Јакимовски три недели бил на лекување во приватна болница, по третманот повторно е во затворот Скопје
1Јакимовски три недели бил на лекување во приватна болница, по третманот повторно е во затворот Скопје
Шоу бизМетју Пери фотографиран во Лос Анџелес: Изгледа непрепознатливоПапараците го снимија Метју Пери како излегува од автомобил пред куќа во Лос Анџелес.Ѕвездата од култната серија Пријатели на себе носи спортски панталони и широка сива маица, а косата му е многу побелена и порасната, па на фотографиите изгледа непрепознатливо. Дејли Мејл пишува и дека актерот моментално го реновира својот дом, а фотографите го фатиле додека го пречекувал доставувачот на нов кревет и мебел. Пред неколку месеци тој откри нови детали за својата зависност, поради која од 1997 година бил 15 пати на рехабилитација. Тој изјави дека едно време „пребарувал низ шкафовите во купатила во туѓите куќи со надеж дека ќе најде лек“. Тој исто така откри дека поради борбата со зависноста, не може да гледа епизоди од Пријатели. „Не ја гледав серијата затоа што ќе треба да повторувам „алкохол, опивање, кокаин“, изјави тој. Извор: Индекс.хр.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаЈакимовски три недели бил на лекување во приватна болница, по третманот повторно е во затворот СкопјеЛидерот на ГРОМ и поранешен градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски, кој на 15-ти јули почна со отслужување на затворската казна, три недели бил на лекување во приватна болница.Информацијата за Канал 5 ја потврди директорот на затворот, Бобан Утковски, без да открие детали за дијагнозата или конкретната здравствена состојба на Јакимовски, поради доверливост на медицинските податоци. Утковски појаснува дека Јакимовски на петти август се пожалил на здравствени тегоби, по што му бил овозможен медицински третман и здравствена грижа во приватна болница. Јакимовски таму останал три недели и пред два дена бил вратен во затворот во Скопје. Екс градоначалникот на Карпош беше правосилно осуден на една година затвор за незаконска изградба на општинската зграда во Карпош, а во затворската казна му се пресметани и петте месеци што ги помина во куќен притвор.Тагови: Стевче Јакимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп го преименува езерото Онтарио, канадскиот премиер реагираТрамп потпиша извршна наредба со која се наредува езерото Онтарио да се нарекува Езеро Америка Канадскиот премиер Марк Карни вчера изјави дека езерото Онтарио ќе продолжи да се нарекува така, откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која им наредува на американските федерални агенции да го нарекуваат Езеро Америка. „Името е старо над 400 години и датира и од Канадската конфедерација и од Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави“, продолжи тој. „Знаеме дека Америка се менува. Нејзините трговски односи, нејзината надворешна политика, нејзините национални споменици, нејзините хидроними“, напиша Карни на X. Хидронимите се имиња на водни тела и водни патишта. „Канаѓаните исто така знаат дека работите треба да се нарекуваат со нивните вистински имиња: Езеро Онтарио - тогаш, сега и секогаш“, додаде тој. The name Lake Ontario comes from the Wendat word Ontari’io, which, appropriately, means “the lake is beautiful, the lake is big”. The name is more than 400 years old, predating both the Confederation of Canada and the Declaration of Independence of the United States of America.… — Mark Carney (@MarkJCarney) August 27, 2026 Трамп нареди промена на името Трамп потпиша извршна наредба со која се наредува езерото Онтарио да се нарекува Езеро Америка во документите, мапите и комуникациите на федералната администрација на САД. Иако рече дека промената ќе стапи на сила веднаш, наредбата му даде на американскиот секретар за внатрешни работи 30 дена да ја спроведе во консултација со Одборот за географски имиња. Одлуката не е обврзувачка за Канада или меѓународните институции. Езерото Онтарио е едно од петте Големи езера во Северна Америка, кое се наоѓа помеѓу канадската покраина Онтарио и американската држава Њујорк. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Кочани, лишени од слобода две лицаНа 27.08.2026 полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода Д.С.(42) и В.З.(26) двајцата од Кочани, по претходни оперативни сознанија дека се сторители на повеќе тешки кражби на подрачјето на ОВР Кочани. Извршен е претрес во нивните домови, со претходно издадена судска наредба, при што биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривично дело по член 236 од Кривичниот законик на РМ. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.Тагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook