Мичел: САД ги поддржуваат Македонија и Грција да најдат решение

Нема конкретен одговор дали високиот дипломат на Стејт департментот Вес Мичел донесе конкретни решенија за спорот со името меѓу Македонија и Грција.

Заедничката прес конференцијата на Мичел и премиерот Зоран Заев ја следеше Гоце Михајлоски.

Колку Вес Мичел е подготвен за изнаоѓање на решение.

-САД ги поддржуваат Македонија и Грција во напорите да најдат заедничко решение за прашањето за името. Македонија презеде големи чекори напред во ангажирањето во преговори со нејзините грчки соговорници и ова е одлична можност за доаѓање до решение. Многу е важно двете држави да продолжат со преговорите. истакна Мичел.

Премиерот Заев во однос на решавањето на спорот за името изрази задоволство што процесот е влезен во финална фаза и ја потврди јасната подготвеност за вистински дијалог.

- Кога ви е тешко се викаат пријателите. Ние со Бугарија го решивме проблемот, дај Боже да им соопштиме на нашите пријатели дека постигнавме решение и со Грција. Ќе продолжиме со преговорите, но ако има проблем повторно очекуваме помош од нашите пријатели, рече Заев на новинарско прашање во однос на можноста за помош од страна на САД.

Во видеото погледнете го целиот извештај.



Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер