МакедонијаМицкоски: Без силна и робусна акција од Брисел и поголемите членки на ЕУ не може да дојде до промена на ставот на БугаријаПремиерот Христијан Мицкоски вели дека очекува уште меѓународни признанија за конзистентната политика на Владата како што е одлуката на Комитетот за човекови права при ОН, кој утврди дека Бугарија ја прекршила Повелбата за здружување.Премиерот Христијан Мицкоски вели дека очекува уште меѓународни признанија за конзистентната политика на Владата како што е одлуката на Комитетот за човекови права при ОН, кој утврди дека Бугарија ја прекршила Повелбата за здружување, но нагласува дека не верува оти „може да дојде до промена на ставот на нашиот источен сосед, без силна и робусна акција од Брисел и поголемите членки на Европската Унија“. Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата, нагласи дека политиката на Владата веќе две години е конзистентна и практично ги аргументира своите позиции на меѓународната сцена и „одлука по одлука само се потврдуваат сите оние тези и стравувања, кои што ние како Влада и политичари ги имавме“, и нагласува дека „секој оној што мисли и се уште верува дека ако се измени Преамбулата на Уставот, тука завршуваат нашите предизвици и маки, се лаже или не ја разбира политиката“ или, вели, „свесно претставува меко ткиво на македонскиот идентитет и одработува за туѓите интереси“. Прашан за коментар за одлуката на Комитетот за човекови права при ОН, кој утврди дека Бугарија ја прекршила Повелбата за здружување и дали смета дека ќе има некаков ефект, Мицкоски рече дека секако ќе има ефект, но дека не очекува да има ефект врз политиката на политичарите кај нашиот источен сосед, посебно не сега, вели, во оваа предизборна кампања. -Одлука по одлука само се потврдуваат сите оние тези и стравувања, кои што ние како Влада и политичари ги имавме. За жал, во минатото имавме политичари кои беа мекото ткиво на македонската идентитетска политика и прифаќаа се, буквално и бел лист да им се ставеше на маса да го потпишат, од проста причина мислејќи лековерно дека на тој начин ќе останат подолго во Владата и ќе користат и ужуваат привилегиите кои што тие за себе ги замислиле – изјави Мицкоски. Знаете, како што вели Мицкоски, тоа беше период на криминал, на срам, на предавства, на уништување се што е македонско. -Но, политиката на оваа Влада веќе две години е конзистентна, практично ги аргументира своите позиции на меѓународната сцена и секој месец или секој квартал, да добиваме по уште едно ново признание за сите оние политики, кои што ги водиме – изјави Мицкоски. Мицкоски, вели дека во периодот што следи очекува уште вакви одлуки, но дека не верува оти може да дојде до промена на ставот на нашиот источен сосед, без силна и робусна акција од Брисел и поголемите членки на Европската Унија. -Веурвам дека нашите агрументи се исправни, нашите аргументи од ден на ден се потврдуваат на меѓународната сцена. Впрочем ако го слушавте, едно од оние интервјуа на поранешниот претседател на Бугарија Румен Радев, а сега кандидат за премиер, каде вели дека тој лично два пати ја блокирал Македонија да ги отпочне преговорите, тогаш ни е се јасно. И, секој оној што мисли и се уште верува во прикаските дека ако се измени Преамбулата на Уставот или ако ја додадеме таа измена на Уставот, тука завршуваат нашите предизвици и маки, се лаже – вели Мицкоски. Според Мицкоски, секој што мисли дека со тоа ќе заврши се и ќе почне од другиот ден мед и млеко да тече по улиците, „се лаже или не ја разбира политиката“ или „свесно претставува меко ткиво на македонскиот идентитет и одработува за туѓите интереси“. -За жал, се уште на политичката сцена имаме такви политичари кои што со своите мекоткивни политики ги нарушуваат позициите коишто оваа Влада макотрпно и жилаво ги гради, но очекувам веќе после следните парламентарни избори тие политичари и таа политичка партија да се маргинализираат и конечно исчезнат од македонската политичка сцена – изјави Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизРичард Гир горд на актерскиот успех на синот Хомер: „Сега можам да се пензионирам“Ричард Гир не крие колку е горд на својот 26-годишен син Хомер, чија актерска кариера почнува да се развива по улогата во серијата „Еуфорија“, а пред него се нови проекти.Познатиот 76-годишен актер, кој самиот се враќа на малите екрани во втората сезона на шпионската драма „The Agency“, во ексклузивно интервју откри што мисли за успехот на својот син и се пошегува дека е време да се „пренесе факелот“, пишува „People“. Горд татко Зборувајќи за својот син Хомер, кого го имаше во бракот со поранешната сопруга Кери Лоуел, Гир нагласи дека е горд на него од две причини. „Прво, тој е навистина добар. Има неверојатен инстинкт за глума. Исто така е многу добар во справувањето со сè. Тој е добар човек. Тој е навистина добар млад човек кој ги разбира работите, а ова воопшто не е лесна работа. Не е лесна работа за влегување во неа. Затоа мислам дека има одлична иднина во оваа професија“, рече Гир. Хомер неодамна се појави во две епизоди од „Еуфорија“, каде што имаше значајна сцена со Сидни Свини. Наскоро се очекува да игра улога со Каја Гербер во серијата „The Shards“, која е продуцирана од Рајан Марфи, базирана на книгата од Брет Истон Елис, а неодамна заврши со снимањето филм со Оливер Стоун. „Сè уште не сум стигнал да ја видам неговата втора епизода во „Еуфорија“, но има нешто големо што доаѓа со Рајан Марфи, а штотуку заврши филм со Оливер Стоун“, додаде Гир, шегувајќи се заклучувајќи: „Значи, сега можам да се пензионирам. Го предавам факелот.“ Извор: Индекс.хрТагови: Ричард Гир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаДали вашиот лаптоп работи бавно? Проблемот можеби е полесен за решавање отколку што мислите!Кога лаптопот одеднаш ќе стане бавен, повеќето корисници веднаш се сомневаат во процесорот, „RAM“ меморијата или „SSD“-то.Сепак, причината за проблемот често може да биде нешто многу поедноставно - батеријата. Современите лаптопи постојано балансираат помеѓу перформансите и траењето на батеријата. Поради ова, „Windows“ и другите оперативни системи честопати автоматски ја намалуваат моќноста на процесорот за да заштедат енергија. Резултатот е компјутер кој работи побавно отколку што треба, дури и кога нема сериозен дефект. Едно од првите решенија што експертите ги препорачуваат е промена на режимот на напојување во „Најдобри перформанси“. На овој начин, системот ја дава предноста на брзината пред заштедата на енергија, што може значително да ја подобри реакцијата на компјутерот, објавува „BGR“. Интересно е што понекогаш дури и мало ограничување на максималната брзина на процесорот може да ги подобри перформансите. Причината е таканареченото „термичко задушување“: кога процесорот се прегрева, лаптопот автоматски ја намалува својата брзина за да спречи оштетување, а со намалување на температурата, можно е да се одржат постабилни перформанси подолг временски период. Проблемот може да биде и несоодветен полнач. Ако користите полнач со помала моќност од препорачаната од производителот, вашиот лаптоп може да ги ограничи своите перформанси за да се прилагоди на достапната енергија. Покрај побавните перформанси, ова често води до побавно полнење на батеријата. Состојбата на самата батерија исто така игра важна улога. Истрошената батерија која повеќе не може да ја испорача потребната количина на енергија може да предизвика системот да ги намали перформансите. Истото важи и за случаите кога батеријата се прегрева при полнење. Затоа, експертите советуваат корисниците периодично да го проверуваат „здравјето“ на батеријата и да користат оригинален или сертифициран полнач. Во многу случаи, ова може да го реши проблемот со бавниот лаптоп без скапи поправки или замена на компоненти. Извор: Б92Тагови: лаптоп решавање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам„Dodge Charger“ се враќа во Европа (ФОТО)„Dodge“ го враќа „Charger“ на европскиот пазар, а новата генерација ќе биде достапна и со електричен и со бензински мотор.Европските клиенти веќе можат да го нарачаат автомобилот, додека првите испораки започнуваат во септември. Најмоќната електрична верзија се нарекува „Charger Daytona Scat Pack“ и има 670 КС. Благодарение на погонот на сите тркала, достигнува 100 км/ч за само 3,3 секунди, додека четвртина милја ја поминува за 11,5 секунди. Послабата верзија „Daytona R/T“ развива 536 КС и забрзува до 100 км/ч за 4,2 секунди. И двата модели користат батерија од 100,5 kWh и архитектура од 400 волти. Брзото полнење до 350 kW овозможува батеријата да се наполни од 20 до 80 проценти за околу 27 минути. За љубителите на класичните мотори, „Dodge“ подготви „SIXPACK“ верзии со нов 3,0-литарски шестцилиндричен двоен турбо бензински мотор. „Scat Pack“ развива 550 КС и достигнува 100 км/ч за 3,9 секунди, додека „R/T“ има 420 КС и го завршува спринтот за 4,6 секунди. Сите верзии стандардно доаѓаат со погон на сите четири тркала, додека бензинските модели имаат можност за пренос на целиот вртежен момент на задните тркала со притискање на копче. За европскиот пазар, почетната цена на моделот е 66.000 евра. За оние кои сакаат да платат дополнително, „Dodge“ подготви богата „Plus“ опрема која вклучува 20-инчни тркала, „head-up“ дисплеј, камера од „360°“, безжично полнење на телефон, 16-инчна дигитална инструмент табла и амбиентално осветлување со 64 бои. Новата генерација на „Charger“ е еден од ретките американски автомобили што официјално ќе им бидат достапни на европските купувачи, со можност за избор помеѓу целосно електричен и бензински погон. Извор: Б92Тагови: Dodge Charger Европа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter