Сиљановска Давкова: Ги охрабрувам жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледи
СДСМ: До кога Заев и Филипче? Додека ви треба алиби за изолацијатa, економската и дипломатска катаклизма?
1Сиљановска Давкова: Ги охрабрувам жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледи
2СДСМ: До кога Заев и Филипче? Додека ви треба алиби за изолацијатa, економската и дипломатска катаклизма?
МакедонијаМицкоски: Без ефикасна и чесна даночна администрација нема силна економија, одржливи јавни финансии и стабилностБез ефикасна и чесна даночна администрација нема ниту силна економија, ниту одржливи јавни финансии, ниту држава што може да планира стабилно и да инвестира во својата иднина, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.Без ефикасна и чесна даночна администрација нема ниту силна економија, ниту одржливи јавни финансии, ниту држава што може да планира стабилно и да инвестира во својата иднина, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во Клубот на пратеници на одбележувањето на Денот на даночните работници. - Денот на даночните работници не е само професионален празник. Тоа е ден кога треба да говориме за дисциплината, знаењето, моралот и професионалноста. Ден кога се потсетуваме дека јавните приходи не се бројки на хартија - тие се плати на наставници и доктори, нови патишта, функционален здравствен систем, поддршка за компаниите, социјална сигурност за секој граѓанин, подвлече премиерот. Тој рече дека од јануари до крајот на октомври годинава, нето наплатата на даноците и социјалните придонеси достигна 3 милијарди и 600 милиони евра. - Тоа е за 260 милиони евра повеќе од минатата година. Во првите десет месеци имаме раст на даночната нето наплата од над 6%, раст на социјалните придонеси од речиси 15%. Ова значи дека економијата расте. Активноста се зголемува. Компаниите работат, платите растат, а со тоа растат и приходите. Но, тие бројки зборуваат и за нешто друго - за довербата помеѓу државата и бизнисот. За довербата помеѓу институциите и граѓаните. За тоа дека кога државата работи чесно и предвидливо, граѓаните возвраќаат со дисциплина и чувство на обврска, истакна Мицкоски. Тој посочи дека навременото поднесување на ДДВ-пријавите за јануари - септември 2025 година изнесува 95 отсто. - Во споредба со 2024 година, кога изнесуваше 92%, ова е огромен чекор напред. И уште поважно - навременото плаќање на ДДВ порасна на 81 процент. Во 2023 и 2024 тоа беше 76 отсто. Ова е доказ дека системот станува посилен, подисциплиниран и поефикасен. Сите овие трендови не се случајни. Тие се резултат на вашата работа, вашата посветеност, процесите на дигитализација, подобрувањето на услугите, поактивната комуникација со компаниите, но и на стабилната економска политика која ја водиме како Влада, рече премиерот. Нагласи дека „ниту еден напредок нема вистинска вредност, ако не го браниме од најголемата закана за секоја држава - корупцијата“. - Затоа денеска, пред вас, ќе бидам кристално јасен. Борбата против корупцијата не е политичка флоскула, не е реторика за прес-конференции. Таа е реална работа. Таа е обврска. Таа е услов за опстанокот на системот. Како Влада, заедно со надлежните институции, воспоставивме јасни механизми: целосна дигитализација на процесите со цел да се намали секоја можност за злоупотреба; строга внатрешна контрола и следливост; нулта толеранција за притисоци, фаворизации и клиентелизам; јасни процедури и казнивост за секоја злоупотреба; подобрување на транспарентноста, бидејќи светлината е најсилниот непријател на корупцијата, истакна Мицкоски. Во оваа борба, рече тој, УЈП е клучна фронт-линија. - Затоа што каде има корупција – нема доверба. Каде нема доверба – нема наплата. А каде нема наплата – нема држава. Затоа ви благодарам што покажувате висока професионална етика, и ве охрабрувам да останете бескомпромисни. Државата стои зад вас. И ќе стои зад секој чесен човек во институциите, истакна премиерот. Мицкоски рече дека успехот не доаѓа случајно, туку е резултат на знаење, труд, дисциплина и чесност. - А токму тоа го покажувате секој ден. Како премиер, ви ветувам дека ќе продолжиме да инвестираме во вашиот капацитет, во подобри услови за работа, во дигитални алатки кои ќе го олеснат секој процес, и во политики кои ќе ја направат нашата земја уште поконкурентна. Нашата цел е многу јасна: силна економија, стабилни јавни финансии, праведно општество и држава во која даночниот систем е фер, ефикасен и целосно заштитен од корупција, истакна премиерот. Додаде дека секој ден се прават чекoри во таа насока. - Денеска, јавно ви се заблагодарувам за најважното: за вашата работа, за вашиот професионализам и за вашата совесност. Благодарност за посветеноста и работата на директорката Елена Петрова. Среќен Ден на даночните работници. Продолжуваме да градиме заедно - чесно, транспарентно и одговорно, порача Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаСиљановска Давкова: Ги охрабрувам жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледиПретседателката Гордана Сиљановска Давкова присуствуваше на настанот „Розов пикник појадок“.„Утрово, Градскиот парк осамна во розово, а Школка се отвори за „Розовиот пикник појадок“, каде што разговаравме и ги слушнавме искуствата на жените кои се борат со рак на дојката, но и укажувањата за важноста на превентивните прегледи. Денот мина во розов ритам, со гласовите на женскиот хор „Фрида“, розовата прошетка и различните содржини: од практична демонстрација за самопреглед на дојките и консултации со специјалисти за реконструктивна хирургија, до „Писмо до идната јас“, како порака што ќе нè пречека по една година. Ме радува присуството на министерот за здравство Сашо Клековски и неговата поддршка на работата на ХЕМА-ОНКО, во функција на создавање услови за унапредување на превенцијата и навременото откривање, но и за подобра и подостапна грижа за женското здравје. Ги охрабрувам девојките и жените да се информираат навреме и да не ги одложуваат редовните прегледи, оти сопственото здравје мора да биде императив. Посакувам „розовото“ што денеска нè обедини да не остане само симбол врзан за октомври, туку да ја обои целата година со повеќе навремено откриени случаи и спасени животи.“- објави Сиљановска Давкова на Фејсбук.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: До кога Заев и Филипче? Додека ви треба алиби за изолацијатa, економската и дипломатска катаклизма?ВМРО-ОКГ повторно: квислинзи, распродажба, а тие „боксувале достоинствен пат“. Нема документ. Нема подобари услови. Има само етикета.Таа влада ја воведе земјата во НАТО. Вие бевте против. Сега Тимчо вели: тоа е најдобра работа за земјата и за инвестициите. Инвеститорите ги растеравте. Останаа оние за антимон рудници и дата-центри за туѓа дигитализација и туѓи профити. Таа влада ги отвори преговорите со ЕУ. Вие ги кочите. Намерно ја изолирате земјата. Задолжително стана одењето пред Лаура Ковеши, европското обвинителство, пред влез. Тогаш некој ќе мора да одговара. Тоа не го сака арамијата Мицкоски. Таа влада беше првата демократска по десет години мрак. Мрак поради истата оваа банда што денеска е на власт. Само тогашните чираци станаа мајстори на арамискиот занает. Таа влада донесе слобода на медиумите и на говорот. Таа влада на 27 април сакавте да ја запрете. Таа влада имаше 250 милиони евра инвестиции во еден квартал. Оваа банда само 18 милиони. Таа влада правеше прослава за НАТО со денови по градовите, за 280.000 евра. Вие - славевте со Гета за 5,53 милиони евра. Таа влада помина една од најголемите кризи во светот: ковид кризата, потоа енергетска криза и почеток на војната во Украина. Им помагаше на граѓаните со пакети мерки. Ги зголеми платите и пензиите. Во таа влада доаѓаа странски државници. Не мораше трговец со оружје да им плаќа лобирање за средба по ходници. За таа влада Фон дер Лајен рече дека имала храброст за важни политички одлуки. За истата Преспа што Мицкоски денес ја нарекува ремек-дело на дипломатијата, а Силјановска вели дека идентитетот, јазикот и културата се заштитени благодарение на неа. А вие што направивте, освен криминални тендери? Што направи Мицкоски, освен што ја изолира земјата, ги задолжи децата и внуците за 4 милијарди евра за две години - половина од долгот напрсвен од независноста до денес, земјоделците ги доведе до работ на егзистенција, граѓаните ги осиромаши! Економска катаклизма. Армагедон за Македонија. Што направивте вие, големи патриоти со бугарски државјанства и фирми? Освен што како скакулци изедовте сè. Имате ли барем нешто со што да се пофалите? Немате. Имате квислинг и сателит за партнер, и банда на своја сметка. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МетеоУтре сончево и релативно топлоУтрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и утринските температури ќе бидат во пораст. Услови за локален дожд ќе има во петок.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter