Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, тој најпрво зборуваше за победата и за тоа што мрежата останала недопрена
1Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, тој најпрво зборуваше за победата и за тоа што мрежата останала недопрена
Потпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 година
1Потпишан план за соработка меѓу министерствата за здравство на Македонија и Бугарија за периодот 2026–2028 година
ЖивотMG Collective и Bratot Apparel: Ново поглавје во креативната сцена на СкопјеНа отворањето присуствуваа уметници, креативци, пријатели, клиенти и претставници на локалната сцена, кои имаа можност први да го доживеат новиот простор и концепт на MG Collective.Синоќа, 28 септември 2026, MG Collective официјално ги отвори вратите на своето ново премиум tattoo& piercing студио на Panorama Square, со што започнува ново поглавје за брендот кој повеќе од една деценија е дел од креативната сцена на Скопје. На отворањето присуствуваа уметници, креативци, пријатели, клиенти и претставници на локалната сцена, кои имаа можност први да го доживеат новиот простор и концепт на MG Collective. Основан во Скопје во 2013 година, MG Collective низ годините го изгради својот препознатлив идентитет околу тетовирањето како форма на уметност и личен израз. Новиот простор ја продолжува оваа филозофија, но во пософистицирана и современа средина, со посебен фокус на дизајнот, атмосферата и градењето заедница околу tattoo културата. MG Collective × Bratot Apparel Како дел од ова ново поглавје, во новиот простор свое место добива и Bratot Apparel — македонски streetwear бренд со кој MG Collective споделува слична визија за креативноста, индивидуалноста и современата култура. MG Collective и Bratot Apparel креираа заеднички изложбен и продажен простор во рамки на MG студиото, создавајќи место каде што tattoo art, мода и street култура се среќаваат во една заедничка визуелна приказна. Покрај изложбениот простор, веднаш до MG Collective, Bratot Apparel отвори и свој нов деловен простор. Panorama Square, ул. Славејко Арсов 37, Скопје е новата адреса каде можете да ги најдете капите на Bratot, вклучувајќи ги моделите креирани во соработка со Горан Миќиќ и Михаил Корубин, како и дел од сопствените креации на брендот. Новитет во понудата се и маиците — природен концептуален продолжеток на mood-овите и визуелниот свет препознатлив кај капите. Отворањето на новото студио го означува почетокот на следното поглавје за MG Collective и за Bratot Apparel, со нов простор, нови соработки и уште повеќе креативни проекти и приказни што следуваат. Проверете повеќе на www.mgtattoostudio.com и www.bratot.coм Тагови: Bratot Apparel Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЗакани за поставени бомби во повеќе од 100 училишта низ Србија Десетици основни и средни училишта ширум Србија утрово добиле закани за поставени бомби преку електронска пошта, јавуваат дописниците на РТС.Добиени се закани за поставени бомби во 21 основно и средно училиште на подрачјето што го покрива Полициската управа Краљево. Од тој број, 18 училишта се наоѓаат на територијата на Краљево, а три на територијата на Врњачка Бања. Учениците се испратени дома, а полицијата врши антидиверзиони проверки. Закани за поставени бомби добиле и 23 основни и средни училишта во Јабланичкиот округ, потврдија за РТС од Полициската управа во Лесковац. На подрачјето на Полициската управа во Чачак, закани за бомби добиле 20 училишта, додека 17 училишта во Златиборскиот округ исто така примиле такви закани. Закани за бомби се пријавени и во неколку училишта во Шабац. Полицијата е на терен и врши проверки. Во Расинскиот округ, 14 основни училишта добиле закани за поставени бомби. На територијата што ја покрива Школската управа во Ниш, четири основни училишта – едно во Куршумлија, две во Алексинац и едно во Ниш – добија закани за поставени бомби. Екипите за противдиверзиона заштита на Министерството за внатрешни работи (МВР) се на терен, а учениците во Ниш веќе се вратија на настава. Закани за бомби добија и 27 основни училишта во Севернобачкиот округ: 18 во Суботица, седум во Бачка Топола и две во Мали Иѓош. На подрачјето на Полициската управа Пожаревац, 23 основни училишта добија дојави за поставени бомби. Екипите за противдиверзиона заштита на МВР се на терен; повеќето проверки се завршени, а учениците се враќаат во училниците. На териториите на Нови Пазар, Тутин и Сјеница, 20 основни училишта добија вакви закани. Полицијата е на терен и врши проверки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо МНР повикан претставник на Амбасадата на Република БугаријаДенеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, беше повикан претставник на Амбасадата на Република Бугарија, кој во отсуство на амбасадорот ја извршува функцијата вршител на работи.На средбата беше изразено незадоволство од неодамнешната изјава на министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Иван Демерџиев, во врска со случајот со Ива Михајлова, која беше оценета како навредлива и провокативна. Воедно, беше изразено незадоволство и од изјавата на амбасадорот Желјазко Радуков за бугарската телевизија БТВ, која ја оценуваме како директно мешање во внатрешните работи на нашата држава, имајќи ги предвид изнесените квалификации во однос на работата на надлежните институции. Од наша страна беше посебно нагласено дека ваквите провокации го оддалечуваат билатералниот дијалог од рамката во која треба да се развиваат добрососедските односи – врз основа на меѓусебно почитување, воздржаност и конструктивна комуникација. Во тој контекст, беше укажано дека ваквото однесување може да наметне потреба од соодветна институционална реакција согласно со одредбите на Виенската конвенција за дипломатски односи, која јасно ги утврдува рамките на дипломатското дејствување и принципот на немешање во внатрешните работи на државата на прием. На крајот од средбата уште еднаш беше нагласена нашата посветеност на развојот на добрососедските односи, засновани на меѓусебно почитување, доверба и европски принципи, при што истата посветеност и одговорност ја очекуваме и од бугарската страна. ...Тагови: МНР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈаневска: СТЕМ компетенциите и кариерното советување - еден од фокусите на образовната реформаМинистерството за образование и наука работи на унапредување на образованието, развивање современи компетенции кај учениците и воспоставување функционален систем за кариерно советување.Министерството за образование и наука работи на унапредување на образованието, развивање современи компетенции кај учениците и воспоставување функционален систем за кариерно советување, кој ќе им помогне на младите да ги препознаат своите потенцијали и да донесат информирани одлуки за изборот на образование и професија. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска во обраќањето на настанот организиран од ИНОВА, посветен на запознавање на средношколците со реалниот деловен свет, современите професии, можностите за развој на сопствен бизнис и вештините што се потребни за успех во динамичното деловно опкружување. „Добро е да имаме што повеќе настани кои на младите им ги отвораат вратите кон иднината. Овој е еден од нив. Благодарност до тимот на ИНОВА што им овозможува на средношколците директна средба со светот на иновациите и претприемништвото и ги поттикнува да ги откријат своите интереси и таленти“, рече Јаневска. Таа посочи дека брзиот технолошки развој, вештачката интелигенција, зелените иновации и дигиталната трансформација создаваат нови можности, но истовремено поставуваат и нови барања во однос на знаењата, вештините и квалификациите што им се потребни на младите за успешно да се вклучат на пазарот на трудот. Во таа насока, Министерството спроведува реформи насочени кон усогласување на образованието со современите потреби на општеството и економијата. Од оваа учебна година, над 10.800 ученици во прва година средно стручно образование учат според модернизирани наставни програми, во кои се интегрирани СТЕМ-компетенциите, зелените и дигиталните вештини во сите струки. За поддршка на спроведувањето на реформата, обучени се 569 наставници, а дополнително е зајакната соработката со приватниот сектор. Кариерното советување е вториот важен сегмент во поддршката на младите. Министерката укажа дека преку измените на регулативата за основно и средно образование и соодветните подзаконски акти, кариерното советување во училиштата е системски регулирано. Воспоставени се два регистра: Регистар на координатори за професионална ориентација на учениците во основните училишта и Регистар на кариерни советници во средните училишта. Во нив се впишуваат стручни соработници и кариерни советници кои поминале соодветни обуки и се оспособени да им обезбедат на учениците ефективна поддршка при изборот на понатамошното образование и професионалниот развој. „Не ни е целта само да ја оствариме Реформската агенда на хартија, туку да создадеме функционален систем на кариерно советување што вистински ќе им помага на младите да го пронајдат својот пат“, рече министерката Јаневска. Изрази очекување дека искуствата и примерите на успешните професионалци со кои средношколците ќе имаат можност да се запознаат на настанот, ќе бидат дополнителна инспирација за нивниот личен и професионален развој, како и поттик својата образовна и професионална иднина да ја градат во земјава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook