2Балетскиот спектакл во два чина „Госпоѓа Бовари“ на сцената на Националната опера и балет на 17 јуни
МакедонијаМицкоски: Бруто и нето просечната плата растат за повеќе од 11 проценти Бруто и нето просечната плата растат повеќе од 11 проценти и тоа е доволен доказ дека од опозицијата креираат невистини, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Бруто и нето просечната плата растат повеќе од 11 проценти и тоа е доволен доказ дека од опозицијата креираат невистини, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски - Питу". Според Мицкоски, и тоа не е доволно, просечната плата треба да биде уште поголема и во таа насока, посочи Мицкоски, ние како Влада продолжуваме да работиме. -Сакам да кажам дека просечната плата треба да биде уште поголема и во таа насока ние како Влада продолжуваме да работиме. Но, самиот факт што и бруто и нето просечната плата растат повеќе од 11 проценти, е демант за сите оние, би рекол некрофили во рамките на опозицијата, кои во изминатиот период континуирано конструираа и лиферуваа лаги во јавноста дека платите не растеле, дека платите стагнирале итн. Овие податоци што сега стигаат се доволен доказ дека тие што освен тоа што не говорат вистина, туку шпекулираат, конструираат и креираат невистини и ништо не можат да сработат. Токму затоа таква е состојбата во опозицијата и токму затоа народот ја изгуби довербата во нив, изјави премиерот Мицкоски. За време на денешната посета на Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје, премиерот најави работа за уште повисоки примања на работниците. -Ние како Влада продолжуваме да работиме за уште повисоки примања на работниците, затоа што нашата цел е да го испорачаме тоа што граѓаните од нас го очекуваат, нагласи премиерот Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУтре сончево и топло со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 33 степена. До четврток, времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Поради големата енергија и влага во атмосферата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во петок се очекува процесите да бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени. Од петок ќе дува засилен, повремено силен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМаленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
КултураБалетскиот спектакл во два чина „Госпоѓа Бовари“ на сцената на Националната опера и балет на 17 јуниНа 17 јуни со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес. Диригент е гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, додека кореографијата ја потпишува Виктор Ишчук од Украина, кој со прецизен и суптилен современ израз го доловува духот на 19 век и емотивната комплексност на главниот лик. Музичката подлога е составена од дела на Камиј Сен-Санс, Морис Равел, Жил Масне, Феликс Менделсон и Георг Фридрих Хендл, со сценографија и костимографија на Андреј Злобин и Гана Ипатиева (Украина). Светло-дизајнот е на Милчо Александров, концерт-мајстор е Јане Бакевски, пијанист – Андреја Наунов, а менаџер на проектот е Киро Павлов. Во насловната улога на Ема Бовари ќе настапи примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, во улогата на Шарл Бовари – Франциско Хименез Руиз, а во улогата на Родолф Буланже – Балаж Лочеи. Во останатите улоги настапуваат Дмитро Чеботар, Ендру Кук и Ангела Богатинова, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. „Госпоѓа Бовари“ претставува балетска интерпретација на едно од најзначајните дела на светската книжевност. Преку внимателно избрана музика, впечатлива кореографија и визуелно раскошна сценска поставка, претставата ја следи емотивната и психолошка драма на Ема Бовари – жена растргната меѓу сопствените соништа, страсти и ограничувањата на средината во која живее. Со современ сценски пристап и силна уметничка експресија, оваа постановка нуди длабоко и возбудливо театарско искуство за публиката.Тагови: Госпоѓа Бовари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМаленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
МакедонијаСДСМ: Анкетите на Мицкоски-што поскапи цени толку поголем рејтингМицкоски самиот се фали колку многу му пораснал рејтингот.Дали затоа што растат цените во маркетите, продавниците и на пазарите затоа расте и рејтингот на Мицкоски? Или можеби рејтингот на Мицкоски пораснал затоа што работниците имаат најниски плати во Европа и најмала минимална плата во регионот? Или затоа што натовари нови 2,5 милијарди евра нови долгови на грбот на народот а странските инвестиции паднаа за 60%? Можеби заради скарените субвенции за земјоделите? Дали рејтингот на Мицкоски расте затоа што не исполни ниту едно изборно ветување? Толку ли многу се благодарни граѓаните? Или рејтингот на Мицкоски расте поради најавата дека треба да чекаме децении за членство во ЕУ додека министрите во неговата влада се со бугарски пасоши? Дали поради криминалот и корупцијата и милионите украдени од криминални тендери? Рече дека нема да има предвремени избори, сега вели дека ќе има. Постојат двајца Мицковски. Едниот го менува името, другиот молчи. Едниот ќе го укинува Преспанскиот договор, другиот го фали НАТО. Едниот би одел на избори, другиот не сака. На кој од овие двајца да му се верува? М? И во Унгарија „анкетите“ контролирани од Орбан покажуваа дека тој води и дека Маџар ќе загуби, но на изборите се покажа дека тие се лажни анкети и класична манипулација. Така и кај нас со лажните анкети на Мицкоски платени 400.000 евра со пари на граѓаните. Една работа покжауваат анкетите во Македонија: Мицкоски и ВРМО многу лажат! СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter