3Татко монструм бил во врска со својата 18 – годишна ќерка, таа си пресудила, тој доби минимална казна
КултураМице Јанкуловски со самостојна изложба во Риека - „Коегзистенција - црно и црно“Самостојната изложба на слики и видеа од Мице Јанкуловски „Коегзистенција - црно и црно“ синоќа беше отворена во Музејот на град Риека - „Коцкица“.Изложбата, како што информира авторот, ја отворила градоначалничката на Риека, Ива Ринчиќ, a на отворањето присуствувале директорот на Музејот, Младен Урем, раководителот на Одборот на директори за работа на окружниот префект и на окружното собрание на Приморско-Горанскиот округ, Ермина Дурај и кураторот на изложбата, Корнелија Конеска. - Му благодарам на авторот што не тера на размислување, ни отвора нови хоризонти кои ни покажуваат дека црното не е така мрачно, туку дека може да биде и нов почеток ако се потсетиме дека ноќта е најтемна пред зората и дека она што денес изгледа темно, утре можеби нема да биде така..., изјавила градоначалничката Ринчиќ. Според директорот на Музејот на град Риека - „Коцкица“ Младен Урем, оваа изложба е уникатно културно искуство за жителите на Ријека бидејќи ги комбинира традицијата и модерноста и ја претставува македонската уметност „на глобално релевантен начин“. Кураторот Корнелија Конеска го објаснила концептот на изложбата, нагласувајќи дека авторот ги истражува бескрајните можности на црната боја преку монохроматски, минималистички и модуларен принцип. - Црната е боја на драмата - драмата на животот, потенцира Конеска. Изложбата, според авторот, посебно значење добила со настапот на Друштвото на Македонците во Риека „Илинден“ кои истовремено ја почнале традиционалната манифестација „Денови на македонската култура“ во Ријека 2025. Изложбата ќе биде отворена за посетители до 3 ноември 2025. Тагови: Изложба Мице Јанкуловски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
МетеоДенес сончево и топло со мала до умерена облачностВремето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени. Утре и задутре во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. За време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 25. јуни 2026 годинаДневен хороскоп за четврток 25. јуни 2026 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Навиката е работа што може да биде добра или лоша. Немојте да се навикнувате на осаменоста , зашто овој период набргу ќе помине. Кариера Денеска би можело да се случи оној ,,клик” , кога сите работи си доаѓаат на своето место. Здравје и совет Во одлична форма сте. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе верувате дека сте на добар пат , но вашите реакции ќе бидат нагли и непромислени. Контролирајте се и се ќе биде добро. Кариера По прашање на стручноста ќе нема никакви колебања и вие ќе делуварте професионално според вашите знаења. Здравје и совет Понекогаш сте премногу сигурни во себе. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ако се обидете да најдете една стара тема во односот со саканата личност, таа малку ќе ве вознемири , но врската и натаму ви е добра. Кариера Цело време нешто ве принудува да одите некаде , но од својата кожа не се може. Истото важи и за работните задачи кои ви се дадени. Здравје и совет Продолжете. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можна е заедничка вечера , на која по кој знае кој пат ќе почуствувате дека љубовта оди низ желудникот. Ќе ви биде убаво. Кариера Се што ќе работите денеска , ќе содржи јасна порака дека вашето влијание е неприкосновено. Со задоволство ќе соработуваат. Здравје и совет Со сите сили почнете да штедите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов И натаму ќе работите на зацврстување на својата врска и во уживање во неа. Другата страна ќе ви враќа со љубов и тука е среќата. Кариера Меѓу работата и љубовта , ќе ги изберете и двете. Денеска е таков ден што ќе споите едно со друго. Можно е доаѓање на партнерот на вашето работно место. Здравје и совет Свртете се кон интроспекција. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска веројатно ќе ве окупира пријател или пријателка , која ќе ве поттикне на нова фаза на личните односи. Кариера Оние кои имаат таква работа , на која се во движење , денеска ќе уживаат во секој момент. Другите ќе имаат потреба за движење и за зајакнување на контактите. Здравје и совет Поинтересни сте од повеќето. Искористете го тоа. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Некои би можеле да склопат познанство со личност која е постара од нив. Ќе ви упати конструктивна критика. Кариера Чувствувате дека во вас расте плима од амбиции и дека можете се повеќе и подобро. Затоа знаете дека резултатите нема да изостанат. Здравје и совет Бидете трпеливи. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Непобитен факт е дека сте голем заводник/заводничка и денеска повторно ќес е покажете на дело. Ќе бидете задоволни. Кариера Она поради што неодамна се расправавте , денеска ќе биде ставено во втор план. Ќе продолжите да работите како да не било ништо. Здравје и совет Ќе бидете заплеткани во големо друштво. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Доколку не сте задоволни од состојбата , денот е добар за привремено повлекување во самотија. Кариера Можни се мали проблеми со младите лица на работното место. Тие ќе очекуваат нешто друго од реалноста , а некои ќе покажуваат размазеност. Здравје и совет Ќе дојдат вашите пет минути. Овен 21.3-20.4. Љубов Се што ќе се случува денеска , ќе ви носи само немир , фрустрации и нови прашања. Обидете се да останете мирни и трпеливи. Кариера Веројатен е трошок , на кој не сте сметале ни вие ниту вашите соработници. Ќе се снаоѓате некако со моментално решение. Здравје и совет Бидете горди на своите дела. Бик 21.4- 20.5. Љубов Скриено или отворено , вие ќе настојувате да дојдете до љубов. Во тоа ќе ви помогнат блиски луѓе , на кои секогаш може да сметате. Кариера Кога станува збор за деловни контакти и договори ,. ќе бидете многу успешни на сосема неочекуван начин. Здравје и совет Проширете си ги хоризонтите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пријатни сте за околината , ве ценат и сакаат , зрачите со самодоверба. Сите тие се добитни комбинации за љубов. Кариера Пари и комуникации ќе бидат главно обележје на денот. Главно добро ќе се снаоѓате. Здравје и совет Чувајте се од провев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТимчо Муцунски вечерва во „Само Интервју“Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.Влегува ли Македонија во нова фаза на меѓусоседски политички премрежија? Случаен или намерен е инцидентот со протекувањето информации за семејството на Премиерот од Софија? Кој и зошто сега одлучи да го крши меѓународното право? Mоже ли да бидеме реални оптимисти или се подготвуваме за долг престој во чекалната? На повидок ли е решение за редиците на граничните премини? Кој ќе ја „преживее“ владината реконструкција, а кои ресори ќе се ротираат? Кој посакува предвремени избори, а кој има ноќна мора? Вечерва кај Гоце Михајлоски во Само Интервју, гостува министерот за надворешни, Тимчо Муцунски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter