МакедонијаМицкоски: ЕУ најмалку што треба да направи е да не не дискриминира сите да можеме да биде граѓани на ЕвропаЕвропа да не не дискриминира и да може сите да поминуваме на брза трака при пасошка контрола на аеродромите – побара денеска премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека сите ние поседуваме биометриски пасоши. Неговата изјава доаѓа еден ден по стартот на примената на новиот систем за влез и излез во шенген зоната – ЕЕС. Мицкоски најави дека ова прашање ќе го покрене и в среда на средбата со претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен, како и во рамки на Берлинскиот процес. Во однос на транспортерите кои изминатиов период реагираа дека ова значително ќе се одрази врз нивната работа – Мицкоски, по средбата со претставници на Стопанската комора на Северо – Западна Македонија, вели по однос на ова прашање имало и регионална иницијатива од земјите од Западен Балкан и очекува час поскоро овој пристап да се олесни, и да профункционира зелената лента која ја најавуваше Европската комисија. „Ако навистина сакаме до 2030 да го видиме регионот како дел од Европа мислам дека ЕУ најмалку што треба да направи е да не не дискриминира сите да можеме да биде граѓани на Европа и сите да можеме да поминуваме пасошка конторла и да не бидеме дискриминирани зошто не сме дел од ЕУ да поминуваме на брза трака сите поседувмае биометриски пасоши...“- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Според в.д претседателот на комората, Алиу, до овој момент поплаки од нивните членки по вовдеување на новиот ЕЕС систем вели нема, но на средбата со владините преставиници потенцирани биле другите проблеми со кој се соочуваат фирмите од индустриската зона Визбегово. Еден од клучните според Алиу е инфраструктурата за што добиле вели уверување дека проблемот во најскоро време ќе биде решен. „Било тоа за граѓаните за влез од една држава во друга или каминотите товарни возила дека гоелми поплаки немаме имакој поситни некој технички работи што треба да бидат поедноставни за да може побрзо комуникацијата да биде реализирана....“-- Нихи Алиу, в.д. претседател на Стопанска комора на северо-западна Македонија. Од асоцијацијата Макам транс изминатиов период бараа да бидат третирани исто со сите дурги персонали на транспортот, авио, железнички, бродски каде, велат не важи ова правило или пак наместо во денови престојот да им се брои во часови. Оценуваат дека воведувањето на новиот систем ќе ги исели македонските камионџии или пак компаниите од Западен Балкан ќе бидат приморени да го префрал својот капитал во некоја од земјите членки на ЕУ. Тагови: ЕУ Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Абигејл интернет-сензација, милиони фанови секојдневно го разгледуваат нејзиниот профил Сексапилната Абигејл го привлече првото поголемо внимание на јавноста во 2013 година, кога нејзината фотографија на социјалните мрежи стана вирална.Абигејл Рачфорд од Пенсилванија некогаш сакала да стане фудбалерка, но сепак морала рано да се откаже од спортот поради здравствени проблеми. Во тоа време, таа немала претстава дека неколку години подоцна ќе стане една од најпознатите ѕвезди на Инстаграм и едно од најбараните имиња во светот на манекенството. Таа првпат привлече значително внимание од јавноста во 2013 година, кога нејзина фотографија стана вирален хит на социјалните мрежи. Оттогаш, нејзината кариера бележи незапирлив подем. Се пресели во Лос Анџелес и работеше како модел за престижни списанија како *Maxim*, *Esquire* и *Playboy*; денес, таа има милиони следбеници ширум светот. Абигејл често ја нарекуваат „Кралица на облините“ и „Кралица на Инстаграм“, а токму нејзиниот изглед, харизма и впечатлив стил се она што ја издвојува од останатите. Покрај модните снимања, таа соработува со бројни брендови и сама ги води своите проекти на социјалните мрежи, градејќи притоа успешен личен бренд. Сепак, зад тие гламурозни фотографии стојат многу труд и напорна работа. Одржувањето на нејзиниот изглед бара часови посветеност, специјализирани третмани и постојана грижа, како и креативност во водењето на кариерата. Абигејл Рачфорд стана една од препознатливите личности на дигиталната ера и пример за тоа како социјалните мрежи можат да создадат нова глобална ѕвезда за кратко време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизОткриен денот на свадбата на Кристијано и Георгина Откриено кога се жени светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо: Местото на свадбата има посебно значење за него.Најплатениот светски фудбалер Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна свршеница Георгина Родригез треба да стапат во брак следниот викенд, пренесува „Сан“ (The Sun). Според таблоидот „Сан“, Кристијано Роналдо и Георгина Родригез ќе го кажат судбоносното „да“ следниот викенд. Повикувајќи се на португалски извори, парот одлучи да ја организира свадбата од соништата на островот Мадеира, поточно во Фуншал – градот каде што славниот Роналдо ја започнал својата фудбалска кариера. Според локалните медиуми, катедралата во главниот град на островот е веќе резервирана за следната сабота, а свечената церемонија е закажана за 15:00 часот. По црковниот дел, големата прослава треба да продолжи во луксузниот хотел „Савој Палас“. Роналдо и Георгина инаку се во врска од 2016 година, а се свршија во август минатата година. Гласините за претстојната свадба дополнително ги поттикна самата Георгина, откако објави интересна фотографија на Инстаграм. Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
ФудбалАртета за Винисиус: Арсенал ќе биде многу амбициозенПредводникот на англискиот фудбалски шампион Арсенал, Микел Артета се осврна на шпекулациите во медиумите за интересот на „топџиите“ за Винисиус Жуниор, изјавувајќи дека клубот ќе биде „многу амбициозен“ на трансфер-пазарот. Според Goal.com, Арсенал внимателно ја следи ситуацијата со договорот на бразилскиот напаѓач во Реал Мадрид, бидејќи клубот бара засилување од светска класа за својот напад. Менаџерот на Арсенал беше воздржан кога беше прашан за евентуалното ангажирање на ѕвездата на Реал Мадрид, но испрати јасна порака во врска со намерите на клубот. По убедливата победа од 4:1 во подготвителниот натпревар против Џирона, Артета нагласи дека лондонскиот тим е подготвен да заземе одлучен пристап во потрагата по нови играчи. Кога беше директно прашан за ангажирањето на бразилското крило, тој внимателно ги бираше зборовите, но јасно ги изнесе своите цели. „Активни сме и се обидуваме да го подобриме и развиеме тимот. Тоа е јасно. Очекуваме одредени случувања во наредните недели бидејќи сакаме да напредуваме, исто како и сите други“, рече Артета. „Тоа е очигледно и на пазарот и преку потезите што ги прават нашите ривали – нема само да стоиме и да гледаме. Имаме големи амбиции за она што сакаме да го постигнеме.“ „Разликите се минимални. Сакаме да бидеме подобри, а нивото на конкуренција ќе расте, па затоа мораме да ја зголемиме конкуренцијата во самиот тим. Мораме да утврдиме што ни недостасува за да стекнеме поголема предност. Тоа е нашиот начин на размислување“, додаде тој. Оптимизмот на Арсенал произлегува од застојот во преговорите меѓу Винисиус и раководството на Реал Мадрид. Шпанскиот клуб би можел да биде принуден да го продаде играчот доколку наскоро не се постигне договор, бидејќи постои ризик тој да си замине како слободен играч следното лето.Тагови: Арсенал Артета Винисиус Жуниор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35