Мицкоски: Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување - Канал 5

Мицкоски: Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, на унапредување и поставување нови стандарди, вели Мицкоски.

Мицкоски: Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување

Почитуван потпретседател на Собранието,

Почитувани пратеници,

Почитувани граѓани,

Пред речиси една година, граѓаните испратија јасна порака на изборите.

Порака за промени.

Порака за крај на тонењето и неизвесноста.

Порака за нов почеток и за нова надеж.

Како Влада ја презедовме одговорноста да ја вратиме државата повторно кај граѓаните.

Во оваа речиси една година - чекор по чекор, го враќаме изгубеното чувство дека државата е тука за граѓаните, а не спротивно.

Градиме систем што не ги прави луѓето мали пред институциите, туку институции што служат на секој граѓанин подеднакво.

Денес сме овде за да го продолжиме тој процес.

И да го зајакнеме!

Пред вас сум како предлагач на две кадровски решенија кои се однесуваат на два ресори: здравството и земјоделството.

Ова не е само прашање на персонален избор.

Ова е дел од поголемата слика – реформската насока во која се движи Владата и нашиот стремеж да го поставиме системот на нови, здрави темели.

Почнувам со здравството.

Ниту еден сектор не ја одразува состојбата во едно општество како здравството.

Тоа е огледало на државата – во организација, во достапност, во човечност.

Долги години гледавме како тоа огледало пука – поради неодговорност, корупција, партизација, негрижа.

Видовме клиники што се распаѓаат, апарати што не работат, лекови што ги нема, луѓе што чекаат со месеци за дијагноза или терапија.

Гледавме доктори како заминуваат, медицински сестри кои се потценети, пациенти кои ги губат и трпението и здравјето.

Ние не ветивме дека ќе го промениме тоа преку ноќ.

Но ветивме дека ќе почнеме темелно и од корен.

Дека ќе ја пресечеме врската помеѓу политиката и здравството.

Дека ќе воведеме отчетност и нови принципи на управување.

Ќе ги слушаме оние што работат на терен, и ќе ги ставиме пациентите на прво место.

Во име на сето ова, а и во таа насока, го предлагам д-р Азир Алиу за нов министер за здравство.

Д-р Алиу е доктор по информатички науки, професор, човек кој со години се занимава со управување со системи, податоци и дигитални решенија.

Во време кога некои држави со еден клик добиваат дијагноза, ние сè уште трчаме од шалтер на шалтер.

Време е тоа да се промени.

И токму затоа веруваме дека неговата енергија и знаење ќе донесат нова димензија во менаџирањето со здравствениот систем.

Дали ќе биде лесно?

Не, нема да биде.

Но дали е можно?

Да. Затоа што веќе покажавме дека може.

Поминаа помалку од една година, а веќе се чувствува разликата.

Започнавме со скрининг програми, ги намаливме листите на чекање, воведовме нови лекови на позитивната листа, а паралелно работиме на законски измени што ќе донесат системски ред. Истовремено се изготвуваат и големи инфраструктурни проекти – изградба и обнова на здравствени установи, но и дигитализација која ќе спречи злоупотреби и ќе овозможи секој пациент да има евиденција, услуга и пристап до системот.

Во овој процес, д-р Алиу ќе има силна поддршка од мене како претседател на Владата.

Но, и силна лична одговорност.

Очекувањата од него се големи, а времето не ни е сојузник.

Втората номинација се однесува на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Го предлагам г. Албрим Хоџа за заменик министер.

Земјоделството не е само економска гранка – тоа е начин на живот.

Тоа се семејства, села, иднина.

Тоа се нашите полиња, нашата храна, нашата безбедност.

И за жал, и оваа област беше запоставена со години.

Земјоделците беа оставени сами, без поддршка, без визија, со илјадници проблеми и ниту едно системско решение.

Долгови коишто оваа Влада ги исплаќа, почнувајќи од 2021-та, 2022-та, 2023-та година.

Г. Хоџа е млад, но сериозен човек кој знае како изгледа теренот.

Верувам дека тој ќе даде силна енергија и ќе биде силна потпора на министерот и ќе придонесе кон тоа земјоделството конечно да добие системска рамка и визија за иднината.

Почитувани пратеници,

Овие две номинации не се изолирани одлуки.

Тие се дел од еден важен процес на освежување, на унапредување, на поставување нови стандарди.

Од првиот ден, Владата што ја предводам има јасна цел: да донесеме резултати.

Не декларации.

Не оправдувања.

Туку резултати.

Во првите 100 дена обезбедивме стабилност.

Сега веќе гледаме раст на економијата, зголемена наплата на даноци без зголемување на стапките, нови инвестиции и раст на индустриското производство.

Воведуваме ред во хаосот што го наследивме и создаваме услови граѓаните повторно да веруваат – не во партијата, туку во државата што функционира.

Секако, ова не е крајот.

Ова е само ново поглавје.

Затоа што знаеме – предолго беа изневерувани граѓаните.

Предолго чекаа.

Предолго слушаа ветувања што никогаш не се исполнија.

Токму затоа, нашата обврска е поголема.

Ќе продолжиме со уште посериозно темпо.

Ќе продолжиме со испорачување на мерливи резултати.

Затоа, ве повикувам сите вас – да ги поддржиме овие предлози.

Денес вие гласате за продолжување на еден процес на вистинска обнова, а не враќање назад.

Ви благодарам, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Романскиот „Џек Мевосек“ убивал ескорт дами- сега му е изречена казна

Романскиот „Џек Мевосек“ Николај Митреа, познат по прекарот „Чакалот“, е осуден на доживотен затвор за убиство на две млади жени во округот Констанца, Романија.

Романскиот „Џек Мевосек“ убивал ескорт дами- сега му е изречена казна

Пресудата е изречена на првостепено судење. Судот во Констанца, исто така, наложи исплата на повеќе од 300.000 евра граѓанска отштета.

„Случајот со Чакалот од Констанца, маж обвинет за убиство на најмалку две девојки со цел да ги ограби, и кој имал посебна опсесија со жени кои работеле во проституција, стигна до првостепена пресуда. Досудени се повеќе од 300.000 евра граѓанска отштета, како и две казни за тешко убиство - едната од 30 години затвор, а другата од доживотен затвор. Како резултат на тоа, обвинетиот ќе отслужи доживотна казна“, изјави адвокатот Адријан Кукулис.

Злосторства што ја потресоа Констанца

„Чакалот“ е обвинет за убиство на Делија (34), жена од Тулчеа, која работела како ескорт, во изнајмен стан во Мамаја Норд на 2 јули 2024 година.

По убиството, тој го украл нејзиниот автомобил и го продал во Бугарија, додека го заложил накитот на младата жена. Нејзиниот сопруг пријавил дека е исчезната, но полициските службеници ја одложиле истрагата.

На крајот на август, тој наводно извршил уште едно убиство, користејќи го истиот образец. Неговата втора жртва била Дениса (28), која исто така работела како ескорт, објавува „Обсерватор“.

Снимките од безбедносните камери го покажуваат осомничениот неколку дена по убиството во автомобилот на жртвата, во бар во градот Синое, откако претходно го напуштил нејзиното тело.

Тој се обидувал да го продаде автомобилот.

Полицијата го уапсила во септември, по сообраќајна несреќа. Тој ја изгубил контролата врз автомобилот на жртвата, удрил во столб и се превртел.

Никулај Митреа е во притвор од септември. Додека беше зад решетки, тој се соочи со нови обвиненија: кај него беше пронајден импровизиран нож, а тој испрати писма до роднините за да ги усогласат нивните изјави. Тој се обиде да избегне казна и да ја префрли одговорноста за злосторствата врз малолетниот син на неговата девојка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Таткото на Меган Маркл и официјално е прогласен за способен да му се суди за педофилија

Томас Маркл (82), таткото на Меган, војвотката од Сасекс, е способен да му се суди поради сомневање дека поседува материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца, утврди психијатриски експерт, изјави судијата на федералниот суд во Тампа,Флорида.

Таткото на Меган Маркл и официјално е прогласен за способен да му се суди за педофилија

Експертот Ејми Геродимос заклучи дека Маркл ги разбира обвиненијата и може да соработува со адвокат, пренесе АП.

Маркл беше уапсена на 6 ноември во дом за стари лица во Флорида.

Според Федералното биро за истраги (ФБИ), од две складишта во Калифорнија што Маркл ги изнајмувала биле запленети 78 предмети за кои постои сомневање дека содржат претстави на сексуална злоупотреба на деца.

Маркл ги отфрли обвинувањата.

Против него беше покрената истрага и на Филипините поради сомневање за поседување и намера да дистрибуира контроверзна содржина.

Кривичната пријава е поднесена до обвинителството по анализата на дигиталните уреди пронајдени во неговиот поранешен дом во градот Себу.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епидемија на непозната болест кај патници на огромен крузер- десетици имаат стомачни проблеми (ВИДЕО)

Најмалку 148 патници и членови на екипажот на американскиот крузер „Caribbean Princess“ имаат стомачни проблеми, чија причина сè уште не е утврдена.

Епидемија на непозната болест кај патници на огромен крузер- десетици имаат стомачни проблеми (ВИДЕО)

Најмалку 148 патници и членови на екипажот на американскиот крузер „Caribbean Princess“ имаат стомачни проблеми, чија причина сè уште не е утврдена, а тие патувале од Форт Лодердејл, Флорида, на 12-дневно крстарење до Карибите, Колумбија и Панамскиот канал.

Најмалку 134 патници и 14 членови на екипажот пријавиле гастроинтестинални симптоми, вклучувајќи дијареја и повраќање, додека биле на крузерот „Caribbean Princess“, управуван од американската компанија „Princess Cruises“, од вкупно 2.936 патници на бродот, според американските Центри за контрола и превенција на болести (CDC), објави Мајами Хералд.

„Princess Cruises“ е во сопственост на компанијата „Caribbean Corporation“ со седиште во Мајами и Дејд.

Бродот пловел од 11 ноември, со планирани застанувања во Аруба, Колумбија и Панама, и се очекува да се врати во Форт Лодердејл во понеделник.

Не е јасно кога луѓето почнале да се разболуваат, но ЦДЦ ја објави епидемијата во вторник, речиси една недела откако крузерот го започна своето патување.

Федералните здравствени службеници изјавија дека крузерот презел различни мерки за да го забави ширењето на болеста, вклучително и зголемено чистење и дезинфекција, како и изолирање на заболените.

Ова е втора епидемија на гастроинтестинални заболувања пријавена на „Карипската принцеза“ оваа година и четврта оваа година на бродови управувани од „Принцот Крузес“, според ЦДЦ.

Претходната епидемија на „Карипската принцеза“ во мај беше предизвикана од многу заразниот норовирус, од кој заболеа околу 160 луѓе за време на крстарење по Карибите, според ЦДЦ.

Норовирусот е многу заразен вирус кој често предизвикува повраќање, дијареја и болки во стомакот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер