Мицкоски: ДУИ и Груби на владина седница препорачаа укинување на Балансерот - Канал 5

Мицкоски: ДУИ и Груби на владина седница препорачаа укинување на Балансерот

Токму кога ДУИ беше во владата и прв потпретседател беше Артан Груби  беше дадено мислење и препорака за бришење на алатката Балансер, а одлуката на Уставен суд јас не ја коментирам зашто одлуки на Уставниот суд не се коментираат.

Мицкоски: ДУИ и Груби на владина седница препорачаа укинување на Балансерот

Токму кога ДУИ беше во владата и прв потпретседател беше Артан Груби беше дадено мислење и препорака за бришење на алатката Балансер, а одлуката на Уставен суд јас не ја коментирам зашто одлуки на Уставниот суд не се коментираат, изјави премиерот Христијан Мицкоски на тврдењето на пратеничката од ДУИ Рина Ајдари.

На седница за пратенички прашања таа кажа дека оваа Влада ја укинала алатката за правична застапеност и оти речиси две години, како што рече, Албанците се без заштитени права и се објавуваат „скандалозни конкурси“ за вработување само на Македонци.

-Испраќање невистини од говорницата нема да ви донесе политички поени туку дополнително ќе одите во негативна насока што не е добро за вас. Се што кажавте е неточно и невистина. Чесно и доблесно ќе беше да се извините пред граѓаните и да кажете дека ние од ДУИ на владина седница донесовме одлука со која препорачавме да се избрише алатката Балансер и чесно и доблесно ќе беше да кажевте дека сите оние судии во Уставниот суд коишто ја донесоа таа одлука се уставни судии избрани од претходното владино мнозинство на СДСМ и ДУИ или се предлог на поранешниот претседател на државата, господинот Пендаровски. Ова е вистината што сите почитувани граѓани треба да ја знаат. Се останато е невистина и обид за груба политичка манипулација, рече Мицкоски.

Порача дека за сите што сметаат дека се обесправени постојат институции и судови и секогаш го имаат правото на жалба.

Претседателот на Владата додаде дека Законот за правична застапеност од оваа влада добил позитивна препорака од Венецијанска комисија чии одлуки, рече, според новата методологија на пристапување и преговарање по кластери, а побарано од Франција во 2018-2019 година, „се одлуки коишто не се коментираат туку се спроведуваат затоа што се дел од пристапниот процес кон Европската Унија“.

И порача дека нема да навлегува во дискусија дали тој закон му се допаѓа на ДУИ или не му се допаѓа и нагласи дека тој е премиер на сите граѓани, без разлика на нивната етничка, верска и политичка припадност.

-Како Влада нема да толерираме злупотреба на канцелариите за спортски активности во форма на жонглирање со фудбалчиња, играње баскет или, пак, поставување јога душеци, кревети, преноќување во истите и да не кажам уште што вршење во тие канцеларии. Констатирано од страна на Министетството за внатрешни работи. Нема да одам чекор понатаму и нема да зборувам за да не бидам погрешно сфатен. Но, јас би се засрамил да сум на ваше место, дама сте, да браните такви луѓе. Би се засрамил после се што правеле таму. Ова ви го кажувам најодговорно и за тоа постои полициски засписник, рече Мицкоски реплицирајќи и на пратеничката од ДУИ Ајдари.

Мицкоски: СДСМ имаше можност да направи нешто за подобрување на животниот стандард, но наместо тоа дозволи рекордни стапи на инфлација од 17, 18 и 19 проценти годишно

Денес, во услови кога имаме јасна надолна линија на инфлацијата, една од најниските во Европа, под 4 отсто, со тенденција идната година да се стабилизира меѓу 2 и 3 проценти, опозицијата, во отсуство на креативна идеја и реални политики се занимава со клеветнички напади врз Владата, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој од собраниската говорница, одговорајќи на пратеничко прашање, порача дека СДСМ имаше можност да направи нешто за подобрување на животниот стандард, но наместо тоа дозволи рекордни стапки на инфлација од 17, 18 и 19 проценти на годишно ниво со што беше нанесен огромен удар врз државата, посебно во периодот 2020 - 2023 година.

Според Мицкоски, се повеќе расте довербата кај граѓаните во оваа Влада.

-Животниот стандард е битка што во континуитет треба да ја води една влада. За подобар животен стандард треба во континуитет да се бориме и да работиме. Таа битка не смеете да ја изгубите, ако ја изгубите ќе ја изгубите и довербата кај граѓаните. Од ова досега, евидентно е дека довербата расте и од избори во избори резултатите се зголемуваат. Што се однесува до нападите на опозицијата, можам само да кажам дека во состојба кога беа влада имаа можност да покажат дека тоа што го прават е правилно и дека политиките се во насока на подобрување на животниот стандард. Но, што направија? Имавме рекордни стапки на инфлација од 17, 18 и 19 проценти на годишно ниво. Тоа беа години кога се нанесе жесток удар врз стандадрот на граѓаните. Од 2020 - 2023 се нанесоа најжестоките удари врз граѓаните и државата со задолжување, безмилосно трошење, грабеж, лоши политики. Тоа е пример што ќе се изучува во учебниците - како не треба да функционира една влада. За среќа тоа е сега минато, нашата задача е тешка, но ние ја прифативме со големо чувство на државност и секој ден работиме да исправиме по нешто погрешно направено во 2020 - 2023 година, потенцира премиерот.

Тој се осврна и на последниот извештај од Евростат.

-Сакам да кажам неколку факти. Евростат пред некој ден кажа дека потрошувачката кошница во Македонија споредена со просек дефиниран како 100 проценти, е најевтина во Европа, 72 - 73 отсто. Сите во регионот, буквално, се со поскапа потрошувачка кошница од нашата. Граѓаните имаат две опции, да му веруваат на Евростат или на кошницата што ја креираат Бранимир Јовановиќ, Драган Тевдовски и Никола Попоски. Граѓаните се тие што треба да одлучат. Дека цените се високи - да, а точно е тоа и дека секој ден треба да се бориме за подобар стандард и се бориме, подвлече Мицкоски.

Прашањето го постави пратеничката Емилија Ангелова од ВМРО-ДПМНЕ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Кина ќе се одлучува за крајот на војната Украина - Русија?!

Во Абу Даби завршија преговорите меѓу Русија, Украина и САД – прва ваква дипломатска средба по речиси девет месеци.

Во Кина ќе се одлучува за крајот на војната Украина - Русија?!

Како што се очекуваше, не беше постигнат конечен мировен договор, ниту пак беше запрена војната.

Сепак, започнати се одредени клучни процеси што би можеле целосно да ја прекројат безбедносната карта на Европа, како и самата динамика на војната во Украина.

Вториот ден, разговорите зад затворени врати траеја околу два часа. Како што потврди главниот американски преговарач, Џаред Кушнер, најголемите спорови се воделе околу исклучително чувствителни територијални прашања.

Уште пред почетокот на средбата, Русите – со помош на пратениците на Трамп – промовираа предлог за промена на административните граници, со цел, барем на хартија, да ја остварат својата зацртана цел: заземање на целиот регион Донбас.

Киев категорично ги отфрли ваквите идеи, повторувајќи дека немаат намера да ја повлечат војската зад границите на Доњецката област, која Украина сè уште делумно ја контролира.

Бидејќи не успеаја да постигнат договор за територијата, единствениот конкретен резултат од оваа средба остана големата размена на затвореници.

Според изјавите на руските и украинските претставници, тоа ќе биде најголемата размена од почетокот на војната.

Зеленски и неговото политичко раководство сега се наоѓаат во крајно незавидна ситуација. Официјален Киев строго инсистира на одреден редослед на потези: прво бараат целосен прекин на огнот, потоа јасни безбедносни гаранции, па дури потоа преговори за поширок воено-безбедносен договор.

Истовремено, украинските генерали не се откажуваат од барањето војската да остане оперативна и силна. Бидејќи стана сосема јасно дека западните сојузници сè уште не се подготвени да ја примат Украина во НАТО, Киев излегува со ново барање.

Тие бараат долгорочна финансиска поддршка во траење од најмалку десет години, за да можат да одржуваат војска од неверојатни 800 до 900 илјади војници. Во Киев сметаат дека само толку моќна воена сила би можела ефикасно да ги одврати Русите од нова инвазија.

И самото украинско општество почна да ги менува позициите кога станува збор за војната и мирот.

До неодамна, секое спомнување на компромис со Москва автоматски се прогласуваше за чиста капитулација. Денес, сепак, Украинците сè поотворено предупредуваат во јавноста за опасноста од целосен економски колапс.

Се разбира, порадикалната опозиција и дел од здруженијата продолжуваат остро да ја напаѓаат владата штом некој само ќе ги спомне преговорите со Русите. Поделбата се чувствува и во самата војска.

Од друга страна, Русите пристигнаа во Абу Даби со амбициозен план кој оди многу подалеку од самото решавање на војната во Украина. Москва се стреми кон изградба на целосно нова безбедносна архитектура.

Со цел да ги принуди Киев и Западот на отстапки, Русија намерно ја уништува украинската енергетска мрежа среде зима, ставајќи ги Украинците во уште понеповолна преговарачка позиција.

Особено е интересно како Москва грчевито инсистираше Европа да биде исклучена од преговорите. Имено, Русите сакаат САД да останат единствениот легитимен канал преку кој ќе преговараат за поделбата на сферите на влијание. Европските дипломати во Абу Даби буквално седеа на „резервната клупа“ и учествуваа исклучиво на споредни состаноци.

Понатамошните потези ќе зависат од Москва, при што Европа – веројатно со одредени отстапки што ќе мора да се побараат од Вашингтон – сепак ќе остане само обичен набљудувач.

Во пракса, тоа значи дека Вашингтон и Москва ќе ја кројат картата на Европа и ќе одлучуваат каде ќе биде стационирана војската, додека на европските лидери ќе им остане само да стават потпис. Русите одлично ја согледуваат ранливоста на европската заедница, па затоа намерно ја заобиколуваат Западна Европа и сакаат да ги наметнат своите услови преку директен договор со САД.

Сериозноста на руската позиција – како и степенот до кој светската карта навистина се прекројува – најдобро се илустрира со фактот дека Пекинг официјално потврди оти се водат разговори за историска средба меѓу Доналд Трамп, Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг.

Се очекува овој трилатерален самит да се одржи на маргините на состанокот на лидерите на АПЕК во Шенжен, Кина, на 18 и 19 ноември.

Русите веќе навестија дека, за време на престојот во Кина, Путин и Трамп имаат намера да разговараат за мировен договор за Украина – маса на која не е поканет апсолутно никој од Европа или од Киев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разоткриена мрежа за шверц на кокаин во Европа

Во Швајцарија се уапсени 41 лице како дел од меѓународна операција насочена против мрежа осомничена за шверц на кокаин и перење пари, соопшти Европол.

Разоткриена мрежа за шверц на кокаин во Европа

Истражителите ја поврзуваат оваа мрежа со запленувањето на над 750 килограми кокаин во Антверпен.

Меѓународна истрага, поддржана од Европол и Евроџаст, разоткри криминална мрежа осомничена за шверц на големи количества кокаин од Еквадор и други земји од Латинска Америка во Европа – практика што постои најмалку од 2019 година – при што истовремено се вршело и перење на средствата стекнати од трговијата со дрога.

Истрагата беше предводена од швајцарското Федерално обвинителство и Федералната полиција. Операцијата се спроведе на 10 и 11 ноември на територијата на Швајцарија, Чешка, Германија, Холандија и Шпанија. Во Швајцарија беа извршени претреси на 55 локации, а за пет од 41 уапсено лице беше побаран притвор. Европол исто така соопшти дека петмина осомничени се приведени во Германија.

Во Белгија откриени 750 килограми кокаин

Истражителите ја поврзуваат мрежата со неколку заплени на кокаин, вклучително и една од август оваа година, кога во белгискиот град Антверпен беа откриени повеќе од 750 килограми од оваа дрога, скриени во кутии испратени од Латинска Америка. Според Европол, увозот бил овозможен преку фиктивни компании регистрирани во Швајцарија и Холандија, додека се претпоставува дека заработката од шверцот се перела преку компании во Чешка, Германија и Швајцарија.

Во земјите што учествуваа во оваа операција, досега се запленети повеќе од 2,3 милиони швајцарски франци, криптовалути во вредност од 50.000 франци и 15 парчиња огнено оружје. Во Германија се запленети околу 1,3 милиони евра во готовина, додека во Чешка се одземени околу еден милион евра и 850.000 чешки круни.

Европол ја поддржува истрагата уште од 2022 година, преку олеснување на размената на информации, анализа на податоци и координација на активностите. Евроџаст поддржа заеднички истражен тим кој ги обедини надлежните органи од пет земји за да ги координираат истрагите и да разменат докази.

Фото: ВИ

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Честит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје!

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје.

Мицкоски: Честит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје!

„13 Ноември е еден од најзначајните датуми во историјата на нашиот главен град, денот кога Скопје ја дочека слободата и го означи почетокот на едно ново поглавје во своето историско постоење. На овој ден се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и непоколебливата решителност на борците кои го положија својот живот за слободата, достоинството и иднината на генерациите што доаѓаат. Нивната борба е трајно вградена во темелите на современо Скопје и претставува обврска да го чуваме историското паметење и вредностите врз кои се гради едно слободно општество.“- напиша Мицкоски.

Тој потенцираше дека денес нашата одговорност е да продолжиме да го градиме Скопје како модерен, уреден, безбеден и достоинствен европски град, град на можности, солидарност и просперитет за сите негови граѓани.

„Скопје не е само географски и административен центар, туку срцето на нашата државност, нашиот заеднички дом и симбол на истрајноста на македонскиот народ. Со почит кон минатото, одговорност кон сегашноста и визија за иднината, да продолжиме да создаваме град со кој ќе се гордеат сегашните и идните генерации. Честит 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје!“- додава Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер