Мицкоски до Филипче: Ја манипулиравте јавноста со покачување на струјата над пет, десет проценти, а вие како Влада направивте катаклизма во енергетскиот сектор - Канал 5

Мицкоски до Филипче: Ја манипулиравте јавноста со покачување на струјата над пет, десет проценти, а вие како Влада направивте катаклизма во енергетскиот сектор

-Ова прашање можеби најдобро ќе ви го одговори новиот член на вашиот Извршен комитет господинот Бислимоски, кој што е брат на претседателот на Регулаторна комисија, Марко Бислимоски. 

Мицкоски до Филипче: Ја манипулиравте јавноста со покачување на струјата над пет, десет проценти, а вие како Влада направивте катаклизма во енергетскиот сектор

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за поставување пратенички прашања, одговарајќи на прашање на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, во однос на поскапувањето на цената на струјата, нагласи дека изминатиот период тие постојано ја манилупирале јавноста со бројки за покачуваење на цената од над пет проценти, над десет проценти за на крај да излезе дека поскапувањето е 2 и нешто проценти.

-Ова прашање можеби најдобро ќе ви го одговори новиот член на вашиот Извршен комитет господинот Бислимоски, кој што е брат на претседателот на Регулаторна комисија, Марко Бислимоски. Регулаторната комисија по закон, по Устав е незвисно тело, не знам зошто мене ми го поставувате ова прашање, претпоставувам треба да му го поставте на Марко Бисломоски, чиј што брат сега ви е соработник во Извршниот комитет на СДСМ и се надевам дека тој ќе ви даде пропрецизен одговор од мене. А зошто ја манипулиравте јавоста со поскапувања од над пет проценти, па над десет проценти, па не излезе толку, излезе 2 запирка нешто проценти претпоставувам исто така тие можат да ви дадат одговор, му одговори Мицкоски на Филипче, кој меѓудругото го праша и зошто тие како Влада, во изминатите над година и половина не сториле нешто за да го зајакнат енергетскиот сектор.

Мицкоски истакна дека изминатите година и половина повеќе од 50 луѓе, кои што го уништувале тоа кое што е оставено од претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, која тој бил директор на ЕЛЕМ, или се под истрага или се водат судски процеси против нив, а поранешен директор и висок поранешен функционер на СДСМ е во бегство.

-Ако е невин, ако е чесен ќе дојде тука и ќе се соочи со органите и ќе даде исказ и ќе каже зошто е така. Дали можеби кога зборувате за енергетските капацитети мислите и на компани кои што во минатото добивале екслузивно право да увезуваат јаглен и за тоа одредени јавни личности и политичари беа наградувани со скапи џипови, кои што ги возеа со полномошно на такви фирми и се префрлаа средства во соседството. Дали на тоа мислите кога зборувате за уништување на енергетскиот систем или пак мислите на тоа кога се купуваа хемикалии и останати средства, кои не се потребни за се делат провизии на високи поранешни фунционери на СДСМ во Вардарскиот регион, во Пелагонскиот регион и.т.н. Дали на тоа зборувате и на тоа мислите кога зборувате за уништување на енергетскиот систем, рече Мицкоски.

Ќе ве потсетам, додаде, август месец 2017 година нула долгови, 25 милиони евра депозити и некаде околу 380 милиони денари на сметка на тогашната АД ЕЛЕМ и нула долгови, исплатени плати, август 2024 месец 7 проценти состојба на акумулации на електрична енергија, нула откривка на јаглен во РЕК Битола, на депонијата околу околу 20 - 30 илјади тони, неремонтирани блокови во РЕК Битола, неремонтиран Осломеј, една катаклизмична состојба и долгови од повеќе од 150 милиони евра.

-Јас не знам како се оперира глава, срце и.т.н., но знам кого да прашам, друг пат кога ќе ви ги постават овие прашања и пак ќе ве носат во длабоко, бидејќи не е ова ваша тема, барем прашајте некој кој што ги разбира овие работи затоа што тоа што вие го оставивте како Влада во енергетскиот сектор катаклизма е комплимент, но затоа оставивте позади себе десетици стотици милионери, политички профитери и лешинари, кои се талог на општеството, потенцира Мицкоски.

Тој се осврна и на антикорупциската платформа на СДСМ, при што напомена дека со тоа тие само дополнително им покажуваат на граѓаните зошто седум пати по ред континуирано губат избори и зошто сега на 11-ти повторно ќе изгубат.

-И јас ви велам и на следните парламентарни избори ќе ви се случи дебакл и повторно ќе изгубите ако вака продолжите, нагласи Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Елмас: Тешко е да се збори, заслужено победи Шкотска

Македонската фудбалска репрезентација претрпе нов пораз во Лигата на нации, откако загуби од селекцијата на Шкотска со 0-2 на домашен терен.

Елмас: Тешко е да се збори, заслужено победи Шкотска

Гостите покажаа поголема решителност во завршницата, додека нашата репрезентација и по три одиграни кола останува без постигнат погодок.

-Тешко е да се збори, заслужено победи Шкотска, многу тежок момент, на сите играчи им е тешко и на мене. Треба да научиме од оваа ситуација. Мораме да се кренеме од ова, изјави Елиф Елмас

-Примивме многу рано гол, мислам дека тоа беше еден од кличните моменти. Требаше да ја држиме повеќе топката и да ги тераме да трчаат- вели Бојан Миовски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!

Ресен и Преспанскиот регион повторно се соочуваат со земјоделска неизвесност.

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок!

Индустриското јаболко се откупува за само 4 денари за килограм, додека производствените трошоци надминуваат 10 денари по килограм. Тоа веќе не е земјоделство, туку принудна работа со однапред пресметана загуба.

„Апсурдот станува уште поголем кога ќе се земат предвид трошоците за бербата. За една дневница од околу 3.000 денари, овоштарот треба да продаде дури 750 килограми индустриски јаболка, без да ги пресмета горивото, ѓубривата, средствата за заштита на насадот и целогодишниот труд. Владата не може повеќе да се крие зад пазарните услови и да се однесува како да нема никаква одговорност кон производителите на јаболка. Нејзина обврска е да создава услови за одржливо производство, фер пазар и навремена поддршка на домашните земјоделци“, вели во својата изјава Илија Чилиманов, правен експерт и член на ИО на Либерално-демократската партија (ЛДП).

За подобрување на условите, Чилиманов од надлежните побара носење на итни и конкретни мерки:

- Итна финансиска поддршка за производителите на индустриско јаболко, со цел да се намали јазот меѓу производната и откупната цена.

- Навремена исплата на сите заостанати субвенции, без дополнителни административни одолговлекувања.

- Транспарентен систем на откупни цени и јавно објавување на понудите од откупувачите.

- Поддршка за преработувачките капацитети и домашната индустрија, за производството да добива дополнителна вредност во Македонија.

- Долгорочна стратегија за овоштарството, со посебен акцент на Преспанскиот регион и на заштитата на малите и средните земјоделски стопанства.

„Земјоделците не бараат милостина и сожалување. Тие бараат фер услови за сопствениот труд и можност да живеат од својата работа. Доколку Владата не може да го заштити домашното производство, тогаш во истиот момент да престане да зборува за економски развој и рекорден раст, бидејќи цели земјоделски региони се борат за гол опстанок“, посочува Чилиманов.

На земјоделците од Преспанскиот регион не им требаат празни ветувања и фотографирања со гајби јаболка. Нив им требаат конкретни реформи, инвестиции и институции кои што ќе ги заштитат.

„Крајно време е земјоделците да престанат да бидат последната алка во синџирот и конечно, да станат рамноправни економски партнери. ЛДП останува на страната на производителите на јаболко и ги поддржува сите нивни организирани активности за остварување на нивните права, вклучително и обезбедување на бесплатна правна помош“, заклучува Чилиманов во својата изјава.

YouTube video

ЛДП

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Битола: Под рефлектори и спортските терени во ОУ „Гоце Делчев“

Осветлени и спортските терени во објектот на училиштето „Гоце Делчев“ познато во јавноста како турското училиште.

Општина Битола: Под рефлектори и спортските терени во ОУ „Гоце Делчев“

Училишниот објект доби два спортски терени, едниот терен за ракомет и мал фудбал, а другиот за кошарка.

Под асфалтна површина се 837 м2, а спортските игралишта имаат тартан подлога.

Терените се опремени со реквизити, урбана опрема, а проектот предвидува и зелени површини, површини под бехатон плочки. Деновиве и рефлекторите ги осветлија терените.

Средствата за изградба на овие терени се од вториот владин повик, преку министерството за образование и наука, а вредноста на договорот е 7.497.068 денари.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер