Јаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката во образованието и науката
1Јаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката во образованието и науката
МакедонијаМицкоски: АР и АНБ ги користеле државните ресурси и ме прислушкувалеАР и АНБ ги користеле државните ресурси и ме прислушкувале, мислејќи дека на тој начин ќе добијат предност кај нивните налогодавци и ќе напредуваат во кариерата.Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Македонија одговарајќи на новинарско прашање посочи дека во минатото двете агенции, односно Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност ги користеле државните ресурси за да го преслушкуваат него, но и бизнисмени и новинари. „Јас не би можел да зборувам за деталите, претпоставувам и директорот ќе го каже тоа, бидејќи тоа е државна тајна и така се класифицирани тие документи. Но едно е факт, дека двете агенции и Агенцијата за разузнавање и АНБ темелно се занимавале со во тоа време претседателот на најголемата опозициска партија, т.е. со мене, меѓу другото и со бизнисмени и со новинари. Така што еве да оставиме време периодов процесот да тече, да видиме обвинителството што ќе каже, судиите нормално во еден судски процес. Јас сум навикнат, еве истекува осмата година како сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ навикнат сум на таков тип на луѓе и не ме изненадува тоа бидејќи и тогаш стигаа до нас информации што сè се случува.“, посочи Мицкоски. Мицкоски вели дека станува збор за луѓе полусвет, којшто немаат во животот доволно мотив да се занимаваат со убави работи, па се занимаваат со туѓите животи мислејќи дека на тој начин ќе добијат некаква пофалба и ќе напредуваат во кариерата. „Едноставно, таков тип на луѓе, јас би ги нарекол „полусвет“ немаат во животот доволно мотив да се занимаваат со убави работи, се занимаваат со туѓите животи мислејќи дека на тој начин ќе добијат некаква пофалба, некаква предност кај нивните наредбодавци и ќе напредуваат така во кариерата. Но, секоја работа има почеток има и свој крај. Очекувам овие „глодари“ да завршат онаму каде што им е местото, зад решетки и еднаш засекогаш да се стави крај на злоупотребата на ваквите агенции и на ресурсите со коишто тие располагаат.“, дециден е премиерот Мицкоски, соопшти Владата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката во образованието и наукатаМинистерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, престојува во посета на Јапонија, каде што оствари повеќе средби со високи претставници на образовни, научни и државни институции.Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, престојува во посета на Јапонија, каде што оствари повеќе средби со високи претставници на образовни, научни и државни институции, со цел унапредување на билатералната соработка и отворање нови можности за партнерство во областа на образованието и науката. На средбата со јапонскиот министер за образование, култура, спорт, наука и технологија, Јошихиро Секи, се разговараше за организацијата и функционирањето на образовните системи во двете земји, како и за механизмите и мерките за поттикнување на научно-истражувачката дејност. Министрите разменија идеи за можни заеднички иницијативи, при што посебен акцент беше ставен на можноста за обезбедување јапонска поддршка за основање центри за извонредност во Македонија. „Јапонија е долгогодишен стратешки партнер на нашата земја и ви благодарам за досегашната поддршка, како и за можностите што им ги овозможувате на македонските студенти преку системот на стипендирање да се образуваат на престижни јапонски универзитети. Од особено значење за нас е и поддршката што ја добиваме во процесот на техничка модернизација и опремување на училиштата. Верувам дека дел од идеите за кои денес разговаравме наскоро ќе прераснат во конкретни проекти и активности“, истакна Јаневска на средбата во јапонското Министерство за образование. Унапредувањето на квалитетот на наставата и развојот на компетенциите кај учениците беа во фокусот на посетата на Националниот институт за образовни политики на Јапонија, каде што Јаневска оствари средба со генералната директорка Мизуе Шиоми. Соговорничките разменија искуства за методолошките пристапи во наставата, поттикнувањето на креативното и критичкото размислување кај учениците, а се осврнаа и на подготовката на учениците за меѓународното ПИСА тестирање, каде Јапонија традиционално покажува исклучително високи резултати. За можностите за реализација на нови партнерски проекти меѓу двете земји се разговараше и на средбата со парламентарната заменик-министеркa за надворешни работи, Икуина Акико. Таа посочи дека Јапонската организација за надворешна трговија (JETRO) и Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) ќе продолжат активно да работат на идентификување и развивање нови можности за соработка. Во рамки на агендата, министерката го посети и Универзитетот во Токио, каде што со претседателот на Универзитетот, проф. д-р Теруо Фуџи, разговараше за интензивирање на соработката со македонските универзитети. Во таа насока, беа разгледани можностите за заедничко учество во програмата „Хоризонт Европа“, размена на наставно-научен кадар и студенти, како и воспоставување нови академски партнерства. Посетата на Јапонија опфати и средби во македонската амбасада во Токио. Јаневска и вршителката на должност амбасадор, Кристина Стојчевска, се сретнаа со Казуја Оцука, поранешен амбасадор на Јапонија во нашата земја, со македонски студенти, како и со средношколци од јапонско училиште кои го изучуваат македонскиот јазик. Средбите и разговорите во Токио претставуваат значаен чекор кон продлабочување на традиционално добрите односи меѓу двете земји и создавање нови можности за размена на знаења, искуства и експертиза, во интерес на унапредувањето на македонското образование и наука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамАмериканците се воодушевени од малечкиот „Fiat“ што едвај достигнува 40 км/чЕлектричниот „Fiat Topolino“ привлече купувачи во американските туристички места.Малиот електричен модел на „Fiat, Topolino“, предизвика значителен интерес кај купувачите во САД, иако има максимална брзина од само 40 км/ч и е првенствено дизајниран за кратки градски патувања и затворени станбени комплекси. „Fiat“ испорача 300 примероци од моделот „Topolino“ до дилерите во САД, а повеќето од нив се веќе продадени. Ова претставува пилот-лансирање, кое ѝ овозможува на компанијата да процени дали во САД постои доволно голем пазар за електрични возила слични на возилата за голф. Ендрју Вотерхаус, директор на „Fiat“ за Северна Америка, потврди дека повеќето од 300-те испорачани возила веќе нашле купувачи, иако напомена дека продажбата се одвива постепено, бидејќи станува збор за експериментално воведување на пазарот. Интересно е што 60 отсто од купувачите се одлучиле за верзијата „Dolce Vita“ – која нема врати ниту покрив – и е дизајнирана за возење на отворено. Оваа конфигурација е особено погодна за туристички дестинации, одморалишта и затворени станбени комплекси. Достапни се и стандардна верзија со целосни врати, како и варијантата „Open Air“ која има платнен покрив што може да се отвора. Според Вотерхаус, затворената верзија е посоодветна за градските корисници кои сакаат да ги остават своите лични предмети во заклучено возило. Во САД, „Topolino“ спаѓа во категоријата возила со мала брзина (Low-Speed Vehicles – LSV). Тоа значи дека неговата брзина е ограничена на максимум 40 км/ч и е наменет за употреба на локални патишта со одредени ограничувања на брзината. Не може да се користи како конвенционален автомобил на автопатишта. Моделот за 2027 година има максимална брзина од 40 км/ч, батерија со капацитет од 5,4 kWh и електричен мотор со моќност од шест киловати. Наведениот досег изнесува приближно 74 километри, додека полнењето преку стандарден домашен штекер трае од четири до пет часа. Почетната цена изнесува 14.985 долари – нешто помалку од 15.000 долари – без дополнителните трошоци за опции за специјални бои. Понатаму, „Fiat“ нуди бесплатен пакет за надградба за моделите од 2026 година, со цел да се осигура дека тие ги исполнуваат новите барања. Извор: Б92Тагови: Fiat САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Се пушти во употреба детската градинка „Лавче“ во ИнџиковоУште еден ден, уште еден завршен проект, уште еден навистина прекрасен проект – детска градинка.„Добар ден и од мене. Уште еден ден, уште еден завршен проект, уште еден навистина прекрасен проект – детска градинка. Кога се пушта во употреба ваков проект, тоа значи дека има повеќе среќа, повеќе радост, повеќе убави моменти, пред сè за најмилите, за дечињата, и нема како човек да ја скрие емоцијата, бидејќи ова се навистина за мене прекрасни моменти. Би сакал да се заблагодарам и на министерот, и на градоначалникот, и на пратениците во македонското Собрание, на советниците, на вработените во Општина Гази Баба, на колегите од Владата, што овие проекти, коишто ги започнавме уште при самото формирање на Владата во јуни 2024, полека, но сигурно добиваат своја смисла, односно еден по еден се завршуваат, се пуштаат во употреба и веќе имаме корисници коишто го ползуваат сето тоа коешто го планиравме, а наша цел беше да го направиме животот поубав, поедноставен и да го подобриме, во суштина, квалитетот. Продолжуваме во оваа насока и во иднина и продолжуваме да испорачуваме проекти. Има уште многу проекти во периодот којшто следи, којшто ќе финишираат, ќе бидат завршени, ќе бидат пуштени во употреба, така да што, еве, ве повикувам вас, медиумите, да го проследиме сето она коешто значи како Македонија се гради, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook