Јеменската влада започнува голема воена кампања за повторно освојување на сите области во земјата контролирани од Хутите
1Јеменската влада започнува голема воена кампања за повторно освојување на сите области во земјата контролирани од Хутите
Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
1Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
МакедонијаМицкоски: ДУИ по резултатот од локалните ќе се занимава со внатрепартиски, наместо со друг тип избориПремиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ДУИ ќе бидат непријатно изненадени од резултатите на претстојните локални избори и оти по нив ќе се занимаваат со внатрепартиски, наместо со друг тип избори.Мицкоски денеска за време на посетата на комплетно реновираното одделение на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), одговарајќи на новинарско прашање за можност за одржување предвремени парламентарни избори и дали чека да завршат локалните, па потоа да одлучи, истакна дека неговиот став е јасен и прецизен. - Мислам дека сум бил многу јасен и прецизен по тоа прашање. Јас жалам што се уште има структури во опозицијата, во случајов Демократската унија за интеграција, што во отуство на реални проекти и политики, во отсуство на план за граѓаните немаат друг начин како да ги мобилизираат своите гласачи и повторно ги навредуваа, велат ќе бидеме во Влада па ќе ве вработиме, ќе ви дадеме тендер, бизнис, и.т.н. Но, мислам дека тоа нема да се случи, барем така како што тие најавуваат и мислам дека на овие избори ќе бидат непријатно изненадени со резултатот, кој што ќе биде на крај, така што мислам по изборите повеќе ќе се занимаваат во внатрпартиски избори, отколку со друг тип на избори, истакна Мицкоски. Тој и претходно ги отфрла шпекулациите дека резултатот од локалните ќе доведе до нови избори напролет. Мицкоски вчера потсети дека, повеќе од 600.000 граѓани на изборите минатата година гласале за оваа Влада и затоа таа има целосен легитимитет да опстои. -Јас разбирам дека има политички партии кои освен поделби и би рекол националистичи испади немаат друга програма за да ги мобилизраат своите структури и гласачи. Единствената работа што можат да ја направат е да повторуваат предвремени избори. ВМРО-ДПМНЕ убедливо ги победи во 2021 година со историски резултат на локалните избори, па беше во опозиција три години, па дојдоа парламентарни избори, убедливо ги победи со историски резултат. Денеска сме Влада. Еве денеска излегува ревидиран БДП за 2024 година од три проценти, еден од најголемите во Европа… Одиме и над тоа. Тоа е над сите очекувања на Меѓународниот моментарен фонд и Светска банка. Би било навистина жално ако сите овие позитивни индикатори ги прекинеме со предвремени парламентарни избори. Ние како политичка партија го ставаме државниот интерес пред партиските емоции, порача вчера Мицкоски по средбата со претставници на Стопанска комора на Северо-западна Македонија.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЈеменската влада започнува голема воена кампања за повторно освојување на сите области во земјата контролирани од ХутитеЈеменската влада, поддржана од Саудиска Арабија и меѓународно призната, соопшти дека започнува голема воена кампања за повторно освојување на сите области во земјата контролирани од Хутите, поддржани од Иран.Вооружените сили на владата ќе продолжат со офанзивата „сè додека земјата не се ослободи од стисокот на терористичката милиција“, изјави јеменскиот претседател Рашад Ал-Алими во телевизиско обраќање. Портпарол на војската подоцна ги повика Хутите да го положат оружјето. Хутите, го држат главниот град на Јемен, Сана, и огромни делови од северозападот, каде што живее поголемиот дел од населението, од 2014 година. Тие досега издржаа серија напади во текот на годините од страна на Саудиска Арабија, Емиратите и нивните западни сојузници, и го осовременија своето оружје со помош на Иран. Движењето минатиот месец започна изненадувачка офанзива со која го освои стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб,на Црвеното море за само неколку недели, давајќи им на Хутите нова предност над меѓународната поморска рута.Тој напредок, исто така, отвори нов фронт во пошироката американско-израелска војна започната во февруари против Иран кои вклучуваа задушување на транспортот на нафта низ Ормутскиот теснец.,Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЦрногорскиот претседател донесе тениски рекет во Ватикан, Папата: Ѓоковиќ е СрбинЦрногорскиот претседател Јаков Милатовиќ викендов билпримен во аудиенција кај папата Лав XIV за време на неговата официјална посета на Светата Столица. „Папата Лав XIV би бил првиот папа во историјата што би ја посетил Црна Гора. За време на разговорите било потврдено пријателството меѓу Црна Гора и Светата Столица, како и заедничката посветеност на мирот, меѓусебното почитување и достоинството на секое човечко суштество“, соопштија од Кабинетот на претседателот на Црна Гора. Милатовиќ истакна дека оваа година се одбележуваат 140 години од Конкордатот меѓу Кнежевството Црна Гора и Светата Столица, 20 години од воспоставувањето дипломатски односи и 15 години од потпишувањето на Основниот договор. За време на средбата, посебно внимание било посветено на натамошното зајакнување на соработката, вклучително и на отворањето на Апостолска нунцијатура во Подгорица. На крајот од средбата, претседателот Милатовиќ му подарил на папата специјално изработен тениски рекет со црногорски државни симболи, рачно изработен филигран инспириран од добротската чипка и репродукција од првата страница на Конкордатот меѓу Кнежевството Црна Гора и Светата столица од 1886 година. Милатовиќ му подарил тениски рекет на папата поради неговата страст кон тенисот. При врачувањето на подарокот, тој го споменал тенисерот Новак Ѓоковиќ. „Тој се изјаснува како Србин“, одговори папата. „Тој исто така е многу наклонет кон Црна Гора“, одговорил Милатовиќ. #PapaLeãoXIV recebeu na manhã deste sábado, 3 de outubro, o presidente de #Montenegro 🇲🇪 , Jakov Milatović. 👉🏼https://t.co/ISokOpjk0Q https://t.co/Vhf72pyLLk — Vatican News (@vaticannews_pt) October 3, 2026 Тагови: Папата Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
ЕкономијаОд полноќ нови цени на горивата!Од полноќ во Македонија стапуваат во сила нови малопродажни цени на горивата, а според најавите, можно е нафтените деривати да поевтинат.Одлуката за новите цени треба да ја донесе Регулаторната комисија за енергетика, која ќе утврди по кои цени од полноќ ќе се продаваат бензините, дизелот и останатите нафтени деривати. Во моментов, на бензинските станици важат следните малопродажни цени: Еуросупер БС-95 се продава за 100,00 денари за литар; Еуросупер БС-98 чини 102,00 денари за литар; Еуродизел БС (Д-Е V) се продава по цена од 100,00 денари за литар; Маслото за горење ЕЛ-1 има цена од 111,50 денари за литар. Очекувањата се дека со новата одлука може да дојде до намалување на цените, што би значело поевтино точење гориво за граѓаните.Тагови: бензините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54