МФ: Исплатена втората транша од 74 милиони евра за поддршка на домашните комплании - Канал 5

МФ: Исплатена втората транша од 74 милиони евра за поддршка на домашните комплании

Исплатена втората транша од 74 милиони евра за поддршка на домашните комплании, средствата префрлени од Буџетот кон Развојната банка.

МФ: Исплатена втората транша од 74 милиони евра за поддршка на домашните комплании

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет ја исплати кон Развојната банка втората транша од средствата од унгарскиот заем наменети за поддршка на домашните компании.

Како што информираа од Министерството за финансии, втората транша е во износ од 4,557 милијарди денари или 74 милиони евра, која се реализира врз основа на доставеното барање од страна на Развојната банка за повлекување средства за проекти што веќе се одобрени од страна на деловните банки.

За поддршка на домашните компании преку унгарскиот заем што го обезбеди Владата по поволни усллови во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра. Досега се искористени и префрлени од централниот Буџет кон Развојната банка вкупно 84,4 милиони евра.

- Средствата се обезбедени во Буџетот. Трансферот се врши согласно Договорот со Развојната банка. Компаниите имаат интерес за овие поволни средства за поддршка на нивните проекти. На располагање има се уште над 150 милиони евра, истакнува во пишана изјава министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Таа потенцира дека ова е значајна мерка на Владата која оди во насока на поддршка на компаниите особено во услови на зголемени ризици на глобално ниво и одржување на економската активност.

Русија три дена под масовен напад со дронови

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека изминатите три дена соборени се вкупно 756 украински дронови.

Русија три дена под масовен напад со дронови

Украинската армија, откако рускиот претседател Владимир Путин одби примирје, од вечерта на 20 мај до утрово непрекинато ја напаѓаше Русија со беспилотни летала. Тоа е најдолг и најинтензивен украински напад со дронови врз Русија.

- Од 20 часот по московско време на 20 мај до осум часот наутро на 22 мај соборени се 485 дронови, од осум до 20 часот на 22 мај соборени сè уште 159, а од 20 часот на 22 мај до седум часот наутро на 23 мај соборени се дополнителни 112 беспилотни летала, се наведува во соопштението на руското МО.

Украинската армија нападна 15 руски региони и окупираниот Крим.

Најголем број дронови се соборени над Орелска област (197), Курска област (185) и Московската област (109).

Поради нападите привремено е суспендиран воздушниот сообраќај на аеродромите во Владимирска, Калушка, Кострома, Тамбовска, Јарославска, Ивановска и Самарска област и во Нижни Новгород, како и на московските аеродроми Внуково, Домодедово, Шереметјево и Жуковски. Стотици летови беа одложени, а голем број патници за полетување чекаа и цел ден.

Поради нападите беше ограничен пристапот до интернет во шест региони, Тула, Липецка, Воронеж, Владимир, Орел и Иваново.

Мицкоски: Ние сме подготвени, Европа може да смета на нас

Ние сме подготвени, Европа може да смета на нас, а сега е време и ние да почнеме да сметаме на Европа.

Мицкоски: Ние сме подготвени, Европа може да смета на нас

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на заедничката прес-конференција со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, потенцира дека нашата определба е јасна, земјата припаѓа на ЕУ, за што досега вложила голем труд и направила многу жртви, но напомена дека таа определба треба да биде возвратена.

-Разговаравме за патот кон Европската Унија – пат кој не беше ни лесен, ни краток, ниту секогаш праведен. Пат со многу предизвици, компромиси и, за жал, предолго чекање. Нашата определба останува јасна – ние припаѓаме во Европската Унија. Не затоа што некој ни го должи тоа, туку затоа што со децении градиме општество на демократски вредности, владеење на правото, човекови права и добрососедство. Затоа што ние вложуваме, се жртвуваме и се менуваме, со надеж дека трудот ќе биде препознаен. Меѓутоа, таа определба мора да биде возвратена. Оваа држава има право да очекува многу појасна, поотворена и почесна потврда од самата Унија. Затоа што, ќе се согласиме, не сите земји членки и не секогаш, се однесуваа во европскиот дух кон Македонија. Имаше периоди на блокади, имаше непринципиелни барања, а имаше и тишина од Брисел, тогаш кога најмногу ни беше потребен било каков глас на поддршка, истакна Мицкоски на заедничката прес-конференција.

Нагласувајќи дека присуството на Калас денеска во Скопје е значајна порака дека ЕУ не го заборава овој регион и дека постои легитимен интерес за нашите состојби и нашите заложби, Мицкоски истакна дека разговарале отворено, како што им доликува на партнери кои се стремат кон заедничка иднина и оти од високата претставничка на ЕУ побарал фер третман и доследност во процесот.

-Денеска побарав фер третман. Побарав доследност. Побарав Европа да покаже лидерство, не само на хартија, туку и во реалноста. Да се врати довербата во европската идеја, особено кај младите. Да покажеме дека Европската Унија не е затворен клуб, туку жива визија, заедница на вредности, отворена за оние што ги живеат тие вредности. Денес не само што зборуваме за реформи, ние ги живееме нив. И тоа не го правиме за да добиеме аплауз, туку затоа што веруваме дека тоа е вистинскиот пат. Веруваме во европскиот сон, но и бараме да биде сон достапен за сите, не само за избраните. Затоа ја поздравувам денешната инаугурација на Првиот дијалог за безбедност и одбрана со Унијата. Тоа не е само вообичаена симболика. Тоа е сигнал дека се движиме во иста насока, нагласи премиерот.

Тој нагласи дека соработката со Балканската медицинска работна група и поддршката што ја добиваме во областа на одбраната, здравството и младинските политики се исто така чекори што значат многу за нас.

-И покрај сите предизвици, верувам дека иднината е на наша страна. Верувам во нашите граѓани, во нивната решителност, трпение и зрелост. Верувам и во визијата на Европската Унија, како заедница која ги вреднува принципите, не го заборава придонесот и знае кога е време да го направи вистинскиот чекор. Нашата рака останува подадена. Отворени сме за пријателство, за дијалог и соработка. Но, стоиме цврсто, исправени и достоинствени, со јасна порака: Ние сме подготвени. Европа може да смета на нас, а сега е време и ние да почнеме да сметаме на Европа. Нека оваа средба биде уште еден мост, мост на доверба, разбирање и заедничка иднина, истакна Мицкоски.

Осимен ги продолжува преговорите со Ал-Хилал

Напаѓачот има договор со италијанскиот клуб Наполи до летото 2026 година, а моментално игра како позајмен играч во турскиот клуб Галатасарај.

Осимен ги продолжува преговорите со Ал-Хилал

Преговорите меѓу напаѓачот Виктор Осимен и саудиски Ал-Хилал продолжуваат со намера играчот да потпише официјален договор по завршувањето на сезоната 2024/2025, тврди „Футмеркато“, додавајќи дека Осимен одбил понуда да се приклучи на Јувентус за време на летниот преоден рок.

Напаѓачот има договор со италијанскиот клуб Наполи до летото 2026 година, а моментално игра како позајмен играч во турскиот клуб Галатасарај.

Откупната клаузула во договорот на нигерискиот напаѓач изнесува 75 милиони евра и може да се активира на лето, иако не важи за клубовите од Серија „А“.

Раководството на Ал-Хилал го гледа Виктор Осимен како совршено ново дополнување за потребите на тимот, а преговорите веќе се во тек директно помеѓу играчот и клубот.

притисни ентер