поттикнат иновации, стартап екосистем, истражување и развој, поврзување помеѓу универзитетите и индустријата, како и поголема поддршка за домашните компании кои сакаат да инвестираат во модерни технологии. Истовремено, продолжуваме со инвестиции во патната, железничката и енергетската инфраструктура, затоа што современата економија бара стабилни и сигурни системи. Почитувани присутни, Денес повеќе од кога било е важно Европа да остане економски силна, технолошки конкурентна и индустриски стабилна. Во време на глобални економски турбуленции, енергетски кризи и геополитички предизвици, потребни се нови партнерства, нова доверба и нова економска динамика. Токму затоа, овој самит има големо значење. Тој не е само место за дискусија. Тој е можност за конкретни партнерства, нови инвестиции и нови заеднички проекти. Нашата порака е јасна: Сакаме да бидеме сигурен партнер, стабилна економија и држава која ги препознава и поддржува иновациите, технологијата и претприемништвото. Затоа, денес од Скопје испраќаме порака дека иднината не ја чекаме — ја создаваме. Со партнерство. Со знаење. Со технологија. Со доверба. И со јасна визија за модерна европска Македонија. Ви благодарам, изјави премиерот Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинчев: 23 Октомври е ден што нѐ потсетува на идејата за слободна Македонија23 Октомври е ден што нѐ потсетува на идејата за слободна Македонија, на храброста на оние што се бореа за неа и на одговорноста што ја носиме денес кон идните генерации.Идеалите на македонските револуционери се трајна обврска да ја чуваме слободата, да го градиме единството и да создаваме општество во кое правдата, достоинството и еднаквите можности се темел на заедничката иднина. Нека нивната борба биде поттик да продолжиме со верба, одлучност и посветеност кон силна, просперитетна и демократска држава, во која секој граѓанин ќе може да ја препознае својата иднина. Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! Срдечно, Горан Минчев Министер за јавна администрацијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: 23 октомври не потсетува дека Македонија е наследство од предците, одговорност на сегашноста и аманет за идните поколенијаНа 23 октомври 1893 година, во тешки и неизвесни времиња, се роди Македонската револуционерна организација, која низ годините дејствувала под различни имиња, но со еден единствен код – ВМРО. Таа е сопатник и главен организатор на македонската револуционерна борба, обединувајќи ги стремежите на македонскиот народ за слобода, автономија и национално достоинство. Преку својата дејност, Организацијата е длабок белег во македонската историја и симбол на непокорот, пожртвуваноста и вековниот стремеж за сопствена држава. Македонските револуционери ги поставија темелите на борбата за слобода, национално достоинство и право македонскиот народ сам да ја гради својата иднина, слободно да ги чува и негува своите традиции, јазик, култура и национална посебност, достоинствено и рамо до рамо со европските народи. Овој ден е сведоштво за непокорот на еден народ, за силата на една идеја и за вековниот стремеж на Македонците да живеат слободни, свои на своето, во сопствена држава. Денес, со гордост и почит, се сеќаваме на македонските револуционери, на нивната храброст, самопрегор и непоколеблива верба во правдата. Нивната жртва не смее да биде заборавена. Денешната слобода и македонската државност се обврска што ја носиме пред сите генерации што се бореле, страдале и верувале во Македонија. Наше е да ја градиме државата со чесност, знаење, труд и одговорност, да се стремиме кон правда, демократија и просперитет, да создаваме општество во кое младите ќе имаат причина да останат, да учат, да работат и да ја остваруваат својата иднина во сопствената татковина. Нека 23 Октомври биде потсетник дека единството не значи сите да размислуваме исто, туку да знаеме дека љубовта кон татковината, почитта кон нашата историја и грижата за идните поколенија се вредности што нè обединуваат. Ова е наследството што треба достоинствено да им го предадеме на идните генерации. Да го чуваме она за што се бореле нашите предци, да го почитуваме она што сме и да ја градиме Македонија каква што ја посакувале генерациите пред нас, слободна, достоинствена, просперитетна. Нека ни е честит и вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!,се наведува во честитката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМАЕИ со честитка по повод 23 Октомври: Почит за македонските револуционери и придонесот на Македонците во АлбанијаМакедонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до Македонците во Република Албанија, во Македонија и ширум светот.Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до Македонците во Република Албанија, во Македонија и ширум светот, како и до сите граѓани кои ги почитуваат слободата, човечкото достоинство, солидарноста и правото на секој народ да го зачува својот национален идентитет. Во честитката, потпишана од претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски, се истакнува историското значење на овој датум, кој потсетува на храброста, пожртвуваноста и истрајноста на македонските револуционери во борбата за слобода, правда, достоинство и подобра иднина. „Нивната борба е дел од историското наследство на Македонија и потсетник дека слободата и човековите права се вредности што бараат постојана грижа, одговорност и посветеност“, се наведува во честитката на МАЕИ. Посебен акцент е ставен на придонесот на македонските села кои денес се наоѓаат на територијата на Република Албанија. Македонското население од Преспа, Голо Брдо, Врбник, Поле и другите краишта имало свое место во револуционерното движење и во историските настани поврзани со Илинденското востание од 1903 година. Преку учеството на востаници, поддршката на македонската револуционерна организација и солидарноста со борбата за слобода, жителите на овие села придонеле за зачувувањето на идеалите за слободна Македонија. Од МАЕИ нагласуваат дека нивниот придонес претставува важен дел од историското наследство на Македонците во Албанија и заслужува да биде зачуван и пренесуван на идните генерации. Во честитката се истакнува и дека македонската заедница во Албанија и денес продолжува да го чува и развива своето историско, јазично и културно наследство, истовремено придонесувајќи за демократското општество, меѓуетничкото разбирање и соживотот во Република Албанија. Според МАЕИ, одбележувањето на 23 Октомври не е само потсетување на историските настани и жртвите на македонските револуционери, туку и повик за одговорно градење на иднината – општество во кое различностите се почитуваат, малцинските права се гарантираат, а секој човек има можност слободно да го изразува својот идентитет и да придонесува за заедничкиот напредок. „Со длабока почит им оддаваме признание на сите кои се бореле за слободата и достоинството на македонскиот народ. Нивната посветеност нека биде инспирација за единство, меѓусебно почитување, солидарност и истрајност во зачувувањето на нашето историско и културно наследство“, се наведува во честитката потпишана од претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски. Од Македонската алијанса за европска интеграција упатија порака за зачувување на македонската историја, јазик, култура и традиции, како и за градење иднина заснована врз мир, слобода, еднаквост, меѓусебно почитување и достоинство. „Нека ни е честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!“, порачуваат од МАЕИ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба08:59Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба08:59
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05