Мицкоски до Ахмети: Игрите на етничка карта се научени, ние читаме една нова книга за Македонија која е развиена, во која младите се враќаат - Канал 5

Мицкоски до Ахмети: Игрите на етничка карта се научени, ние читаме една нова книга за Македонија која е развиена, во која младите се враќаат

​СДСМ на овие избори настапуваат со слоганот „се бориме за нашиот дом“. И сè е тоа фино, ама забораваат дека пред година и три месеци тие управуваа со домот. 

Мицкоски до Ахмети: Игрите на етничка карта се научени, ние читаме една нова книга за Македонија која е развиена, во која младите се враќаат

И она што го затекнавме не беа нарушени, туку уништени темели. Кога ќе се сетам дека првите одлуки кои ги донесов како премиер беа да враќаме плати кои тие не ги исплатиле и дека делевме субвенции кои тие со години не ги исплаќаа. Секој ден во Владата ми доаѓаше по некој кој сведочеше за рушвет, тоа трае и денес, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Битола.

„Се сеќавате дека 500 илјади наши сограѓани, поточно секој трет човек во државата живееше со 150 денари на ден. Дека имаше двоцифрена инфлација, дека го руинираа животниот стандард на чие кревање напорно и постепено работиме. А ДУИ беа господарите кои одлучуваа за целата економија, за тендерите, купуваа трговски центри, бензински пумпи, скапи деловни простории и што уште не. Се сеќавате ли на играњето фудбалчиња во канцеларии“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека тоа време на народот не му носи ништо добро.

„Го слушам Филипче како се потсмева на тоа што на пензионерите им се зголемуваат пензиите за 1000 денари, а намерно пропушта да каже дека за година и пол пензиите се зголемуваат за цели 5000 денари, што покажува дека има разлика со времето кога тие наместо да даваат земаа од пензионерите. Јас и сфаќам дека 5000 денари не се големи пари за Филипче кој е научен на јахти, згради и веселби во Дубаи, но ние го испорачавме тоа што го ветивме“, укажа Мицкоски.

Мицкоски се осврна на однесувањето на Али Ахмети и раководството на ДУИ во текот на оваа локална кампања.

„Што се однесува до Ахмети, тажна е сликата како се присеќа и дели некакви историски лекции, додека неговиот народ се иселува поради неговото криминално владеење. Човекот води избори за локални избори, а не пропушта да спомне историска лекција. Но, додека беше во владата не заборави своето семејно портфолио да го зголеми со еден убав трговски центар во центарот на главниот град, неговите соработници да купуваат скапи деловни простории. Но, затоа не кажува ни еден збор што ќе направи да ги задржи Албанците во своите родни места, но него не му е до Албанците, тој само се заканува и игра само на етничка карта. Сакам да му порачам дека овие лекции се научени и се минато, ние читаме една нова книга за Македонија која е развиена, а младите што се селеа поради таквите како него да се вратат во државава“, заклучи Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар

За три денари поевтинува дизелот, додека бензините од полноќ ќе бидат поевтини за денар и половина. РКЕ ги објави новите цени на нафтените деривати, според кои литар дизел ќе се продава за 97 денари, Еуросупер 95 за 98, 5, а Еуросупер 98 за 100, 5 д

Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар

Во пресметката остануваат и намалениот ДДВ за дизелот од 18 на 10 проценти и акцизата за горивата за четири денари, мерки што важат до 12 октомври а се однесуваат на ублажување на ценовниот притисок врз граѓаните и економијата.

Но, поевтиното гориво на бензинските пумпи ќе значи и помали приходи во државната каса. Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека токму намалените приходи од акцизите и ДДВ се една од причините поради кои до крајот на месецот ќе се прави ребаланс на Буџетот. Според пресметките ќе се кратат околу 120-130 милиони евра и на приходната и на расходната страна.

-Ние остануваме држава со најниски цени кога станува збор за дизел-горивото и безоловниот бензин од 95 и 98 октани. Отприлика, од 25 до 50 центи по литар е поевтино кај нас горивото отколку во соседството. Нормално, тоа си има своја цена. Цената е отприлика од 7 до 8 милијарди денари и затоа, за да се избалансираат сите овие работи, ние ќе правиме ребаланс. Очекувам во текот на овој месец да биде завршена процедурата и за нас приоритет е стандардот на граѓаните – изјави Христијан Мицкоски -Премиер на Македонија.

Од опозицијата, пак, сосема поинакво толкување за потребата од ново прекројување на државната каса. Соред Венко Филипче премиерот манипулира со граѓаните кога ребалансот го поврзува со намалените давачки за горивата. Тој тврди дека ако буџетскиот недостиг е 130 милиони евра, тогаш бројките од ДДВ-то и акцизите на горивата не ја потврдуваат тезата на премиерот.

-Ако и покрај намалувањето на едно одредено изминатите месеци на ДДВ и Акцизите вкупната цена на горивата е зголемена за повеќе од 50 проценти, тоа зналчи дека и со намалено ддв и акцизата на поголема влезна цена на горивата, ако не повеќе најмалку исто ќе биде приливот по основ на Акциза и ДДВ од поскапи горива, уште една лага на Мицковски, што е лагата, лошо испланиран Буџет – изјави – Венко Филипче – Претседател на СДСМ.

Во дебатата за цените на горивата се вклучи и ЛДП. Од партијата бараат, Владата да воведе поврат на дел од ДДВ за горивата за домашните граѓани и компании. Според партијата, со сегашниот модел индиректно се субвенционираат и граѓани од соседството кои доаѓаат да полнат гориво во земјава па наместо тоа, бараат Владата да најде модел како ДДВ-то би се вратило на домашните потрошувачи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут

Во трката за домаќин на финалето на Светското фудбалско првенство во 2030 година би можел да се појави и трет сериозен кандидат.

Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут

Покрај Мадрид и Казабланка, и Барселона ја подготвува својата кандидатура, сметајќи на целосно реновираниот стадион „Камп Ноу“. Иако првичните шпански планови главно го поврзуваа финалето со Мадрид, Мароко во последните месеци значително ги засили напорите за да го доведе финалниот натпревар во Казабланка.

Вклучувањето на Барселона во конкуренцијата дополнително би ја усложнило одлуката, која е во надлежност на ФИФА.

Реновираниот стадион на Барселона, Камп Ноу ќе има капацитет од 104.000 гледачи, со што ќе стане најголем во Шпанија. Завршувањето на работите моментално е планирано за првиот квартал од 2028 година, што остава доволно време за тестирање на функционалноста пред Светското првенство.

Претседателот на клубот, Жоан Лапорта, како клучни аргументи ги истакнува капацитетот на стадионот и можноста градот за првпат да биде домаќин на финале на Светското првенство. Мадрид претходно ја имаше таа чест во 1982 година, но тоа не ја исклучува можноста за нова кандидатура; ФИФА не наложува приоритет да му се даде на град кој претходно не бил домаќин на финале. Капацитетот на „Камп Ноу“ исто така носи и дополнителни логистички предизвици.

Прифаќањето на повеќе од 100.000 навивачи би барало крајно сложени подготовки во однос на транспортот, безбедноста и пристапот до стадионот.

Казабланка го смета стадионот „Хасан II“ – планиран да прими 115.000 гледачи – за својот најсилен адут. Проектот се наоѓа надвор од центарот на градот, на околу 38 километри од Казабланка; затоа, покрај завршувањето на стадионот, од клучно значење ќе биде и воспоставувањето соодветни транспортни врски.

Од друга страна, Мадрид се потпира на своето искуство и на реновираниот „Сантијаго Бернабеу“, во чија реконструкција до јуни 2026 година ќе бидат вложени околу 1,4 милијарди евра. Негов недостаток во споредба со конкурентите е помалиот капацитет.

Во извештајот за евалуација на кандидатурата се наведуваат 78.297 седишта, иако конечниот број на седишта за конфигурацијата наменета за Светското првенство сè уште не е потврден.

Изјавите на шпанските и мароканските функционери не претставуваат потврда за добивање на правото за домаќинство. Конечната одлука ќе ја донесе ФИФА, која сè уште нема објавено официјален датум за изборот.

Според извештаите на шпанските медиуми, исходот би можел да биде познат во 2028 година, иако тој временски рок сè уште не е официјално потврден. Во меѓувреме, покрај фокусот на стадионите и инфраструктурата, ќе се одвива и политичка и дипломатска битка околу најпрестижниот натпревар во светскиот фудбал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Зголемена поддршката за зелена нафта, доделувањето на картичките започнува оваа недела

Почеток на доделувањето на првите картички за зелена нафта во текот на оваа недела, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на денешната прес-конференција

Серафимовски: Зголемена поддршката за зелена нафта, доделувањето на картичките започнува оваа недела

Почеток на доделувањето на првите картички за зелена нафта во текот на оваа недела, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на денешната прес-конференција, која ја одржа заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Во пресрет на есенската обработка и подготовката на нивите, во текот на оваа недела започнуваме со доделување на првите картички за зелена нафта. За оваа мерка обезбедивме 584 милиони денари. Поддршката ја зголемивме за 12,3 проценти, со што директно го намалуваме трошокот за гориво во период кога земјоделците повторно влегуваат на нивите“, рече министерот Серафимовски.

Тој истакна дека во следниот период приоритет на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде и исплатата на финансиската поддршка од два денари за килограм јаболко од бербата во 2024 година, а кое е предадено до 30 јуни 2025 година. Станува збор за средства во висина од околу 150 милиони денари, за чија исплата налозите веќе се подготвени и сите производители што навремено поднеле барање и ги исполнуваат условите ќе бидат исплатени.

„Откупот на винското грозје е во завршна фаза. Винариите досега имаат прифатено и преработено речиси 80 милиони килограми грозје, вклучувајќи го сопственото производство, а дополнително се извезени околу 13 милиони килограми, со што вкупната количина е околу 93 милиони килограми набрано грозје“, информираше министерот Серафимовски, притоа додавајќи дека во завршна фаза се и административните постапки за кредитната линија преку Развојната банка, со која е предвидено финансирање на откупот на винско грозје, чија цел е да се зајакне ликвидноста на винариите и да се создадат услови за исполнување на обврските кон лозарите.

„Според последните информации, во прилепскиот регион, просечната откупна цена на црвената пиперка од сортата куртовска капија е зголемена на 25 денари за килограм при предавање во откупен центар“, посочи министерот Серафимовски.

Тој соопшти дека во двата најголеми производни региони за оваа сорта досега се откупени вкупно 44 милиони килограми пиперка, и тоа 11 милиони во откупните центри во Кривогаштани и 33 милиони во Струмица.

„Извозот на пиперка достигна 15 милиони килограми, приближувајќи се до вкупното минатогодишно ниво од 15,5 милиони килограми, додека откупот сè уште трае“, додаде министерот Серафимовски.

На прес-конференцијата тој се осврна и на измените на Правилникот за квалитет на млекото и млечните производи, а со кои се ограничува употребата на млеко во прав, реконституирано млеко и палмино масло во производството.

„Максимално дозволената количина на овие состојки треба да биде од 1 до 2 отсто“, информираше министерот Серафимовски.

Тој го претстави и Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи, кој е ставен на јавна расправа. Предложените решенија предвидуваат писмени договори пред испораката, регистрирани откупувачи, однапред утврдени услови за откуп, точна евиденција и рокови за плаќање.

„Сакам да ја искористам оваа прес-конференција да ги повикам сите земјоделци, здруженија и иницијативни групи активно да се вклучат и да достават конкретни забелешки и предлози на ЕНЕР или пак во подрачните единици на министерството“, порача министерот Серафимовски.

За резултатите од контролите на откупот на различни производи информираше директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски, кој соопшти дека за утврдените неправилности инспекторатот изрекол 30 инспекциски мерки и издал 17 платни налози, од кои три се платени, а за преостанатите 14 се води прекршочна постапка пред Прекршочната комисија во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Државниот инспекторат за земјоделство во тековната 2026 година, заклучно со 15 септември, има извршено вкупно 873 вонредни инспекциски надзори согласно Законот за земјоделство и рурален развој, кај регистрирани правни лица кои вршеле откуп на земјоделски производи“, изјави Ангеловски.

Тој информираше дека при контролите најчесто е констатирано откуп без договори со производителите, неисплатени обврски, непочитување на роковите за исплата, неистакнати ценовници, непоседување верификувани мерни инструменти и откуп без упис во регистарот на откупувачи.

„И во наредниот период, инспекторатот ќе продолжи со редовни инспекциски контроли кај откупувачите на земјоделски производи, со цел заштита на правата и интересите на земјоделските производители, а за сите утврдени неправилности ќе бидат преземени соодветни инспекциски мерки согласно законските прописи“, истакна директорот Ангеловски.

Министерот Серафимовски:

YouTube video

Директор Ангеловски:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер