Метју Пери ќе добие ѕвезда на Патеката на славните покрај колешките од „Пријатели“ - Канал 5

Метју Пери ќе добие ѕвезда на Патеката на славните покрај колешките од „Пријатели“

Починатиот актер Метју Пери би можел постхумно да добие ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, во истата област каде што се наоѓаат ѕвездите Кортни Кокс и Џенифер Анистон, но за тоа на крајот ќе одлучи неговото семејство, пишува TMZ.

Метју Пери ќе добие ѕвезда на Патеката на славните покрај колешките од „Пријатели“

Стопанската комора на Холивуд, која го надгледува Булеварот на славните, изјави за американските медиуми дека би сакале да му оддадат почест на починатиот актер со ѕвезда и постхумна церемонија, но дали и кога тоа ќе се случи, останува на неговото семејство.

Тие објаснија како актерот бил избран за ѕвезда на Булеварот на славните уште во 2013 година, откако беше номиниран од неговата ПР фирма, но церемонијата никогаш не била закажана и наградата истече во 2018 година.

Стопанската комора на Холивуд би можела да ја обнови наградата за Пери, која може да ја одобри само претседателот на комитетот. Комората додаде дека досега никој од семејството на Пери не им се обратил за закажување на церемонијата на ѕвездите, што е разбирливо со оглед на ситуацијата.

Ако семејството на Метју на крајот одлучи да го започне процесот за ѕвезда, член на семејството ќе мора да ја прифати ѕвездата во негово име, а семејството ќе биде одговорно да покани помеѓу 60 и 90 гости на церемонијата.

Покрај тоа, Комората соопшти дека би сакале да ја постават ѕвездата на Пери во истата област каде што се наоѓаат неговите колешки од „Пријатели“, Кортни Кокс и Џенифер Анистон, што е на раскрсницата на булеварите Холивуд и Вајн, една од најголемите раскрсници во Лос Анџелес. .

Добивањето ѕвезда на Булеварот на славните не е бесплатно. Се плаќа спонзорска такса од 75.000 долари, која вклучува изработка на ѕвездата и церемонијата, а во овој случај било кажано дека парите може да ги плати студиото, член на семејството или пријателите, но дека неговото семејство мора да биде вклучено во процесот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саем на домашна храна „вкуси ја традицијата“ денеска во Градски парк кај Школка

Во Градскиот парк, кај Школка, денеска се одржува саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“. 

Саем на домашна храна „вкуси ја традицијата“ денеска во Градски парк кај Школка

Посетителите имаат можност да дегустираат и органски производи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации

141.891 лице со дијабетес има во Македонија. Во 2025 година  биле евидентирани нови 6.614 новодијагностицирани случаи, покажуваат податоците од националниот регистар на Институтот за јавно здравје. 

Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации

По повод 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот годинава се одбележува под мотото „рано дејствување против дијабетесот“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само раст

Индустриското производство бележи позитивни движења.

Мицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само раст

Прометот во индустријата е зголемен за над 5,5 отсто во споредба со третиот квартал минатата година, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер