Мицкоски: Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200.000 евра, состојбата се следи, има и други мерки - Канал 5

Мицкоски: Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200.000 евра, состојбата се следи, има и други мерки

 Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200.000 евра, а неделно се очекува да биде 1,5 милион евра. 

Мицкоски: Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200.000 евра, состојбата се следи, има и други мерки

Како што рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, состојбата се следи многу внимателно, има уште неколку мерки, претстојат предизвици, но граѓаните и бизнисот треба да бидат спокојни.

Одговорајќи на новинарски прашања, Мицкоски напомена дека во Македонија моментно има убедливо најниска цена на дизелот и на безоловното гориво во споредба со која било земја од регионот, а потрошувачката е зголемена за речиси 150.000 литри на ден.

Според премиерот, многу граѓани од соседните држави полнат гориво на нашите бензински пумпи. Притоа притисокот е најголем на западната (Охрид, Струга, Дебар), јужната (Битола, Гевгелија) и на северната (Куманово) граница.

Мицкоски потенцира и дека Владата во однос на горивата одлучила да преземе поробусна интервенција, која, како што објасни, ќе спречи драматично поскапување, кое би удрило врз стандардот на граѓаните.

- Имаме уште неколку мерки, но внимателно ја следиме ситуацијата. Граѓаните и бизнисот да бидат спокојни. Имаме предизивци, но електроенергетската состојба е исклучително стабилна и снабдувањето со нафта и нафтени деривати е исклучително стабилно. Во овој момент ги задоволуваме домашните потреби. Како земја имаме најниски давачки кон Владата кога станува збор за бензините и дизел-горивото. Правевме анализа, имајќи ги предвид цените на берзите, и дојдовме до заклучок дека ако интервенираме во акцизите, тогаш намалувањето за безнините ќе беше еден денар за литар, а за дизелот два денара. Затоа се одлучивме за поробусна интервенција, со која се намалуваат цените за 6,5-7 денари за литар. Сакавме поробусна интервенција за веднаш да почувствуваат граѓаните, да нема драматично зголемување, кое би удрило врз стандардот - напомена Мицкоски по пуштањето во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во општина Тетово.

Тој потсети дека на вчершаната седница Владата донесе одлука да прогласи кризна состојба од 30 дена и да го намали ДДВ-то на горивата од 18 на 10 отсто.

- Ние сме една од ретките влади во Европа кои директно од буџетот го поддржуваат стандардот на граѓаните и така ќе продолжиме. Тоа за нас е најголем интерес и приоритет и тоа е целта на една народна влада како оваа, -истакна премиерот.

Досега, информира, не е реализиран разговор со раководството на „Окта“.

- За тоа е задолжена министерката за енергетика. До овој момент немам информација дека е реализиран тој разговор. Очекувам денеска тоа да се разлизира и очекувам разбирање од „Окта“. Сега се моментите да си помогнеме едни на други - порача Мицкоски.

Во врска со коментарите на опозицијата дека Владата не прави доволно во однос на кризата, Мицкоски истакна дека единственото нешто по кое ќе биде запамтен СДСМ е фактот дека како држава најлошо се справивме со ковид-пандемијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата од водоводот во Демир Капија се забранува за пиење и подготвување на храна!

По добиените резултати од анализите на примероците земени во понеделник и вторник, од истото мерно место, добиени се различни резултати.

Водата од водоводот во Демир Капија се забранува за пиење и подготвување на храна!

Анализата на примерокот земен во понеделник од страна на Институтот за јавно здравје – Скопје покажува дека водата не ги исполнува условите пропишани со правилникот за вода за пиење.

Од друга страна, анализата на примерокот земен во вторник од страна на Центарот за јавно здравје – Велес покажува дека водата ги исполнува условите согласно правилникот за вода за пиење.

Поради различните резултати, во понеделник ќе биде извршена супер анализа.

Затоа, водата од водоводот во Демир Капија се забранува за пиење и подготвување на храна!

Забраната ќе важи до добивањето на конечните резултати од супер анализата.

ЈКП „Бошава“ – Демир Капија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар.

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Несериозно и неодговорно е, по сè што се случуваше во Гостивар, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на изјави.

Особено затоа што власта постојано даваше различни информации а изјавите на владините функционери во изминатите пет недели беа различни и контрадикторни.

Прашање е и зошто досега ниту еднаш јавно не е објавена целосна анализа на водата за Гостивар?

Нема документ. Нема извештај.

Затоа СДСМ бара Владата денеска да овјави целосен извештај за водата во Гостивар.

Кои се резултатите од анализите и која институција ги извршила?

Кој го потпишал извештајот?

Кој одобрил користење на водата и кој со својот потпис гарантира дека таа е безбедна за граѓаните?

По 5.000 илјади граѓани со здравствени проблеми и по сите контрадикторни информации од институциите, повеќе нема простор за усни уверувања.

За здравјето на граѓаните мора да постои документ, стручна анализа, институционална одговорност и потпис.

Граѓаните бараат една едноставна работа: чиста и безбедна вода и имаат право да ја знаат целата вистина.

Бидете барем еднаш сериозни и одговорни - објавете документ.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела држава

За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци.

72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (13.08.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на лесни електрични возила на територијата на целата држава, при што санкционирани се 72 возачи.

Од нив, по 11 на територијата на СВР Тетово и СВР Битола, осум на територија на СВР Велес, седум на територија на СВР Куманово... Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се 20 возачи на лесни електрични возила. За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер