ЦУК: Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево
2ЦУК: Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево
ЖивотМетеор од седум тони прелета и експлодираше над САДМетеор од седум тони што во вторникот прелета низ небото на Кливленд, САД, со брзина од 72.420 км/ч, пред да се распадне со звук на грмотевица, ги исплаши околните жители кои мислеле дека некаде во близина се случила експлозија.Американското метеорско друштво вели дека жителите на подрачјето од Висконсин до Мериленд, на повеќе од 1.000 километри, ја пријавувале бучавата. Извршниот директор на друштвото, астрономот Карл Хергенротер, појасни дека „изгледало како огнена топка“, што значи дека се работи за метеорит или мал астероид. Проценките првично говореа дека станува збор за „нешто со големина на тениско топче или кошаркарска топка - најмногу“, како што вели научникот. Но, се покажа дека тоа е доста погрешно. Новата проценка е дека станува збор за парче од седум тони. НАСА подоцна утврди дека станува збор за метеорит со дијаметар од речиси 1,83 метри. Метеорот првпат бил виден на околу 80 км над езерото Ири. Патувал повеќе од 55 километри низ горната атмосфера пред да се распадне над Вали Сити, Охајо, соопшти НАСА. Ослободил енергија од 250 тони ТНТ кога се распаднал, предизвикувајќи гласен звук на експлозија. Персоналот на Националната метеоролошка служба во Кливленд, исто така, го слушнал и ги почувствувал вибрациите. Нема извештаи за остатоци од метеорот. - Може да има некои мали фрагменти, но голем дел од материјалот веројатно изгорел во атмосферата, рече метеорологот на Националната метеоролошка служба, Брајан Мичел. Метеорит удира некаде во САД околу еднаш дневно, според Хергенротер, додека помалите парчиња вселенска прашина можат да удираат и до 10 пати на час. Научниците ги следат метеорите преку мрежа од специјални камери за ноќно небо, а денес и сè повеќе луѓе ги снимаат со своите мобилни телефони и камери за надзор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче сами си се препознаа во талогот во општествотоПретседателот на владата Христијан Мицкоски никаде во својот говор на 8ми септември не ги спомена ниту нарече СДС и Венко Филипче за талог во општеството.Очигледно сами си се препознаа. Но тоа е фројдовскиот синдром кај СДС затоа што и тие знаат дека се фабрика за нихилизам, и поделби, кои дури и од прославата за 8ми септември сакаат да направат поделби и расеат омраза. Нивните фрустрации и завист се на најголемо и највисоко ниво. И затоа воопшто не сме изненадени што самите се пронајдоа во терминот талог. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦУК: Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-СандевоСѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.Во текот на изминатото деноноќие се регистрирани вкупно 34 пожари, од кои седум се ставени под контрола. Во општина Струга пожар има кај селата Буринец, Локов, Селце и Елевци, каде што гори нискостеблеста шума. Во општина Македонски Брод гори кај селото Белица, односно кај местото викано Кајорец кон селото Брезница, а во Чучер-Сандево гори во близина на селото Брест на Скопска Црна Гора. Директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, вчера уште еднаш предупреди жителите да внимаваат заради тоа што се уште има опасност од пожари .Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија48 годишниот пејач кој беше застрелан на влезот на Арачиново е во стабилна состојба48 годишниот пејач кој беше хоспитализиран по повреда од огнено оружје е во стабилна сосотојба велат од Грдска болница за Канал 5. Во план е да се прави втора интервенција кај него велат од таму.Од министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 01 часот и 50 минути наутро, во СВР Скопје било пријавено од здравствената установа „Свети Наум Охридски“ дека кај нив е донесено лице со иницијали А.М од Скопје.Според полицијата настанот се случил на влезот на Арачиново , откако од возило едно лице кое го познавало , а било во придружба со друго лице со огнено оружје пукало кон него . Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот .Тагови: Арачиново Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter