Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите
1Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември
2Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите
МакедонијаМицкоски: Филипче и Заев имаат ист вирус, со рака на срце лажат, но за истиот има лек и тоа е народотНа денешниот митинг во Крива Паланка се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што порача дека Паланка заслужува промени .На денешниот митинг во Крива Паланка во рамките на кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за локалните избори кои ќе се одржат во недела на 19 октомври, се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што порача дека Паланка заслужува промени затоа што на овие избори се одлучува за иднината на вашата општина и добро се знае дека СДСМ не е никаква алтернатива, туку партијата која е длабоко заглавена во бизнис спрегите на тие што ја водат. Мицкоски се осврна на тоа што го зборува Венко Филипче на митинзите на СДСМ, при што додаде дека не може да поверува дека тоа го слуша за што нема ни логично објаснување зошто вака зборува, како човекот да е нов и како прв пат да се занимава со политика, а заборава дека беше главна перјаница заедно со неговиот ментор и гуру, Зоран Заев во претходните влади на СДСМ кога се ограбуваше и уништуваше Македонија. „Сега дошол овде и ни кажува како тој ја доживува реалноста. Не сфаќам како може човек без образ да зборува и да се прави дека е некој друг. Тоа во медицината го викаат патологија. Патологија својствена за еден човек што ставаше рака на срце кога се колнеше во македонската жица. Но, очигледно, тоа било заразно, па тој вирус денес го има фатено и овој нов претседател на СДСМ, Венко Филипче. Вирусот започнува со чувство на самодоверба. Расте, расте … додека не прерасне во чувство на божественост. Следниот симптом? – раката на срце! Човекот што го има вирусот, инстинктивно, што и да зборува, ја става раката на срце и се колне. Понекогаш звучи чудно, невообичаено, дури и непотребно … Но, симптомот е таков“, рече Мицкоски. Додаде дека вториот симптом е да се прави како да не е од овде, како да е нов, чист, чесен, и како да не го познаваме. „И што е најинтересно, понекогаш и самиот верува во тоа што го зборува. А кога не верува тој, верува тогаш оној што му дава насоки и му го пишува говорот. Потоа доаѓа втората фаза, а тоа е заборавањето. Заборава дека другите го знаат. Заборава дека имал шанса да направи нешто. И не само што ја прокоцкал, туку е директно виновен. За трагедии. За корупција. За предавства. За срам, којшто и го нанел на својата држава“, истакна Мицкоски. Мицкоски понатаму, посочува дека еден од критичните, а можеби најкритични симптоми на вирусот, е јахтата, каде носителот на вирусот добива невидена желба за луксуз. „Се вози на јахта, мисли дека плови над реалноста. А најсилниот симптом, тоа што не реагира на ниедна вакцина, е лажењето. Тоа е неверојатно! Што да каже човекот, апсолутно е невистина и лаже. Измислува реалност што му одговара и живее во неа како да е нормално“, рече Мицкоски и додаде дека за овој вирус има две вакцини, каде првата делумно помага, а втората, целосно лекува. „Првата се вика Харис Џиновиќ. Кога ќе слушне негова песна, кај носителот на вирусот се појавува едно убаво чувство на еуфорија, што ги смирува симптомите за кратко време. Но, само за кратко. Вистинскиот лек е друг. Тој е сериозен, темелен, опасен за сите што се заразени со овој вирус. Лек што не заборава. Лек што не се потценува. Лек што го враќа човекот во реалноста со тресок, директно на земја. Таа вакцина е силна. Достоинствена и во согласност со сите демократски стандарди. Таа вакцина, тој лек се вика народот на Македонија и тој народ ќе им се случи за неколку дена од денес, на 19 октомври. Народот е лекот, лекот за да се освестат и да престанат да го потценуваат! Народот никогаш не заборава. Народот помни и помни добро, а помни за да не се повтори. Народот е лекот и со силата на тој лек, Македонија ќе победи. Ќе го победи вирусот што го зафати ова раководство на СДСМ, вирусот на ароганција, потценување, корупција и несфатливо однесување“, порача претседателот Мицкоски од Крива Паланка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември Општина Карпош објавува Јавен повик за доделување на еднократна парична помош во висина од 5.000 денари, по повод 3-ти декември - Денот на лицата со попреченост. Оваа иницијатива произлегува согласно програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година. Повикот е временски ограничен и ќе трае од денеска, понеделник (09.11.2026), па се до петок (20.11.2026) година. Во таа насока, право на остварување на еднократна парична помош имаат лица со попреченост коишто се жители на општина Карпош. За остварување на правото на паричен надомест потребно е да се достави соодветна документација како доказ за наведеното барање: - лична карта ( подносителот да е жител на општина Карпош ) - трансакциска сметка на име на подносителот на барањето) - наод и мислење за вид и степен на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби или конзилијарно мислење/наод за остварување на право на додаток за попреченост во прв степен или друг документ со кој се потврдува видот и степенот на попреченост. За таа намена, комплетната документација се поднесува во архивата на Општина Карпош. Остварување на правото на паричен надомест ќе се врши по редослед на поднесување, односно до исцрпување на средствата предвидени во финансиската рамка во точка 8. (Одбележување на 3-ти Декември - Денот на лицата со попреченост од Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година). ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентитеПремиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавата на Бленди Ходаи за студентскиот оброк, оценувајќи дека навредите упатени кон универзитетските професори се непристојни. Тој порача дека се смета за пријател и поддржувач на студентите и најави дека по завршувањето на политичкиот ангажман повторно ќе се врати на универзитетот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЗдравјеНедоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките креветиДел од сумплементите за малнутриција или состојба кога некој не прима доволно хранливи материи заради здравствена состојба а со тоа и губи мусклулна маса се на твоар на фондот за здравство. Малнутрицијата мора да го заземе важното место во делот на лекување на пациентот пред операција и по операција со цел да има целосно заздравување а пацинетот да не биде со недели во болнички кревет заради неисхранетост. Оваа тема денеска ги собира сите доктори од КАРИЛ и клиниката за гастро каде треба да се влијае на подоборување на системот од примарно ниво. На Клиниката за дигестивна хирургија и клиниката за гастро објаснуваат дека системот со правилна храна, психолошка помош е најважна во процесот на лекување. Најчесто станува збор за пациенти кои имале онколошки проблеми и интревнеции, постари пациенти и пациенти од интензвините единци за лекување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44