Мицкоски: 250 евра за студентите за набавка на електронски уреди од септември - Канал 5

Мицкоски: 250 евра за студентите за набавка на електронски уреди од септември

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денес изјави дека Владата планира ученички стипендии за наредната година.

Мицкоски: 250 евра за студентите за набавка на електронски уреди од септември

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денес изјави дека Владата планира ученички стипендии за наредната година, а во однос на новинарското прашање за најавата на Владата за помош на студентите за набавка на електронски уреди, изјави:

„250 евра за електронски уреди. Тие пари се предвидени во буџетот. Процедурата во рамките на Владата, односно Генералниот секретаријат е отпочната. Се дефинираат критериумите и нормално е дека чекаме да отпочне новата студентска година затоа што еден од критериумите е да студентите имаат заверен семестар. И ги чекаме овие бруцоши коишто сега ќе се запишат за да го заверат семестарот и да може да ги добијат тие 250 евра помош од државата за купување на електронски уреди.

Така што веќе во септември месец, јас сум сигурен дека тоа ќе се случи. Така што еве, сите оние коишто, политички партии коишто во паузата од некрофилија, рефлектираат и ваков тип на дилеми во јавноста, еве ја користам оваа прилика да ги разубедам и да им кажам да бидат спокојни. Тоа што ВМРО и оваа Влада ветуваат, во којашто се политичките партии ВРЕДИ, коалицијата ВРЕДИ, политичката партија ЗНАМ и нашата коалиција, тоа што ние го ветуваме, тоа го испорачуваме, но се разбира во зависност од приоритетите, бидејќи многу приоритети има, мора многу дупки и многу лоши работи од минатото да се санираат коишто ги наследивме.

Така што еве, за овие година дена мислам дека успеавме многу од тие лоши работи, еден од тие е и овој објект, да ги санираме. Така што мислам дека последната бројка е на приватните и државните универзитети, некаде околу 55 илјади студенти, со заверка на семестар ќе може да ги користат овие 250 евра за набавка на електронски уреди од септември.“, соопштуваат од Владата.

Голем пожар синоќа зафати неколку куќи во скопско Злокуќани

Голем пожар се случи синоќа во Злокуќани во општина Карпош, на улицата „Скупи“, при што беа зафатени неколку куќи.

Голем пожар синоќа зафати неколку куќи во скопско Злокуќани

Нема сериозно повредени во пожарот, освен неколкумина кои вдишиле чад.

На местото на опожарените домови е Здравко Димитров.

Здравко повели со информациите колку куќи беа зафатени од пожарот ?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Во мај 469 одобренија за градење од кои 255 за високоградба, планирани 1 037 станови

Во  мај годинава се издадени  469  одобренија за градење, што е за  80.4  проценти повеќе во однос на мај лани, објави Државниот завод за статистика.

Во мај 469 одобренија за градење од кои 255 за високоградба, планирани 1 037 станови

Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 146, по што следуваат Скопскиот, 86, Вардарскиот, 84, Југоисточниот, 67, Југозападниот, 32, Пелагонискиот, 26, Источниот регон, 22. Во Североисточниот регион има најмалку одбреија, шест.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 868 401 000 денари, што е за 34,1 процент повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Најголем број од издадените одобренија, 255 (54,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 110 (23,5 проценти) се за реконструкција, а 104 (22,2 проценти) за нискоградба. На 232 (49,5 проценти) инвеститори се физички лица, а на 237(50,5 проценти) деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 037 станови со вкупна корисна површина од 90 813 метри квадратни. Од вкупниот број станови, во Скопскиот регон се 441, во Полошкиот 295, во Југоисточниот и во Вардарскиот по 120, во Југозападниот 39, ..

Црн викенд на Егејот: Три лица се удавија во еден ден на лазлични дестинации во морето во Грција

Вчера во различни делови од Грција, се удавиле три лица.

Црн викенд на Егејот: Три лица се удавија во еден ден на лазлични дестинации во морето во Грција

Според крајбрежната стража, во недела напладне, пристанишните власти во Солун биле информирани дека во морскиот дел на пристаништето А е пронајдено тело на жена. Жената била на возраст од околу 50-55 години, но не се познати повеќе детали. Не е познато од која националност е жртвата.

Прелиминарната истрага ја спроведува Централната пристанишна управа на Солун.

Во недела попладне, 82-годишен Грк бел пронајден во несвест на плажата Плака на Тилос. Тој веднаш бил пренесен со брза помош од ЕКАБ во болницата Ливади на Тилос, каде што бил прогласен за мртов, пишува Прототема.

Кратко потоа, друг граѓанин на 88 годишна возраст е пронајден во несвест на плажата Микиверна во Полигирос, Халкидики. Во тек е прелиминарна истрага за причината за смртта.

Летната сезона е во полн ек во Грција, па затоа на туристите им се препорачува да бидат внимателни.

притисни ентер