Со „Скопска иницијатива“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ СДСМ отвора ново поглавје за иднината на Македонија
1Со „Скопска иницијатива“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ СДСМ отвора ново поглавје за иднината на Македонија
2Косово избори: Самоопределување на Курти 43%, Српска листа води во сите општини со српско мнозинство
МакедонијаМицкоски: Ако поради можноста независните да се кандидираат со два потписа изборниот процес не успее, Владата има уставна можност да постави повереници Во првата недела од септември, од 1 до 5 септември ќе имаме состанок на ИК и на ЦК на партијата така што тогаш ќе ги комплетираме сите овие непознаници од аспект на градоначалници советници. Последниот рок е 13 септември, рече Мицкоски.Премиерот Христијан Мицкоски не ја исклучува можноста да се создаде проблем во изборниот процес со оглед на тоа што независните кандидати можат да учествуваат со само два потписа од граѓани од изборната единица, што пак може да го зголеми бројот на кандидати и да направи гласачкото ливче да биде долго и збунувачко, но како што истакна, ако тоа се случи и изборите бидат неуспешни Владата има уствно и законско право и можност да именува повереници во општините. -Се е можно, можно е гласчкото ливче да биде 7 - 8 метри, да ги обесхрабри граѓаните да излезат, да се намали цензусот, но тука закам да предупредам дека согласно Уставот и Законот ако не е успешен избирачкиот процес Владата е таа која именува владини повереници, така што неодговорнто однесување на поединци или поедини политички партии ќе резултира со ваков тип на можности. Сега дали тоа ќе се случи ќе видиме за многу скоро од денеска, до 1 сепетември треба да заврши овој процес и да се види каков ќе биде, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по увидот во изградба на градинка во Драчево. Тој запрашан кога ќе бидат познати сите кандидати за градоначалници и носители на листите за советите во општините рече дека тоа ќе се случи до крајот во предвидените рокови до крај на овој и почетокот на следниот месец. - Пет-шеснаесет општини кои останаа мислам дека ќе ги комплетираме до крајот на месецов. Во првата недела од септември, од 1 до 5 септември ќе имаме состанок на ИК и на ЦК на партијата така што тогаш ќе ги комплетираме сите овие непознаници од аспект на градоначалници советници. Последниот рок е 13 септември, рече Мицкоски. Прашан дали има вистина во кулоарските гласини дека ќе го поддржат актуелниот градоначалник на општина Центар, тој истакна дека вистината многу скоро ќе излезе на виделина. - Многу кулоарски муабети се зборуваат, но вистината е една и таа многу скоро од денеска ќе ја и соопштиме на македонската јавност, рече премиерот Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСо „Скопска иницијатива“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ СДСМ отвора ново поглавје за иднината на МакедонијаСДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување, заснована на вредностите на социјалдемократијата, борбата за подобар животен стадард, борба против корупцијата и за европската иднина.Со усвојувањето на програмската платформа „Твоја држава, твоја шанса“, СДСМ ја претстави својата визија за модерна, напредна, праведна и европска Македонија – држава во која трудот се вреднува, институциите работат за граѓаните, а младите ја гледаат својата иднина дома. СДСМ е на страната на младите, на работниците, пензионерите, земјоделците и сите граѓани кои чесно живеат од својот труд. Во оваа насока „Твоја држава, твоја шанса“ нуди конкретен одговор на најголемите предизвици со кои денес се соочуваат граѓаните: високите цени, ниските плати, иселувањето на младите, корупцијата и слабите институции. СДСМ се обврзува на политики што ќе обезбедат раст на платите, заштита на работничките права, правично оданочување, силна борба против корупцијата, независно судство, достапно здравство и квалитетно образование. Преку „Скопската иницијатива“, СДСМ ја потврди својата улога како обединувачки фактор на поширокото прогресивно движење во регионот и Европа, кое се спротивставува на корупцијата, авторитарноста и антиевропските политики. Европа не е апстрактна политичка цел, туку подобар живот дома, повисоки плати, владеење на правото и повеќе шанси за секој човек. Македонија не смее да остане заглавена во национализам, популизам и политички манипулации кои ја оддалечуваат од европската иднина. Наместо поделби, СДСМ нуди визија за обединување околу државните интереси, економски развој и европски вредности преку поширок Фронт за вистина и правда. Скопје, 08.06.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканКосово избори: Самоопределување на Курти 43%, Српска листа води во сите општини со српско мнозинствоСпоред првичните резултати на вчерашните вонредни парламентарни изборите во Косово, Самоопределување освои 43,03% од гласовите, додека Српска листа има 5,89% и води во сите општини со српско мнозинство.Движењето Самоопределување на Албин Курти е во водство на вонредните парламентарни избори во Косово, покажуваат прелиминарните резултати на Централната изборна комисија (ЦИК) врз основа на обработени 97,76 проценти од гласачките места. Самоопределување освои 43,03 проценти од гласовите, односно 294.251 глас, што е помалку во споредба со изборите од декември 2025 година кога партијата доби 49,34 проценти од поддршката. На второто место е Демократската партија на Косово (ДПК) со 21,15 проценти или 144.618 гласови, додека трета е Демократската лига на Косово (ЛДК) со 17,68 проценти или 120.870 гласови. Најсилната српска политичка партија во Косово, Српска листа, освои 5,89 проценти или 40.291 глас и, според податоците на ЦИК, забележа убедлива победа во сите општини со српско мнозинство. Другата српска партија која учествуваше на изборите, „За слобода, правда и опстанок“, освои 0,73 проценти или 4.962 гласа. Тагови: Косово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕвропската слободна алијанса усвои резолуција за заштита на македонското малцинство во АлбанијаГенералното собрание на европската слободна алијанса што се одржува во Гандија, Шпанија, едногласно ја усвои резолуцијата, предложена од Македонска алијанса за европска интеграција за заштита на македонското малцинство во Албанија.Генералното собрание на европската слободна алијанса што се одржува во Гандија, Шпанија, едногласно ја усвои резолуцијата, предложена од Македонска алијанса за европска интеграција за заштита на македонското малцинство во Албанија и на правата на малцинствата во процесот на проширување на ЕУ.. Со резолуцијата се повикува на доследен и принципиелен пристап како од страна на албанските власти, така и од институциите на ЕУ, за да се осигура дека малцинските права не само што ќе бидат признаени, туку и ефективно спроведени. Од албанската влада се бара да обезбеди целосно спроведување на малцинските права на целата територија каде што живеат Македонци, вклучувајќи го и пристапот до образование на Македонски јазик секаде каде што има соодветна побарувачка, изјави претседателот на Македонската алијанса, Васил Стерјовски..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook