Мицкоски до крајот на мај пред највисоките партиски органи ќе предложи листа за локални - Канал 5

Мицкоски до крајот на мај пред највисоките партиски органи ќе предложи листа за локални

До крајот на месецов Мицкоски пред највисоките партиски органи ќе предложи листа со десетици имиња за идни градоначалници на локалните избори. 

Мицкоски до крајот на мај пред највисоките партиски органи ќе предложи листа за локални

Предлозите, како што кажа, ќе ги даде на седница на Извршниот комитет следната среда, на 28 мај, а ако добијат зелено светло ќе одат на Централен комитет за да се одобри нивната кандидатура. Мицкоски е уверен во голема победа на локалните наспроти опозицијата, а по редовниот партиски конгрес до крајот на годината најави и структурни промени и во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата...

- Ќе направиме листа со десетици имиња кои ќе ги претставам на Извршниот комитет, а ако добијат зелено светло одат на Централен комитет за да се одобри кандидатурата на идните градоначалници… Јас очекувам врз основа на бројките што го добивам убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Можеби онаму каде што е конкурентен СДСМ се 2 до 3 максимум 4 општини. Да бидам искрен, ако вака продолжат неодговорно да се однесуваат, можеби и да немаат освоено општина на следните локални избори, рече Мицкоски.

До крајот на месецов ќе бидат познати и првите кандидадти за градоначалници и од опозицискиот СДСМ, најави партискиот лидер Венко Филипче.. Но, тој не се согласува со прогнозите на Мицкоски и очекува граѓаните да ја казнат власта, за како што смета, лошото владеење..

-Каков ќе биде резултатот на локалните избори тоа само може да го кажат граѓаните и ќе го кажат – во каква Македонија сакаат да живеат...Најдобар доказ за тоа што се случува во владината коалиција и тоа генерално што се случува во државата е тоа што владината коалиција практично се распаѓа. Нецела година дена после формирањето, коалициски партнери заминуваат. Таравари беше еден клучен фактор од албанскиот блок што се приклучи на оваа влада, изјави Филипче.

Лидерот на СДСМ кажа дека оваа недела ќе се сретне со Таравари да разговараат за евентуална соработка. Мицкоски, пак, за деновиве најави средба со Вреди, по која ќе биде појасно кој ќе остане, а кој ќе си оди од владата откако Таравари одлучи да оди во опозиција. Се поизвесно е дека вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи нема да го следи Таравари во опозиција, а министерот за европски прашања Орхан Муртезани од Вреди очекува и други пратеници да го напуштат Таравари по примерот на Салим Сулејмани, кој најави дека поднесува оставка од сите партиски и од функцијата пратеник во Собранието на крилото од Таравари и да се приклоинат кон владејчкато мнозинство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лоренс открива кој колега се бакнува најдобро, на листата Бредли Купер,Тимоти Шаламе..

Холивудската ѕвезда, убавата актерка Џенифер Лоренс  ги рангирала колегите со кои снимала романтични сцени, според тоа кој од нив се бакнува најдобро. 

Џенифер Лоренс открива кој колега се бакнува најдобро, на листата Бредли Купер,Тимоти Шаламе..

Првото место му припадна на Џош Хачерсон иако во конкуренција биле и Лијам Хемсворт, Бредли Купер....

Американската актерка Џенифер Лоренс откри кој од нејзините холивудски колеги најдобро се бакнува, а нејзиниот редослед привлече големо внимание во јавноста.

За време на гостувањето во емисијата „Watch What Happens Live“ кај Енди Коен, актерката доби задача да ги рангира колегите со кои снимала романтични сцени. На листата се најдоа Лијам Хемсворт, Бредли Купер, Џош Хачерсон, Крис Прат и Тимоти Шаламе.

Лоренс му го додели првото место на Џош Хачерсон, со кого глумеше во филмскиот серијал „Игри на гладта“. „Џош е најдобар, а потоа, па, Хемсворт, Купер, Шаламе, Прат“, изјави актерката.

Интересно е тоа што Хачерсон беше присутен во студиото додека Лоренс го споделуваше своето мислење.

Актерката зборуваше и за снимањето романтични сцени, нагласувајќи дека, во реалноста, таквите искуства немаат многу врска со романтиката.

Присуството на голема филмска екипа, камери и напорниот работен ден создаваат атмосфера која е далеку од интимна. За неа е особено непријатно кога треба да снима сцени со бакнување со колеги кои ѝ се блиски пријатели, како што е Хачерсон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нашата генерација –Нашата Македонија, годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Под мотото „Нашата генерација –Нашата Македонија во салата Расадник се одржа 35 годишната конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ .

Нашата генерација –Нашата Македонија, годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Под мотото „Нашата генерација –Нашата Македонија во салата Расадник се одржа 35 годишната конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ .

Свои обраќања имаа претседателот на УМС Тодор Конески и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.Конференцијата ја следи Андијана Лазова Божиновска.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

На денешната 35-та годишна Конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, под мотото „Нашата генерација-нашата Македонија“, која се одржува во салата „Расадник“ во општина Кисела Вода, свое обраќање имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски при што ја најави новата кампања „Очи в очи за подобро“ за интензивни посети на општинските комитети.

„Затоа ние излегуваме меѓу граѓаните и сакам да објавам нова активност одовде, од оваа сала, дека од овој викенд, следниот и во сите наредни до крајот на годината членовите на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и јас лично, започнеме со интензивни посети на општинските и месните комитети на партијата. Ќе одиме од град во град, од населено место до населено место. Почнуваме кампања Очи в Очи за подобро“, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека понекогаш најважните прашања не се поставуваат пред камера, туку тие се кажуваат тивко, на маса, меѓу луѓе што добро знаат колку е тешко, затоа што постојат работи што не можат да се разберат од извештаи, статистики и состаноци зад затворени врати.

„Тие мора да се слушнат директно од луѓето. Токму затоа треба да разговараме очи в очи. Без однапред определен одговор и без барање сите да бидат и да мислат исто. Ќе зборуваме за она што е завршено со датум, доказ и резултат. За започнатото со јасна фаза, цена и рок. И за она што мора да се подобри со разбирање за луѓето кои веќе предолго чекаат. Не за да слушнеме само пофалби. Не за да ја повторуваме веќе познатата слика. Туку за да разговараме и за она што функционира, но и за она што не функционира“, појасни Мицкоски.

Не ветуваме, додаде Мицкоски, дека еден разговор ќе реши сè, но секој сериозен разговор може да открие што недостига, кој е надлежен и што треба да се провери повторно.

„Довербата не е нешто што еднаш се добива и засекогаш се задржува. Таа се проверува секој ден, во одлуките што секојдневно се носат, во ветувањата што се исполнуваат, во проблемите што се решаваат, но и во оние што предолго остануваат нерешени. Нема напредок без вистина за состојбите, нема доверба без почит, нема подобро без работа што може да се измери. Очи в очи за подобро и нема застанување. Од напролет на трибини меѓу целиот народ, од село во село, од град во град со народот заедно, рамо до рамо за подобра иднина, подобра иднина за младите“, порача Мицкоски од годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

На првата работа на која се осврна Конески се студентските домови, кои беа наследени во многу лоши услови со искршени прозори и тоалети, бојлери кои со месеци не работат, влага по ѕидовите и соби во кои студентите наместо да учат, се бореле со студот и инсектите.

„Тоа е минато! Студентскиот дом „Стив Наумов“ е целосно реновиран и денес 1.150 студенти живеат во услови достојни на европски студенти. По него следува „Кузман Јосифовски – Питу“, а тоа е само почеток. Планот ги опфаќа сите девет државни студентски домови, а за преостанатите седум се обезбедени околу 50 милиони евра. Ова не е проект за една година. Ова е одлука дека студентот во Македонија заслужува да живее достоинствено“, рече Конески.

Конески истакна дека вториот проект и мерка за младите се грантовите за млади претприемачи, каде што преку јавниот повик за самовработување, невработените млади до 29 години со добра бизнис-идеја имаа можност да добијат финансиски средства.

„Со години младите во Македонија слушаа дека ако сакаат да успеат, треба да си го бараат својот пат надвор. Ние велиме спротивно: ако сакаш да успееш, твоето место е тука во Македонија. Затоа оваа година, преку јавниот повик за самовработување, невработените млади до 29 години со добра бизнис-идеја имаа можност да добијат 10.000 евра неповратни средства за да го основаат својот бизнис. Тоа е порака од државата до младиот човек: веруваме во твоето знаење, веруваме во твојата идеја и веруваме дека иднината на Македонија е во твоите. Секој нов бизнис отворен од млад човек значи едно семејство помалку што ќе се раздели на аеродром, а едно ново работно место повеќе во нашите градови“, истакна Конески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Срамен потег на познат актер: Донирал 3.000 фунти на центар за жртви на силување, а самиот извршил такво кривично дело една година претходно

Контроверзниот холивудски актер  Расел Бренд донирал 3.000 фунти на хуманитарна организација за помош на жртви на силување, една година откако и самиот го извршил тоа кривично дело.

Срамен потег на познат актер: Донирал 3.000 фунти на центар за жртви на силување, а самиот извршил такво кривично дело една година претходно

Расел Бренд донирал пари на хуманитарна организација за помош на жртви на силување во неговиот роден град, само една година откако тој самиот извршил такво кривично дело.

Кон крајот на 2010 година, во негово име била уплатена донација од 3.000 фунти на „Центарот за поддршка на жртви на силување и инцест во Јужен Есекс“ (SERICC), по повод 25-годишнината од основањето на организацијата.

Во меѓувреме, Бренд бил осуден на десет и пол години затвор за силување на дваесет и едногодишна девојка во 2009 година, како и за три случаи на сексуален напад. Основачката на организацијата, Шила Коутс, изјавила дека немале директен контакт со него, но дека парите пристигнале преку неговиот менаџерски тим, откако тие испратиле барања за помош до повеќе познати личности.

„Тој поддржуваше четири или пет локални организации во крајот од каде што потекнува, но овде станува збор за злоупотреба на моќта и за другата страна од личноста на Расел Бренд. Кога ќе се стекнат со слава и пари, некои мажи ја злоупотребуваат таа позиција, а токму тоа го направи и тој. Ова сме го виделе многу пати кај славни мажи; тоа веќе не е шок, туку разочарување, бидејќи постојано се повторува“, изјави Шила Коутс.

Бренд израснал во тој крај, во градот Грејс, каде што со текот на годините поддржувал локални институции и хуманитарни акции. Коутс додаде дека, со оглед на ваквиот исход, се плаши од осудување на жртвите, бидејќи во јавноста често се слушаат коментари од типот „тоа се случило одамна“ или „зошто не пријавила порано“.

Таа нагласи дека одложувањето на пријавувањето е сосема нормална психолошка реакција и дека правосудството мора да направи повеќе за да ги разбие предрасудите поврзани со сексуалното насилство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер