Мицкоски: Четири недели ѝ дадовме шанса на власта, од денес тоа не важи, само избори се решение

Двете опции кои ги понудив на лидерската средба беа на маса до овој момент, до оваа емисија се уште не слушнав одговор од страна на Ковачевски која од двете опции ги прифаќа.

Двете опции кои ги понудив на лидерската средба беа на маса до овој момент, до оваа емисија се уште не слушнав одговор од страна на Ковачевски која од двете опции ги прифаќа, дали првата со одложено дејство па да видиме, или втората предвремени парламентарни избори. Од денеска има само една опција на маса, а тоа е предвремени парламентарни избори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Само интервју“ на Канал 5.

Мицкоски истакна дека од денеска завршуваат двата предлози, бидејќи Ковачевски имаше четири недели можност да донесе одлука.

- Има само една опција, час поскоро да ја спасиме Македонија, а и Ковачевски да се ослободи, гледам тесно му е во чевлите кои ги носи, да одиме на предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски.

Мицкоски во однос на преговори со ЕУ рече дека очигледно дека не само што не преговараме, туку сме многу далеку од преговори.

- Можам да гарантирам дека со идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема учебниците да стигнуваат за децата на крај од учебна година, туку пред да почне, можам да ветам дека нема пациенти да ни умираат по ходници затоа што не добиваат здравствена нега каква што заслужуваат, дека ќе имаме инфраструктурен бум и реализација на проекти какви што никога досега немало. Можам да ветам дека ќе имаме подобра економија од таа сега, дека ќе владее правото, дека ќе се бориме со криминал и корупција и дека ќе се борам да ги заштитам интересите на мојот народ и на Македонија. Кога се преговорите, ова се условите кои владата на ВМРО-ДПМНЕ и јас лично сум подготвен да ги прифатам, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека ако од другата страна има договор кој не почитува, тогаш ќе го почитува нашето чувство.

Претрес во Скопје, пронајдена марихуана, приведено едно лице

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 22.40 часот на подрачјето на Чаир, ја лишиле од слобода В.К.(22) од Скопје.

При претрес во нејзиниот дом и други простории, извршен со судска наредба, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени три ќеси со марихуана и еден куршум.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува кривична пријава по брза постапка по член 215 од Кривичниот законик.

Генерален штрајк во Белгија

 Во Белгија денеска се одржува генерален штрајк, поради што се откажани сите летови од белгиските аеродроми, редуциран е јавниот превоз и не работат јавната администрација, државната пошта, училиштата и комуналните служби, како затворските чува

Штрајкот е во организација на неколку белгиски синдикати, како резултат на незадоволство од најавените реформи и економска политика на новата Федерална влада на Белгија.

Согласно Коалицискиот договор за формирање на Владата, постигнат на 31 јануари, меѓу другото се предвидува намалување на буџетските трошоци за 23 милијарди евра во следните пет години, како и реформи во даночната политика, зголемување на старосната граница за пензионирање и намалување на средствата за социјалната заштита.

Во рамки на штрајкот се најавени и протестни маршеви на кои се очекува учество на неколку десетици илјади лица. Само на протестот во Брисел се очекуваат околу 60.000 демонстранти.

Кон генералниот штрајк се приклучија и контролорите на летање, поради што воздушниот простор над Белгија е затворен од 06:45 до 22:15 часот, па авионите што минуваат над белгиска територија летаат на висина од над 7.500 метри и ги опслужуваат од контролите на летање од соседните земји.

Откажани се сите летови кон и од бриселските аеродроми „Брисел-Завентем“ и „Брисел Југ-Шарлроа“, како и од аеродромите во Антверпен, Остенде и Лиеж.

Бриселското градско сообраќајно претпријатие СТИБ соопшти дека очекува „сериозни нарушувања“ на јавниот превоз во Брисел, поради целосен прекин на сообраќањето на некои метро, трамвајски и автобуски линии и редуцирање на останатите.

Редуцирање на автобуските и трамвајските услуги се најавени и во Фландрија, додека во Валонија целосно се откажани неколку линии на јавниот превоз.

Оние кои доцнат на работа или на училиште поради штрајкот може да побараат потврда за првичните за доцнење преку веб-страниците на јавните сообраќајни претпријатија.

За разлика од патниот превоз, возовите ќе сообраќаат нормално, бидејќи железничарите решија да не прекинат со работа за да им овозможат на штрајкувачите од целата земја да допатуваат на протестот во Брисел. Белгиската железница СНЦБ соопшти дека се очекува зголемен обем на патници на линиите од и кон Брисел, па најави можност и за зголемување на бројот на возови што ќе сообраќаат.

Покрај поради штрајкот, ограничувања на движењето во Брисел има и поради состанокот на министрите за одбрана на НАТО, почетокот на фестивалот „Брајт“ и фудбалскиот натпревар во рамките на Лига Европа меѓу локалниот Унион Сен Жилоаз и холандскиот Ајакс на стадионот „Крал Бодуен“ (поранешен „Хејсел“).

- Размислете за работење од дома, патување со воз или автомобил или користење на друго превозно средство, порача бриселската полиција.

За 15 дена регистрирани над 15.300 земјотреси меѓу островите Санторини и Аморгос

Жителите на Санторини и околните острови поминаа релативно мирна ноќ во споредба со изминатите денови, со оглед на тоа што не беа регистрирани голем број земјотреси и имаше само два со јачина од 4,2 степени.

Жителите на Санторини и околните острови поминаа релативно мирна ноќ во споредба со изминатите денови, со оглед на тоа што не беа регистрирани голем број земјотреси и имаше само два со јачина од 4,2 степени, додека пак за 15 дена во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос имало над 15.300 земјотреси, јави дописничката на МИА од Атина.

Сеизмологот Димитрис Папаниколау за грчката телевизија „Антена“ утрово посочи дека не треба да „залажува“ синоќешната блага сеизмичка активност, „бидејќи земјотресите ќе продолжат уште долго и ќе имаме земјотреси над 5 степени според Рихтер“.

Грчките сеизмолози во изминатите денови истакнуваат дека конкретната појава може да трае со недели, па дури и месеци, а категорично ја отфрлаат можноста за активирање на вулканот кај Санторини.

Според податоците од Интердисциплинарен комитет за управување со опасности и кризи при Атинскиот Универзитет од почетокот на серијата земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, односно од 26 јануари заклучно со 10 февруари, биле регистрирани над 15.300 земјотреси, од кои над 13.200 биле посилни од 1 степен.

Во понеделникот, на 10 февруари имало над 1.200 земјотреси, од кои над 240 биле посилни од 2,5 степени.

Со оглед на тоа што земјотресите интензивно се чувствуваат и на Аморгос што е во близина на епицентарот, со одлука на генералниот секретар за цивилна заштита на островот е прогласена вонредна состојба, нешто што беше одлучено и за Санторини минатата седмица.

Училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите веќе втора недела се затворени.

притисни ентер