3Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
ЖивотМиа Калифа проговори за снимката поради која и заврши кариерата Порно-ѕвездата Миа Калифа проговори за смртните заканите кои ги добивала од таканаречената Исламска држава откако во 2015 година снимила порно филм со хиџаб.Во разговорот со Ленс Армстронг, за „БиБиСи“ откри дека идејата да носи хиџаб во филмот дошла од продуцентот. Нејзината прва реакција била дека некој поради тоа ќе ја убие. Нагласила дека можела да одбие да носи хиџаб, но имала само 21 година, па била “умерено срамежлива и не знаела дали воопшто смее нешто такво да праша“. Недела дена откако филмот е објавен, почнаа и смртните закани. This shirt is now available in my store (link in my bio). 100% of proceeds will be donated towards #SuicidePrevention efforts by Save.org. Call me, call a friend, call a relative, call your local pizza joint, or call this phone number. Call anyone & talk, I promise it gets better, and I promise there will always be ears willing to lend their services if you need help or are going through a contemplative and tough time. I urge you guys today to make the first move, and to call someone you care about and just tell them they’re loved and appreciated. Tomorrow I will be hosting my charity live stream on Twitch.tv/MiaKhalifa to raise money for this cause if y’all want to tune in. 1(800) 273-8255. #ForEddie ♥️ A post shared by Mia K. (@miakhalifa) on Apr 21, 2018 at 12:40pm PDT „Целиот Блиски исток беше против мене, Либан се одрекна од мене, семејството се одрекна, а веројатно и секој муслиман на твитер беше против мене“ – изјави поранешната порно ѕвезда, која во порно индустријата помина само три месеци. This is what happens when the restaurant is upscale, but the weather is downpour ☔️ A post shared by Mia K. (@miakhalifa) on Mar 27, 2018 at 5:32pm PDT Калифа изјави дека после тоа ИД во фотошоп и ја припоиле главата на тело на човек за кој се подготвува да биде обезглавен, но тоа дека и го хакирале Инстаграм профилот, и на него почнале да објавуваат пропагандни пораки. Поради сето тоа што го доживеала, изјавува дека денеска е имуна на малтретирањето на интернет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветУкраинските напади драстично ги намалуваат руските нафтени капацитетиСпоред два извори од индустријата, украинските напади со беспилотни летала врз руските рафинерии го намалиле капацитетот на Русија за преработка на нафта за приближно 30 отсто.Украинските удари врз руските рафинерии дополнително ги отежнуваат напорите на Москва да се справи со недостигот на гориво на домашниот пазар, и тоа во време кога Русија продолжува да испорачува дизел на меѓународните пазари, согласно договорот со американскиот претседател Доналд Трамп. Украина ги зачести нападите врз руските рафинерии од крајот на октомври, откако пропадна предложениот договор за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура. An oil refinery in Yaroslavl, one of the top five largest oil refineries in Russia, is on fire. However, the governor of the region confidently claims that all UAVs were shot down. https://t.co/1uLixMmL14 — WarTranslated (@wartranslated) August 6, 2026 Значителен пад Според извори од индустријата и официјални претставници, во текот на изминатата недела, украинските напади го попречиле работењето и предизвикале вонредни ситуации во девет од 35-те големи руски рафинерии. Извори од индустријата наведуваат дека вкупниот дневен капацитет на руските рафинерии погодени од напади со беспилотни летала од крајот на октомври – вклучително и три големи постројки во централна Русија – изнесува приближно 300.000 тони (2,2 милиони барели). Ова е во контекст на вкупниот примарен капацитет за преработка на нафта во Русија, кој изнесува околу 930.000 тони дневно. До крајот на октомври, руските рафинерии преработувале приближно 700.000 тони (пет милиони барели) сурова нафта дневно, наведуваат изворите. Според проценките на изворите, реалното намалување на преработката на сурова нафта во руските рафинерии би можело да достигне и до 200.000 тони дневно. Меѓу погодените постројки се рафинериите во Рјазањ, Јарослављ и во областите долж реката Волга. Ukrainian drone strikes hit the Yaroslavl oil refinery in western Russia on Thursday, one of the country's five largest. https://t.co/imC8IJUwIZ — Open Source Intel (@Osint613) August 6, 2026 Постојани напади Гувернерот на Ленинградската област изјави дека во понеделникот, во ноќен напад, украински беспилотен летало ја погодило рафинеријата за нафта „Кириши“ – втората по големина во Русија – при што избувнал пожар. Тој додаде дека во нападот загинала една жена. Во напис објавен во вторникот во рускиот дневен весник „Комерсант“, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Украина ги игнорира повиците на Трамп за прекин на нападите врз руските енергетски цели. Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека Киев продолжува со нападите врз цели поврзани со рускиот нафтен сектор, како одговор на руските напади врз енергетските капацитети. Тој посочи дека украинските електрани, енергетските мрежи, системите за греење и водоснабдување се под постојан напад и дека Москва одбива да ја намали ескалацијата. Извор: Индекс.хрТагови: напади русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВласта го одби барањето на СДСМ, предлог – законот за јавни набавки да биде повлечен од дневен редПредлог законот за јавни набавки попладнево стаса на дневен ред во Собранието, откако владеачкото мнозинство го отрфли предлогот на СДСМ тој да биде повлечен.. Дејан Трајкоски е во Парламентот.. Дејан, откако вчера претседателката Сиљановска стави вето на еден член од предлог законот, мнозинството експресно реагираше... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа.Taa го поздрави денешното отворање на нашата прва резидентна Амбасада во Вилнус и изрази очекување за продлабочување на македонско-литванската политичка, економска и институционална соработка. Соговорниците разменија ставови за процесот на проширување на Европската Унија, состојбата во регионот на Западен Балкан, како и за македонските предизвици во пресрет на литванското претседавање со Советот на ЕУ од јануари 2027 година. Тие се согласија дека реформите и Копенхашките критериуми се клучните параметри за членство во ЕУ на земјите-кандидатки и дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во процесот на проширување. Претседателката посочи дека соседите може да имаат позитивна улога во европската интеграција на регионот, укажувајќи на примерот на скандинавските земји, кои целосно ги поддржаа балтичките држави пред нивното членство во Европската Унија во 2004 година. Таа го информираше претседателот за македонските преземени чекори на патот кон ЕУ, како и за прашањата со коишто се соочува земјата, од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 до денес. Сиљановска-Давкова истакна дека продолжуваат македонските напори за конструктивен дијалог со соседна Бугарија, но нагласи дека за тоа е неопходно двете страни да пристапат кон процесот со добра волја, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook