Метеорски дожд ноќта помеѓу 12 и 13 август - Канал 5

Метеорски дожд ноќта помеѓу 12 и 13 август

Месецот август асоцира на годишниот метеорски дожд Персеиди, кој се смета за најдобриот и најубавиот метеорски дожд во годината, пишува „Гардијан“.

Метеорски дожд ноќта помеѓу 12 и 13 август

Метеорскиот дожд, иако е активен од средината на јули до крајот на август, својот максимум ќе го достигне ноќта помеѓу 12 и 13 август.

Секоја година во ова време на својот пат околу сонцето, земјата го преминува патот на кометата Свифт Татл.

Кометата, на која и требаат 133 години, за да орбитира околу сонцето, зад себе остава „облак“ од вселенски отпад, а кога ќе влезе во атмосферата на земјата и ќе почне да паѓа кон површината, „облакот“ свети поради триење и согорување, па ние го гледаме како одблесок или метеори.

Овој метеорски дожд, астрономите го именувале по соѕвездието персеј, од кој правец очигледно и доаѓаат метеорите. Меѓу народот е познато и името „солзите на Свети Лоренс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ

Со итен медицински транспорт, од Турција денеска во земјава се префрла младото момче кое се здобило со тешки повреди на вратните пршлени по пад од тобоган во Кушадаси. 

Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ

Транспортот го организира министерството за здравство со владиниот авион, со придружба од специјален тим од клиниката за трауматологија. Последните информации ги има Мирјана Мирчевска Јовановиќ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влен прашува до каде е обвинението за Груби, ДУИ реагира за политички притисок врз обвинителството

Влен бара од обвинителството јавно да каже зошто сè уште нема обвинение во случајот ‘Лотарија’, па Артан Груби наскоро ќе биде пуштен од домашен притвор.

Влен прашува до каде е обвинението за Груби, ДУИ реагира за политички притисок врз обвинителството

-Дали Артан Груби ја отворил устата, пропеал и токму затоа целиот случај се развлекува?“, прашуваат од Влен нарекувајќи го поранешниот висок функционер „црната кутија на ДУИ“ зашто поседува информации за начинот на кој во минатото се носеле одлуки и се склучувале зделки во партијата.

Од ДУИ возвратија дека токму ваквото јавно прозивање на обвинителството претставува политички притисок врз правосудните институции.

Според опозициската партија, обвинителите и судовите треба да одлучуваат исклучиво врз основа на законите и доказите, а не според барањата на политичките партии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се додека не се зголемат откупните цени не се откажуваме: Земјоделците го блокираа центарот на Струмица

Земјоделците од струмичкиот регион и денеска со трактори и земјоделска механизација го блокираа центарот на Струмица и повторно ги испорачаа барањата за повисоки откупни цени на капијата, наменета за конзервно преработувачките капацитети.

Се додека не се зголемат откупните цени не се откажуваме: Земјоделците го блокираа центарот на Струмица

Земјоделците трет ден протестираа и организираат блокади, бидејќи велат дека е несфатливо лани пиперките да се откупувале за 35 и 40 денари а годинава за 25 денари.

За проблемот вчера средба имале и со министерот за земјоделство Борче Серафимовски, кој, како што кажаа изразил подготвеност да излезе во пресрет на барањата на земјоделците но ќе мора да седне на маса и со преставници на конзервно преработувачктие капацитети.

Земјоделците очекуваат конкретни резултати од средбата до втроник, во спротивно се закануваат со уште помасовни протести и блокади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер