МакедонијаМФ: Прв месечен раст на буџетските приходи во јули од почетокот на КОВИД-19 кризатаВо јули се забележува прв месечен раст на приходите во буџетот од почетокот на КОВИД-19 кризата, со месечен раст од 1,4% во однос на лани. Според соопштението од Министерството за финансии ова се должи на растот на придонесите, но и на повеќе видови даноци. По реализацијата во јуни која бележеше значително подобра наплата на приходите од април и мај, по олабавување на рестрикциите и реотварање на економијата, резултатите за јули укажуваат дека ревитализацијата на економијата се одвива со добра динамика. Вкупната наплата на приходи во јули изнесува 17,9 милијарди денари. Даночните приходи се наплатени во износ од 10,2 милијарди денари, или 1,7% помалку од лани. Данокот на додадена вредност за првпат од почетокот на кризата забележува раст во однос на минатата година од 1,2%, што следи по падот во јуни од 7,5%, и високиот пад во мај и април од -33 и -43,5% респективно. Се забележува и висок раст на увозните давачки од 18,3%, понатаму раст на персоналниот данок од 0,4%, додека помала наплата иам кај акцизите и данокот на добивка. Придонесите забележуваат раст од 11,9% во однос на истиот месец лани, со што продолжува добриот тренд на наплата на продонесите од јуни, кога беше забележана иста стапка на раст од 12,3%. Растот на придонесите во време на криза во голема мера може да се препише на мерките кои ги презема Владата односно поддршката од 14.500 ден по вработен заради исплата на платите за април, мај и јуни. Заедно со јули, кумулативно од почетокот на годината, падот на приходите во однос на минатата година е намален на -7,4%, додека заклучно првото полугодие кумулативно изнесуваше 9% во однос на лани. Даночните приходи сега бележат пад од 11,3% кумулативно, додека заклучно првото полугодие бележа пад од 13% во однос на лани. Придонесите бележат раст од 8,6% во однос на истиот период период лани, додека заклучно првото полугодие бележеа раст од 8%. Ова е добар сигнал за движењата на пазарот на труд. Стапката на раст покажува дека мерките за поддршка за зачувување на работните места во борба против КОВИД-19 кризата даваат резултати. Расходната страна заклучно јули бележи раст од 11,6% на годишно ниво, во најголем дел како резултат на преземените мерки во борба против КОВИД-19 кризата. Оправданоста за ваквиот пораст на расходите се содржи во исплата на: повисоки пензии, социјална помош, плати, како и поддршка за фирми и граѓани погодени од КОВИД во износ од околу 6,9 милијарди денари. Исто така и капиталните расходи се повисоки за 14,4% во однос на лани. Дефицитот заклучно со јули е реализиран 4,76% од БДП и е согласно планираната динамика со Ребалансот. -И покрај предизвиците со кои се соочува македонската економија, во услови на справување со КОВИД, извршувањето на буџетот се одвива по план. По реализацијата на вкупните приходи во јуни кои изнесуваа -9,6% споредено со лани кога рестриктивните мерки почнаа да се олабавуваат и економската активност да заживува, позитивната реализација во јули со раст од 1.4% говори дека заживувањето се одвива со добра динамика. Целта на Министерството за финансии е да обезбеди континуирано извршување на Буџетот, без застој, во законски утврдените рокови, односно вработените да земат плата, социјално загрозените да ги добијат навремено своите надоместоци, фирмите редовно да ги наплаќаат своите побарувања кон буџетските коирсници, да нема заостанати обврски, како и навремен поврат на данок. Тука се и мерките за КОВИД, поддршка која државата ја дава на граѓаните и фирмите, во согласност со можностите, преку домашната платежна картичка, преку субвенционраните плати и придонеси, преку одложувањата на плаќањата на даночните обврски. Очекувањата се дека во третиот и четвриот квартал од годината постепеното опоравување на домашната економија и заживување на економската активност ќе продолжи со засилено темпо. Со оглед на непредвидливоста која ја носи оваа пандемија, финансирањето на буџетот е обезбедено и во случај на евенутален втор бран, - вели министерката за финансии Нина Ангеловска. Инаку, Министерството за финансии во насока на поголема транспарентност, од почетокот на КОВИД -19 кризата, порано го објавува месечното извршување на буџетот, односно наместо на крајот на месецот - се известува на почетокот на месецот за реализација на буџетот, стои во соопштението0 од МФ..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
СветТрамп најави средба со Ким Џонг-ун: Многу добро се согласувам со него (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун „подоцна оваа година“.Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека очекува да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун „подоцна оваа година“, што укажува на продолжување на директната дипломатија со Пјонгјанг, објави Фокс њуз. Американскиот лидер направи ненајавена обиколка на Белата куќа и го откри планот пред новинарите. „Се сложувам многу добро со него. Очекував да се сретнам со него подоцна оваа година. Да, ќе се сретнам“, рече Трамп. Трамп не сакаше да каже дали разменил писма со Ким Џонг-ун. „Не можам да ви кажам тоа“, кратко рече Трамп. "Are you expecting to meet with [Kim Jong Un] later this year?"@POTUS: "Yeah, I will be." pic.twitter.com/63KgHgme2D — Rapid Response 47 (@RapidResponse47) August 19, 2026 Американскиот претседател постојано го истакнуваше својот личен однос со севернокорејскиот лидер како предност, нарекувајќи го Ким „многу моќен играч“ и велејќи дека можноста за поттикнување квалитетни односи е „добра работа, а не лоша работа“. Трамп не го прецизираше датумот или локацијата на можната средба, а овие лидери последен пат се сретнаа на 30 јуни 2019 година. Сепак, пред војната во Украина и Израел, најавената средба потенцијално би можела да биде од историско значење за целата планета.Тагови: Доналд Трамп Ким Џонг-ун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоИ утре сончево и многу топло време со температура до 39 степени, дожд и грмежи за викендотИ утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, соопштуваат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 20 Попова Шапка, 27 Крушево, 30 Претор, Маврови Анови, 31 Берово, 32 Охрид, Прилеп, 33 Крива Паланка, Битола, Виница, 34 Тетово, 35 Штип, Кавадарци, 36 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Струмица, Велес, 38 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Денеска преовладуваше сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладнево ќе се задржи сончево со мала облачност која до крајот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаНаучниците ја посматраат маглината Хеликс- мртвата ѕвезда е клучна за иднината на нашето СонцеАстрономите набљудувале како мртва ѕвезда, преправена како маглината Хеликс, се рециклира назад во меѓуѕвездениот гас од кој првично потекнува, со што приказната за ѕвездата се затвора.Ѕвездите можат да траат милиони, дури и милијарди години, но тие не траат вечно. Кога ѕвезда слична на сонцето ќе го достигне својот крај, таа цвета во прекрасна планетарна маглина. Маглината Хеликс, оддалечена 650 светлосни години во соѕвездието Водолија, е една таква планетарна маглина, објави Space. Централната ѕвезда на Хеликс го потрошила водородот потребен за реакции на нуклеарна фузија во нејзиното јадро, предизвикувајќи контракција на јадрото и зголемување на температурата во надворешните слоеви на ѕвездата, предизвикувајќи реакции на фузија таму. Како резултат на тоа, ѕвездата се претворила во црвен џин. Надворешните слоеви на тој црвен џин потоа се откинале и се прошириле во вселената, формирајќи ја маглината Хеликс. Во меѓувреме, неактивното јадро на ѕвездата се распаднало и станало бело џуџе. Како што маглината се шири, таа постепено се распрснува во меѓуѕвездената средина (ММС), враќајќи ги елементите формирани во ѕвездата назад во облаци од меѓуѕвезден гас. Овие облаци на крајот ќе ја формираат следната генерација ѕвезди. Но, астрономите никогаш не го виделе моментот кога остатоците од мртва ѕвезда се апсорбираат во ММС. „Гледаме како материјалот што бил фрлен на крајот од животниот век на ѕвездата се распаѓа и се враќа во галаксијата“, вели Питер ван Докум од Универзитетот Јеил. „Таа транзиција - од препознатливи ѕвездени остатоци до дифузен гас меѓу ѕвездите - е многу тешка за набљудување.“ Научниците всушност не го барале тоа. Тие вршеле рутински калибрации на нов астрономски инструмент наречен MOTHRA. Кога ќе биде завршен, инструментот ќе биде опремен со 1.140 телефото објективи кои ќе го скенираат ноќното небо за траги од недостижниот гас во галаксијата Млечен Пат. Астрономските инструменти треба да се калибрираат пред употреба, а ова се постигнува со насочување кон познат објект на небото и прилагодување на инструментите на тоа како треба да изгледа тој објект. Маглината Хеликс беше искористена за калибрирање на телефото објективите што се моментално во функција, а потоа беше откриено нешто неочекувано. „Мислевме дека правиме калибрациска слика на една од најпознатите маглини на небото. Наместо тоа, откривме извонредна мрежа од лачни структури. Веднаш беше јасно дека слабиот надворешен Хеликс раскажува приказна што ни недостигаше“, велат истражувачите. Маглината Хеликс е обликувана како крофна и е фотографирана безброј пати претходно, од професионални опсерватории како што се вселенскиот телескоп Хабл и вселенскиот телескоп Џејмс Веб, и од аматерски астрономи чии долги експозиции можат да откријат надворешен ореол од гас околу светлиот прстен на маглината. За размер, надворешниот раб на светлиот прстен е со пречник од 5,7 светлосни години, а надворешниот ореол се протега уште подалеку. 22 целосни или делумни лачни грутки гас во облик на гас се откриени во надворешниот ореол. Овие се нарекуваат ударни бранови и се предизвикани од движењето на нешто што продира во друг медиум, во овој случај, грутки гас што се шират од планетарна маглина низ ISM. Ова подразбира прогресија и дека колку подлабоко во ISM продираат грутки исфрлен материјал од ѕвездите, толку повеќе се распаѓаат и се распрснуваат назад во меѓуѕвездениот гас. Се проценува дека материјалот од планетарна маглина може да преживее околу 10.000 години по средбата со ISM пред целосно да се распадне и апсорбира. Ѕвездите се формираат од облаци од молекуларен гас што лежат во меѓуѕвездениот простор, а овие облаци се збогатени со елементи произведени од реакции на фузија во претходните генерации ѕвезди. Сега, благодарение на набљудувањата на маглината Хеликс со помош на инструментот MOTHRA, овие елементи се видени како се враќаат во Млечниот Пат во големи количини и за милиони или милијарди години тие ќе придонесат за нова генерација ѕвезди, планети, а можеби и живот. Нашиот сончев систем, а и Земјата со него, се формирале пред 4,6 милијарди години од елементи произведени од мртви ѕвезди. За уште пет милијарди години, Сонцето исто така ќе ги потроши своите резерви на водород и неговите реакции на фузија ќе престанат, предизвикувајќи тоа да еволуира во сопствена планетарна маглина. Далеку во иднина, Сонцето ќе помине низ сличен процес и неговиот материјал ќе влезе во истиот циклус. Сите елементи и молекули што ве сочинуваат вас и сè околу вас ќе бидат вратени во Млечниот Пат, и еден ден ќе се прероди и ќе ја започне приказната за нов ѕвезден систем.Тагови: ѕвезда Сонцето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19