АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
1АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
МакедонијаМицкоски до Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и по 2028 ќе ја формира следната влада, за ЕУ нема да водиме мекотелна политикаИ по 2028 ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери ќе ја формираат следната влада.И по 2028 ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери ќе ја формираат следната влада, а не гледам како вие со вакви ненародни политики и со тоа што претставувате меко ткиво ќе можете да добиете или да повратите дел од изгубенте гласачи, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на прашање од пратеникот и претседател на СДСМ Венко Филипче. Филипче го праша премиерот кој е Душан Адамовиќ, зошто е поставен за конзул во Белград и дали има лична релација со него, а изнесе критики со потпрашања за барањата за зголемување на платите, забележувајќи му дека рекол оти треба да се почитуваат законите но направил линеарно зголемување на пензиите. Упати критики и за состојбата во земјоделството, енергетиката, новиот закон за високо образование, евроинтеграциите … Мицкоски рече дека оваа Влада ги покачила пензите и договорила раст на платите со партнерите во јавниот сектор и потенцираше дека ќе продолжи да работи во интерес и на пензионерите и на работниците. - Жал ми е што не ја научивте лекцијата и удирате повторно по групата на луѓе кои за време на транзицијата некои ваши претходници ги оставија на улица а денеска се пензионери, и голем дел од нив станаа транзициски херои, ограбувајќи го народниот имот на граѓаните а стотици луѓе на улица како технолошки вишок и за жал пред доаѓањето на оваа влада нивните пензии беа катастрофални, а со доаѓањето на оваа влада пензиите сè уште не се во онаа кондиција онака како што заслужуваат, но колку можевме во рамки на можностите успеавме да заштедиме одредени средста и на пензионерите да им ги покачиме пензиите, рече Мицкоски. Тој дополни дека последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека просечната плата за минатата година е зголемена за 9,6 проценти, што посочи, не е доволно и треба да се зголеми но оти тоа се можностите што сега ги имаме како економија и влада во смисла на тоа што е договорено во јавниот сектор до 2028 година до кога оваа влада има добиено мандат од граѓаните. - После тоа ќе видиме, иако еве уште сега ви кажувам дека и по 2028 година ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери ќе ја формираат следната влада, а за жал со вакви ненародни политики што ги имате и претставувате меко ткиво на македонскиот идентитет и македонската политичка сцена, со вакви мекотелни изјави и прашања што сега поставувате не гледам како ќе можете да добиете или да повратите малку од онаа супстанца што ја изгубивте кај македонските гласачи, рече Мицкоски. Осврнувајќи се во состојбите во земјоделството потенцираше дека земјоделците цела 2025 година добиваат цени кај инпутот во негатива а кај аутпутот во позитива, како и дека од Македонија лани се извезени 450 милиони евра земјоделски производи а се увезени 220 милиони евра, што, потенцираше е 30 проценти повеќе од претходната година. На критиките од Филипче за Предлог законот за високо образование, Мицкоски наведе дека немаме универзитет во првите 2000 според шангајската ранг листа, затоа што, како што рече, со закон што на шверцерски начин го донела поранешната министерка за образование Рената Дескоска сега може да се стане редовен професор откако ќе се објават шест труда. - Го уништивте образованието. Денес бараме секој професор кој добива 120.000 до 140 000 денари плата, благодарение на оваа Влада, да си ја врши својата работа односно да објавува трудови во квалитетни списанија, со фактор на влијанија и кои се во базата на податоци. Треба да пишуваат затоа што ги осакатуваме децата нашите студенти и затоа најдобрите одат во Љубљана затоа што тие универзитети организираат тука саеми и им нудат стипендии. Ќе се бориме со тоа. Таа е политиката. Ќе си ги вратиме децата дома. Ако за ова треба да паднам од Влада ќе паднам, порача Мицкоски. За критиките од опозицијата за блокада на евроинтеграцијата, Мицкоски истакна „за ЕУ нема да водиме мекотелна политика“. - Вие сте мекото ткиво. Сè додека давате вакви изјави ќе имаме политичари од Бугарија кои ќе знаат дека имаме меко ткиво во македонскиот национален идентитет и ќе се обидуваат секогаш да играат на картата на помал отпор. Не можете да постигнете ништо со тоа. Ќе останете запаметен во историјата како човекот кој бил мекото ткиво од партијата која била мекото ткиво на македонскиот национален идентитет. Не ви го советувам тоа. Знаете што значи да останете запаметен во историјата, од Охрид сте, знаете точно што сакам да кажам, кој и како ги предавал моштите, наведе Мицкоски. Му порача на Филипче дека Владата и во енергетика може да и одржи лекција на опозицијата и го покани да одат заедно на терен за да види реализација на приватна инвестиција од половина милијарда долари, но посочи „вие сте навикнати на македонски инвестиции во Грција во соларни електрани“. Филипче претходно му рече на Мицкоски дека под негова директна команд, пратениците на мнозинството ги оставија работниците без заслужено зголемување на платите. „Видовме вчера, под ваша команда, пратениците на владеачкото мнозинство не го изгласаа предлог-законот. Ги оставија работниците без зголемени плати, имаат проблеми во секојдневниот живот, не можат да врзат крај со крај. Тие не протестираат заради некаков чалам. Тие протестираат поради вистински проблем“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ потенцираше дека кризата се чувствува во сите сегменти вклучутелно и кај земјоделците.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и СтрумицаОд денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства. Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола. Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..Тагови: Алта банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ХороскопДневен хороскоп за 9. ноември 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 9. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат. Кариера Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго. Здравје и совет Обидете се да бидете полежерни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти. Кариера Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди. Здравје и совет Разделете ја реалноста од фантазијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас. Кариера Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време. Здравје и совет Внимавајте на грлото. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане. Кариера Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени. Здравје и совет Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба. Кариера Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство. Здравје и совет Бидете трпеливи во љубовта. Овен 21.3-20.4. Љубов Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно. Кариера Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право. Здравје и совет Искреноста е доблест. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа. Кариера Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка. Здравје и совет Бидете искрени кон себеси и кон другите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа. Кариера Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате. Кариера Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм. Здравје и совет Не сте на трка . Опуштете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира. Кариера Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба. Здравје и совет Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна. Кариера Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа. Здравје и совет Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате. Кариера На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина. Здравје и совет Ја одржувате добрата форма.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook