Мицкоски: Да создадеме услови во кои знаењето ќе се претвора во иновација - Канал 5

Мицкоски: Да создадеме услови во кои знаењето ќе се претвора во иновација

Да создадеме услови во кои знаењето ќе се претвора во иновација, иновацијата во производ, а производот во нови работни места.

Мицкоски: Да создадеме услови во кои знаењето ќе се претвора во иновација

Денес е значаен момент за нашата држава. Со формирањето на Советот за иновации, научно-технолошки развој и претприемаштво ја потврдуваме нашата јасна и силна определба Македонија да се позиционира како земја на знаење, наука, истражување, иновации и модерна конкурентна економија - изјави премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на конститутивна седница на Советот за иновации.

Мицкоски нагласи дека како Влада преземаат целосна одговорност да ја водат оваа трансформација и оти овој Совет не е само формалност, туку инструмент на стратешка промена и механизам преку кој науката, истражувањето и дигитализацијата ќе станат двигатели на економскиот раст.

- Денес, светот се менува со огромна брзина. Дигитализацијата, новите технологии и истражувањата го дефинираат напредокот на нациите. Нашата цел е јасна - да создадеме услови во кои знаењето ќе се претвора во иновација, иновацијата во производ, а производот во нови работни места и подобар животен стандард за граѓаните - рече премиерот.

Истакна дека самата структура и состав на Советот, кој ги обединува клучните министерства и ресори, академската заедница и експертите од различни области, гарантира интегриран и стратешки пристап во носењето одлуки.

Додаде дека ова тело ќе обезбеди координација помеѓу образованието, науката, дигиталната трансформација и економските политики.

- Нашата цел е мерките да бидат конзистентни, транспарентни и ефективни, со јасни индикатори и мерливи резултати. На оваа прва седница го усвојуваме клучниот документ за следните четири години – Четиригодишната програма за поттикнување на иновациите, научно-технолошкиот развој и претприемништвото. Оваа програма не е само административен акт. Таа е визија за развој заснован на наука, истражување и дигитализација. Таа создава рамка за поддршка – од првата идеја, преку истражувачки развој и пилотирање, до целосна комерцијализација, посочи Мицкоски.

Тој потенцира дека со оваа политика создаваме основа за отворање нови, квалитетни и добро платени работни места.

- Поддржувајќи ги стартапите, технолошките компании, истражувачките центри и иновативните мали и средни претпријатија, директно инвестираме во подобра економија – економија што создава вредност, извезува знаење и гради долгорочна стабилност. Во координација со Министерството за образование и наука, Министерството за дигитална трансформација и Министерството за економија и труд како креатори на политиките, Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА е главен имплементатор на програмата. Но, успехот нема да биде резултат на една институција – туку на заедничка работа. Владата, ИНОВА, универзитетите, истражувачките институти, приватниот сектор и претприемачите мора да дејствуваат како единствен екосистем, рече Мицкоски.

Премиерот нагласи дека овој Совет испраќа јасна порака дека Македонија избира економија базирана на знаење.

- Избираме инвестиции во наука и истражување. Избираме дигитална трансформација. Избираме нови работни места, повисока продуктивност и подобар стандард за сите граѓани. Време е идеите да ги претвориме во конкретни проекти, истражувањата во решенија, а визијата во реални резултати, заклучи Мицкоски на конститутивната седница на Советот за иновации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО за прозивките од СДСМ: Предмети отвораме врз основа на докази, не на барања од политички партии

По прозивките од СДСМ, Јавното обвинителство соопшти дека предметите ги оформува исклучиво врз основа на прибавени докази и закони, а не под влијание или барања на политички субјекти.

ОЈО за прозивките од СДСМ: Предмети отвораме врз основа на докази, не на барања од политички партии

Од ОЈО Скопје посочуваат дека институцијата постапува согласно своите законски надлежности во сите случаи каде што постојат индиции или докази за сторено кривично дело.

Оваа реакција од Обвинителството доаѓа како одговор на прашањето дали ќе биде отворена истрага за случајот со „АЛТА банка“, по барањата и обвинувањата кои беа јавно изнесени од страна на опозицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кристијано Роналдо станува продуцент и влегува во Холивуд

Најдобро платениот светски фудбалер, легендарниот Кристијано Роналдо станува продуцент и влегува во Холивуд.

Кристијано Роналдо станува продуцент и влегува во Холивуд

Тој ги здружи сили со режисерот на хит филмот „Кингсман“.

41 годишниот Кристијано Роналдо ја проширува својата деловна империја и влегува во филмската индустрија.

Познатиот фудбалер ги здружи силите со режисерот Метју Вон (55), познат по филмовите од серијалот „Кингсман“ (Kingsman), со кого ја основаше филмската и телевизиска продукциска куќа „UR Marv“, пишува heute.at.

Првиот заеднички проект е акциона комедија „Stuntnuts“, во која се појавуваат и познати холивудски имиња, како што се Крис Хемсворт, Сем Роквел и Мет Дејмон.

Според германскиот „Билд“, филмот треба да им биде претставен на претставници од филмската индустрија на „Американскиот филмски пазар“ (American Film Market).

Дејството следи двајца талентирани каскадери кои прифаќаат ангажман во голема холивудска продукција, со цел да заработат доволно пари за да ја спасат својата локална теретана.

Специфичноста на филмот е во тоа што главните улоги ги играат професионални каскадери, а не класични филмски актери.

Меѓу нив се Боби Холанд Хантон (42), кој со години беше каскадер-двојник на Крис Хемсворт, и Грег Таунли (30), кој го заменуваше Том Холанд во филмовите за „Спајдермен“.

Во филмот настапуваат и Пол Лоу, кој работел на филмовите за „Хари Потер“ и на серијата „Игра на тронови“, како и Харука Ошима, позната по својата работа на филмовите „Не е време за умирање“ и „Матрикс“.

За време на подготовките за филмот се случи сериозна несреќа. Грег Таунли падна од водокула неколку месеци пред почетокот на снимањето, при што се здоби со фрактури на 'рбетот на три места. Поради неговата повреда, продукцијата беше одложена неколку месеци.

Несреќата подоцна беше вклучена во сценариото за да се истакнат опасностите со кои се соочуваат професионалните каскадери во својата работа.

За Роналдо, ова претставува нов деловен потфат надвор од фудбалот, а според медиумските извештаи, веќе се подготвуваат и други филмски и телевизиски проекти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ значително намалување на цените на горивата

Ново значително намалување на цените на горивата.

Од полноќ значително намалување на цените на горивата

Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар, а дизелот за 5,5 денари...

Од полноќ, новата цена на 95-ката ќе изнесува 86 денари, а на 98-ката, 88 денари за литар. Дизелот ќе се продава по 94,5 денари за литар.

Од регулаторна кажаа дека намалувањето на цените е резултат на падот на берзанските цени на нафтените деривати, понискиот курс на доларот, но и владините мерки за намалување на акцизите за бензините и дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер