Метеор експлодира над Масачусетс: Како 300 тони ТНТ - Канал 5

Метеор експлодира над Масачусетс: Како 300 тони ТНТ

Метеор кој се движеше со брзина од неколку десетици илјади километри на час предизвика силна експлозија и тресење на земјата, што беше почувствувано низ целата држава Масачусетс вчера попладне.

Метеор експлодира над Масачусетс: Како 300 тони ТНТ

Американската вселенска агенција НАСА потврди дека огнена топка, или екстремно светол метеор, прелета над државата во 14:06 часот по локално време. Се проценува дека се движел со брзина од околу 120.000 километри на час и дека кога се распаднал, ослободил енергија споредлива со експлозијата на приближно 300 тони ТНТ.

„Се чини дека се распаднал на надморска височина од околу 64 километри над североисточен Масачусетс и југоисточен Њу Хемпшир“, објави НАСА.

НАСА, исто така, изјави дека феноменот не е поврзан со никаков активен метеорски дожд и дека станува збор за природен објект, а не за вселенски отпад или сателит кој повторно влегол во атмосферата на Земјата.

YouTube video

Немало интервенции од страна на полицијата или пожарникарите

Агенцијата за управување со вонредни состојби на Масачусетс објави дека службениците за јавна безбедност добиле бројни пријави за „силен тресок“ и тресење на земјата во источниот дел од државата. Тие додадоа дека по дојавите, немало пријавени итни интервенции од страна на полицијата или пожарникарите.

Геолошкиот завод на САД (USGS) го опиша настанот како „широкосензитивен звучен бум веројатно предизвикан од болид“, термин што се користи за особено светли метеори што експлодираат во атмосферата.

„За разлика од земјотресите, кои потекнуваат од одредена точка во Земјата, настаните поврзани со звучниот бум се случуваат по линеарна патека низ атмосферата“, наведува „USGS“. Институтот, исто така, истакна дека не е регистриран земјотрес и дека нема докази дека некој објект ја погодил земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше пристапот на ЕУ кон преговорите за пристапување на Украина во интервју за германскиот „Велт“.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Рама зборуваше за процесот на пристапување на Западен Балкан. Тој истакна дека од Источна Германија не се барало да ги исполни барањата од сите 33 преговарачки поглавја во 1989 година.

Рама рече дека ЕУ веројатно ќе бара уште поголеми напори од земјите од Западен Балкан, но дека тие сепак сакаат да бидат нејзин дел.

„Украина е земја која е измамена“, рече Рама.

Рама додаде дека Украина никогаш нема да биде примена преку стандардниот процес на пристапување, со исполнување на сите критериуми, и дека сите се свесни за ова.

Тој рече дека реално решение би било Украина веднаш да се приклучи на преговорите и да добие полноправно членство врз основа на заслуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврска

Поминаа 31-година од атентатот со автомобил-бомба врз претседателот Киро Глигоров.

31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврска

На 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, кој со тешки повреди на главата ,го преживеа напaдот.

На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов.

Истрагата утврди дека атентатот врз македонскиот претседател, бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието. Киро Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1 јануари 2012 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

​Венко Филипче излезе со сериозни јавни наводи во врска со набавката на хеликоптери и договорот што, според неговата изјава, бил потпишан од Славјанка Петровска.

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Филипче јавно изјави дека Петровска „потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери, откако комисијата донела друга одлука“.

Ова се сериозни наводи кои не смеат да останат само на ниво на партиски пресметки. Доколку постојат сознанија за неправилности или евентуално противзаконско постапување при набавката, надлежните институции мора да ги проверат.

Затоа го повикуваме Јавното обвинителство да ги разгледа јавно изнесените наводи и обвинувања на пратеникот и претседател на СДС, Венко Филипче за евентуален сторен криминал од пратеничката на СДС и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска.

Ваков скандал, обелоденет од Филипче, токму за пратеничката од неговата пратеничка група на СДС, не смее да биде игнориран од надлежните институции и истражните органи.

Истовремено, го повикуваме Филипче целосно да ги обелодени информациите со кои располага, за овој и за други случаи, и истите да ги достави до надлежните институции, а ние сме тука да му помогнеме и да бараме од ЈО, по допрен глас, да реагира и да преземе мерки за расчистување на случајот.

Јавните обвинувања за криминални договори вредни, како што самиот Филипче рече, 37 милиони евра не смеат да бидат средство за меѓупартиски пресметки, туку тие мора да добијат институционална проверка и одговор пред јавноста.

Добро е што Филипче се охрабри и почна да зборува за огрешените пред законот од таборот на СДС и го поддржуваме и поттикнуваме да каже се што знае за криминалот на Петровска тежок 37 милиони евра.

ЈО итно да постапи и да отвори предмет, зошто правда и одговорност за овој криминал мора да има.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер