Полициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат
1Полициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат
3Европа бара место во преговорите за Украина, дипломатските разговори продолжуваат во Москва и Даблин
Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
МакедонијаМФ: Силна доверба од меѓународните инвеститори- успешно реализирано издавањето на 10-тата ЕврообврзницаМинистерството за финасии успешно ја реализираше аукцијата за издавање на 10-тата Еврообврзница.Министерството одлучи да издаде еврообврзница со две транши од по 500 милиони евра – со рок од 4 години и со рок од 8 години. Фактот дека Министерството успеа да пласира осумгодишна обврзница дополнително говори за довербата во реформските планови на Министерството за финансии и Владата, имајќи предвид дека последен пат вакво доспевање беше постигнато пред повеќе од дваесет години. Само еден час по објавувањето на почетните каматни стапки, побарувачката од инвеститорите достигна импресивни две милијарди евра, со диверзифицирана база на инвеститори ширум светот, вклучувајќи еминентни институционални инвеститори од Германија, САД и Велика Британија. Пред отворањето на американскиот пазар, книгата на инвеститори достигна дури три милијарди евра, а по неговото отворање максималната понуда надмина четири милијари евра, што претставува исклучителен показател за силната доверба во економските политики и стабилноста на земјата. Повеќе од 150 глобални инвеститори изразија интерес да ја поддржат државата во овој проект, што претставува дополнителен квантитативен доказ во прилог на фискалната стратегија на Министерството за финансии. Во случајот на двете транши, каматата е најблиска во однос на референтната вредност на Еурибор, споредувајќи ги сите издавања на обврзници во последните дваесет години. Каматните стапки за двете транши изнесуваат: 3,875 % за траншата со рок на достасување од 4 години и 4,750% за траншата со рок на достасување од 8 години. Со изборот на стратешкиот моментот на издавање, како и со структурата на задолжувањето, беше постигнато значително намалување на приносите – конкурентно во однос на земјите со инвестициски кредитен рејтинг (околу 0,5% во споредба со просекот од 0,25%). Тоа дополнително се потврдува со фактот за големата побарувачка од страна на најеминентните меѓународни инвеститори. Излезот на меѓународниот пазар има стратешки карактер, имајќи ги предвид потенцијалните турбуленции во доменот на геополитиката и макроекономската неизвесност на глобално ниво. Министерството за финансии останува посветено на транспарентност и стабилност, со цел обезбедување најповолни услови за финансирање и зајакнување на позицијата на земјата на меѓународните финансиски пазари. Во насока на одговорно и стратешко управување со јавните финансии, Министерството за финансии во последниот квартал од 2025 година интензивно работеше на анализа на пазарните услови со цел да го определи најсоодветниот момент за стратешки излез на меѓународниот пазар на капитал на почетокот од 2026 година. Како дел од овие активности, тимот на Министерството за финансии во ноември реализираше посета на Лондон , каде што во организација на водечки инвестициски банки ја претстави земјата пред повеќе од 40 инвеститори. Во периодот од 11 до 12 јануари 2026 година, Министерството оствари средби со повеќе од 60 глобални инвеститори, меѓу кои најголемите пензиски фондови и осигурителни компании од САД, како и инвестициски фондови од целата Европска унија. Bank of America имаше водечка улога во координацијата на процесот на издавање на обврзницата. Со оваа Еврообврзница, планирана во Буџетот за 2026 година ќе се изврши исплата на Еврообрзницата издадена во 2020 година во износ од 700 милиони евра и се обезбедуваат средства за буџетскиот дефицит којшто е насочен кон реализација на развојните проекти. Издавањето на Еврообврзницата е согласно напорите на Министерството за финансии за адекватно управување со јавниот долг и да се одржи стабилноста на јавните финансии на среден и долг рок. Државата стана прва земја во регионот и прва земја надвор од Европската унија која излегува на меѓународниот пазар на капитал, што сведочи за довербата во напорите на Министерството за финансии, особено имајќи го предвид износот на задолжувањето, соопштуваат од МФ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПолициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваатПолициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер на 15 март лани, кога се случи трагедијата во дискотеката Пулс, не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат во КочаниПолициските службеници кои од Пробиштип биле делегирани во Кочани кобната вечер на 15 март лани, кога се случи трагедијата во дискотеката Пулс, не знаеле какви задачи ќе треба да извршуваат во Кочани, туку само добиле усна наредба дека треба да вршат службени активности во Кочани. Ова денеска пред судот го изјави сведокот Даниел Василевски, полициски началник од Пробиштип, на рочиштето против 13 полициски службеници, обвинети дека не постапиле согласно акцискиот план при извршена контрола во дискотеката Пулс. Според зборовите на Василевски, полицајците од Пробиштип, однапред не биле воопшто запознати што ги очекува во Кочани, туку само ги следеле наредбите на службените лица од Кочани -Полицајците од Пробиштип пред упатувањето на работните задачи во Кочани не беа запознати со безбедносните ризици со кои можат да се сретнат таму, ниту пак беа запознати со планот за справување со ризици, бидејќи со таков план ОВР Пробиштип не располагаше. Планот за тоа како ќе се постапува таа вечер го имаа во ОВР Кочани и нашите полициски службеници инструкциите за постапување ги добија дури по доаѓањето во Кочани, - Сведок Даниел Василевски, полициски началник од ОВР Пробиштип. Според родителите на жртвите во Пулс пак, неразбирливо е како полициски службеници од Пробиштип добиле усна, а не писмена наредба за контроли во Кафулиња во Кочани. - Денес слушаме дека полициските службеници од Пробиштип не биле информирани за целта и точките на акциската контрола. Дали е професионално да се спроведува акција без соодветна информираност и координација на службите? Кој требало да знае, кој требало да постапи и кој ја презел одговорноста?- изјави Александар Наунов, татко на загинатата Надица Наунова. Судењето против 13 полициски службеници за непостапување при извршување на службените активности во дискотеката Пулс во Кочани, се наоѓа во доказна постапка, а по испитување на сите сведоци на одбраната, ќе се изведуваат и материјалните докази. Во пожарот на 15 март лани по активирање на пиротехнучки средства за време на настап на групата ДНК во дискотеката Пулс во Кочани, загинаа 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПукотница во близина на Белата куќа- петмина застрелани, напаѓачот во бегство (ВИДЕО)Пет лица се ранети во пукотница на повеќе локации во населбата Логан Серкл во Вашингтон, на околу една милја од Белата куќа. Полицијата започна голема операција, а според најновите информации, напаѓачот се забарикадирал во теретана во близина на Логан Серкл, објави NBC Washington. Пет лица се ранети во пукотница на повеќе локации во населбата Логан Серкл во Вашингтон, на околу една милја од Белата куќа. Полицијата започна голема операција, а според најновите информации, напаѓачот се забарикадирал во теретана во близина на Логан Серкл, објави NBC Washington. NBC News, повикувајќи се на двајца високи полициски службеници запознаени со случајот, објави дека напаѓачот се забарикадирал во теретаната. Полициската интервенција е сè уште во тек. Полицијата ги предупредува граѓаните да ја избегнуваат областа Вашингтонската полиција издаде итно предупредување до граѓаните да ја избегнуваат областа околу раскрсницата на 15-та улица и улицата П во северозападниот дел на градот. „КРИТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Полицијата е на местото на активно пукање во областа на 15-та улица и улицата П. Тим за итни интервенции на полицијата е на местото на настанот. ИЗБЕГНУВАЈТЕ ЈА ОБЛАСТА“, соопшти полицијата. Полицијата ги блокираше околните улици и им советуваше на жителите да го избегнуваат блокот 1500 на 15-та улица, каде што е блокиран поголемиот дел од станбената зграда. Сите блиски училишта се во блокада додека полицијата истражува. Агенти од федералното Биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (ATF) исто така им помагаат на локалните органи за спроведување на законот. Жител: „Слушнав околу пет истрели“ Жител на блиската зграда, Рајан Дубики, рече дека слушнал околу пет гласни тресоци од неговиот стан околу 8 часот наутро по локално време. „Беа доста раздалечени, па помислив дека е градба“, рече тој. The ACTIVE SHOOTER in Washington DC has barricaded himself inside of an apartment on the seventh floor on the 1500 block of 15th Street NW, where a BARRICADE has been officially declared by MPD’s ERT. Several shots have just been fired AT POLICE through the door, causing SWAT officers to have to temporarily retreat and reposition themselves. The shooter had also been walking around intentionally setting fires across several different locations along Church Street NW and 15th Street NW. DC Police have put a lookout for a ‘White male, heavy built, wearing gray shorts with a gray and black gun.’ US Secret Service are also investigating the report of shots fired near 12th Street and R Street NW, however that is unfounded so far. https://t.co/xHDpAUA2fW — The DC MD VA Live (@TheDMVLive) November 12, 2026 Набргу потоа, рече тој, „полицајците беа насекаде“. Неговата станбена зграда потоа испрати предупредување до жителите за можен активен стрелец. Точните локации сè уште се утврдуваат Портпаролката на полицијата, Никол Динер, потврди дека инцидентот се случил во поширока област. „Пукањето се случило во населбата Логан Серкл, но точните локации сè уште не се потврдени“, рече таа. Според објавата на профилот на социјалните мрежи X, The DC MD VA Live, напаѓачот се забарикадирал во стан на седмиот кат од зградата на 15-та улица и наводно пукал кон полицајците низ вратата. Во истиот извештај се тврди дека напаѓачот подметнал пожари на повеќе локации. Оваа информација сè уште не е независно потврдена.Тагови: Белата куќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЕвропа бара место во преговорите за Украина, дипломатските разговори продолжуваат во Москва и ДаблинОд Абу Даби преку Москва до Даблин. Се интезивираат дипломатските напори за мировно решение во Украина. Додека американскиот двоец Виткоф-Кушнер замина кај Путин во Москва, околу 50 светски лидери во ирската престолнина разговараат за стратешките предизвици. Доминантно прашање на собирот на Европската политичка заедница, каде учествува и претседателката Синљановска Давкова е кој европски лидер или група лидери би седналe на преговарачка маса за Украина, откако вчера и завчера остана надвор од преговарачката маса во Абу Даби. Консензус нема, најзигледни фаворити се Кошта и Калас. -Toa e Aнтонио Кошта, тука е високата претставничка и потпретседателка, која ги претставува безбедносните прашања во Европа. Или пак, знаете лидерите би можеле да изберат поразлично и да ги отворат овие дискусии повторно. , изјави Каја Калас, висока претставничка на ЕУ. -Би рекла дека поважно од тоа „кој“ е да се осигураме дека ќе зборуваме со обединет, кохерентен и доследен глас. Тоа е тоа што им треба на нашите партнери. И мислам дека тоа ѝ треба на Украина. , изјави Роберта Мецола, претседателка на Европскиот Парламент. Во Даблин забележителен беше оптимизмот од преговорите во Абу Даби, каде што Русија и Украина во посредство со Вашингтон договорија размена на заробени војници од досега најголеми размери, но и натаму без напредок за територијалните прашања. -Од она што го слушнав од нашата делегација разговорите беа сериозни, а не празни. Постигнат е договор за размена на воени заробеници. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина. -Слушнав некои позитивни сигнали од Абу Даби вчера и завчера. Имаме шанса и на средба со Американците да се постигне мир во Европа. Но, тоа е долг пат и по тој пат треба да одиме заедно. , изјави Фридрих Мерц, канцелар на Германија. Американскиот двоец Виткоф Кушнер, пак, според дел од медиумите, на Путин денеска му предложиле Русија да подготви нов нацрт-договор што ќе ги реши нејзините безбедносни грижи и барања, но исто така ќе утврди какви симетрични чекори е подготвена да преземе за да го деескалира конфликтот и да ја увери Европа дека нема да нападне во иднина.Тагови: САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20