Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
2Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
ЖивотМиа, 12 годишно девојче кое се парализира секој втор денМиа Парк страда од хипокалемична периодична парализа што значи дека на периоди не може да го помрдне телото и мора да биде однесена во болница за да може повторно да си ги чувствува рацете и нозете.39 годишната Сара Фирт е очајна бидејќи не може да и помогне на својата 12 годишна ќерка која страда од периодична парализа. Девојчето страда од хипокалемична периодична парализа што значи дека на периоди не може да го помрдне телото и мора да биде однесена во болница за да може повторно да си ги чувствува рацете и нозете. - Кога тоа ќе се случи станува апсолутно ужасно. Моето девојче од енергично дете станува заробено во неподвижно тело. Таа се преплашува, очите и се полни со солзи додека чека повторно да си го почувствува телото - вели Сара. Во текот на еден од ваквите напади, Миа била парализирана цели 19 часа! Првата епизода на парализа Миа ја доживеала годинава во јануари. - Се разбуди среде ноќ и рече дека не може да ја придвижи раката. Мислев дека лошо спиела, па и се здрвила раката. Но утрото не ги чувствуваше и двете раце, и нозете, и не можеше да стане. Сфатив дека е нешто сериозно - вели нејзината мајка. Таа со игла ја боцнала на рацете и нозете но девојчето не чувствувало ништо. веднаш викнале брза помош. - Татко и на Миа, мојот поранешен сопруг, како и неговиот татко, страдаа од состојба која ги одведе во парализа - вели Сара. Екстремно ретката и потенцијално фатална состојба на повремени парализи се случува поради крајно ниското ниво на калиум во организмот. По првиот напад, на Миа преку вена и бил даден калиум, но требало да поминат 14 часа пред таа повторно да успее да се придвижи. Во текот на следната недела Миа се парализирала секој втор ден! Секогаш тоа и се случувало во сон. - Секое второ утро се будеше беспомошна, без да може да се помрдне. Бевме преплашени. Се што можевме да направиме е да почекаме да и биде даден калиум и тој да почне да делува, за таа да се раздвижи. Оваа болест погодува еден човек на 100 000 и поверојатно е да ја имаат мажите од жените. - Можеби затоа не очекував да и се случи. нејзиниот татко ми кажа дека има таков проблем но ме уверуваше дека ги погаѓа само мажите - вели Сара. Сега нападите на парализа кај Миа се проретчени на интервал - еднаш во две недели. - Кога ќе се случи додека е будна таа чувствува боцкање во прстите, знае што следува и пие сируп со калиум за да спреи парализата да се развие. Но ако се случи додека спие, не е свесна дека парализата настапува и се буди неподвижна. - Тоа има уништувачки ефект на нашите животи. Ако се парализира таа веднаш мора да биде пренесена во болница, инаку може да ја изгубам. Ако не се дејствува бргу може да биде фатално - вели Сара. Сара ја проверува својата ќерка повеќепати додека спие, стравувајќи дали може да се движи. - Но се случува да се разбуди неподвижна, како статуа. Еднаш таа состојба траеше 19 часа - вели мајката на болното девојче. Миа повеќе не може да спие кај другарките за да не и се случи напад на парализа, ниту може да замине на екскурзија или слично. Животот и е променет. Сара сега собира хуманитарни средства за доопремување на детската болница во Шефилд - за пациентите како нејзината ќерка да имаат поголема комоција додека престојуваат таму, и во собите да има кревет з ародител. - Не сонувавме дека нешто вакво можеше да ни се случи и да ги промени нашите животи до тој степен. Но ќе се бориме, ќе видиме - секој ден за себе - вели Сара. / извор: Дејли меил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„На кавга со Иван“ - Сотир КостовВо понеделник, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Сотир КостовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
БалканСедум полициски службеници во Србија се притворени во врска со случајот Данка ИлиќСо одлука на Вишиот суд во Ниш, на седум полициски службеници од Бор им е одреден притвор во траење од еден месец.Тие се осомничени за злоставување и мачење на Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, кои се обвинети за убиството на малата Данка Илиќ. Полициските службеници биле уапсени на 14 ноември. Наводното злоставување се случило додека Јанковиќ и Драгијевиќ биле задржани во Полициската управа во Бор за време на истрагата за убиството, пренесува „Н1 Инфо“. Судска одлука Портпаролката на Вишиот суд во Ниш за новинската агенција „Бета“ потврди дека притворот е одреден од страна на судија за претходна постапка – одлука која сè уште не е правосилна. Таа појасни дека одлуката се заснова на Кривичниот законик, наведувајќи ги следниве основи за притвор: опасност од влијание врз доказите или сведоците, опасност од повторување на кривичното дело, како и вознемирување на јавноста поради тежината на стореното дело. Обвинителство и поврзан смртен случај Во врска со апсењата, Вишото јавно обвинителство во Ниш соопшти дека претходно издало налози за приведување на полициските службеници. Според соопштението, припадниците на Секторот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи во тој момент не постапиле по тие налози. Минатата недела, обвинителството во Ниш нареди апсење и на уште осум други полициски службеници. Тие се осомничени дека му нанеле тешки телесни повреди на Далибор Драгијевиќ – брат на осомничениот Дејан Драгијевиќ – во полициската станица во Бор. Далибор Драгијевиќ починал на 7 април 2024 година како последица на тие повреди. Вишиот суд во Ниш одреди притвор од 30 дена и за оваа група полициски службеници. Извор: Индекс.хрТагови: Данка Илиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПронајдени пет лица мигранти од Непал, лишен од слобода криумчарот, следува пријаваЛицето е задржано во полициска станица, а мигрантите се спроведени во прифатен центар за странци во Скопје. На 17.11.2026 во 22:30 часот во Куманово, кај местото викано „Нато клучка“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при РЦ за ГР Север го лишија од слобода А.И.(29) од Скопје. при контрола во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти од Непал. Лицето е задржано во полициска станица, а мигрантите се спроведени во прифатен центар за странци во Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.Тагови: мигранти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter