Мицкоски: Досега идентификувани се 20-тина лица поврзани со пожарите - Канал 5

Мицкоски: Досега идентификувани се 20-тина лица поврзани со пожарите

Премиерот Мицкоски ги отфрли тврдењата на опозицијата дека постои разногласие со министерот за внатрешни работи Тошковски дека странски центри на моќ и хибридни напади стојат зад пожарите во Македонија.

Мицкоски: Досега идентификувани се 20-тина лица поврзани со пожарите

По изјавата на Тошковски кој во интервју кажа дека во моментов нема докази за поврзаност или организација помеѓу настанатите пожари во депониите, иако има такви сомнежи, за Мицкоски јасен доказ дека постојат моќни кругови кои настојуваат да предизвикаат страв и паника кај населението е снимката која се појави утрово од подметнувањето пожар во објект во скопска Пинтија.

- Јас сега не би навлегувал во првичната конструкција дека ме демантирал министерот за внатрешни работи, видовте утрово, се појави јасна снимка како се случува подметнување пожар во објект којшто изби утрово во 4 и 30. Видовте како дрско се подметнува пожар и тоа е само уште еден доказ за тоа што го зборувам цело време дека за жал постојат центри на моќ коишто се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните пред изборите и одговорот на прашањето кому тоа му одговара мислам дека со една многу кратка анализа ќе го добиете самите, изјави Мицкоски.

Од СДСМ, пак, бараат Мицкоски да одговара за ширење на страв и паника во јавноста без, како што велат, било какви факти и докази. Според опозициската партија изјавата на министерот за внатрешни работи е демант на изјавите на Мицкоски и потврда дека премиерот ги злоупотребил институциите и безбедносната состојба за, како што велат да ја прикрие сопствената неспособност за справување со еколошката катастрофа.

-Тошковски го демантираше Мицкоски и призна дека нема осомничени за хибридни напади, нема центри на моќ кои стојат зад пожарот во Трубарево или зад било кој друг пожар. Ова признание е директен удар врз кредибилитетот и точноста на изјавите на Мицкоски. Сега јавноста знае дека премиерот ја злоупотребил безбедносната состојба и институциите за да ја покрие својата неспособност за справување со пожарите, изјави Кузеска.

МВР досега идентификувало 20 лица за кои има основани сомнежи дека стојат зад пожарите во скопските депонии, соопшти премиерот Мицкоски и најави дека истрагата продолжува и за дополнителни дојави за овие случаи. За расчистување и регулирање на сите диви депонии во државата, Мицкоски побарал од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието да иницира итни законски измени со кои подметнување на пожар ќе биде оквалификувано како дело на тероризам, а одлагање на смет онаму каде што не му е местото да биде друго кривично дело кое ќе се казнува со казна затвор поголема од 5 години.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи.

Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи.

Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Во четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. пилешки стек

5 - 6 кисели краставички

100 гр. сусам

150 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Прилог

потпечени лепчиња и шери домати

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денеска престојуваше во работна посета на Општина Радовиш, каде што оствари средба со градоначалникот Љупче Почивалец

Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денеска престојуваше во работна посета на Општина Радовиш, каде што оствари средба со градоначалникот Љупче Почивалец, на која се разговараше за реализацијата на тековните и планираните инфраструктурни проекти, како и за натамошното унапредување на соработката меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и локалната самоуправа во општина Радовиш.

Во рамките на посетата, заменик-министерката Лашкоска и градоначалникот Почивалец извршија увид во реализацијата на проектот за уредување на речното корито на Ораовичка Река, за кој Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмите за води за 2025 и 2026 година, има обезбедено 12 милиони денари. Реализацијата на овој проект има особено значење за подобрување на заштитата од поплави, намалување на ризиците од излевање на реката и унапредување на безбедноста на населението и околните имоти.

Посебно внимание на работната средба беше посветено и на планираниот проект за изградба на водоводна, фекална и атмосферска канализациска мрежа во Урбан блок 15 во Радовиш, чија реализација е предвидена со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање. Овој инфраструктурен зафат претставува важен чекор кон подобрување на комуналните услуги, обезбедување посигурно водоснабдување и поефикасно управување со отпадните и атмосферските води.

На средбата беше нагласено дека успешното спроведување на инфраструктурните проекти бара континуирана координација и партнерство меѓу централната и локалната власт, со јасно утврдени приоритети кои произлегуваат од реалните потреби на населението.

„Граѓаните не ја мерат успешноста на институциите само според вложените средства, туку според подобрувањата што ги чувствуваат во своето секојдневие. Токму затоа, секој реализиран проект, секој метар изградена водоводна или канализациска мрежа и секое уредено речно корито за нас претставуваат вложување во нивната сигурност, здравје и поквалитетен живот. Нашата цел е инвестициите во животната средина да бидат видливи преку конкретни придобивки за граѓаните и да создаваат трајни вредности за идните генерации“, истакна заменик-министерката Лашкоска.

Во таа насока, Министерството за животна средина и просторно планирање и во 2027 година ќе продолжи да ја развива соработката со Општина Радовиш, со фокус на реализацијата на приоритетните инфраструктурни проекти, одговорното управување со водните ресурси и натамошното подобрување на условите за живот на локалното население.

МЖСПП посветено работи преку континуираните инвестиции, одговорното управување со природните ресурси и партнерството со локалните самоуправи, создава долгорочни решенија за еколошките и инфраструктурните предизвици, со јасна цел – побезбедни населени места, почиста животна средина и подобар квалитет на живот за сегашните и идните генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер