Министерот Серафимовски оствари средба амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер
Борозан: Власта под радарот турка дата центри за профит - ги става во ризик водата, струјата и земјоделството
1Министерот Серафимовски оствари средба амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер
2Борозан: Власта под радарот турка дата центри за профит - ги става во ризик водата, струјата и земјоделството
Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
2Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
3Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
РакометМеталург во Битола по заверака на шампионската титулаРакометарите на Металург попладнево гостуваат во Битола кај Пелистер, во дуел од последното 10.коло на Супер лигата.Металург само со победа ќе го потврди првото место на табелата, а со тоа и официјално ќе се круниса во нов шампион на Македонија. Евентуален „кикс„ ќе биде шанса на Вардар кој во дуелот со Тинекс Пролет славеше победа со 38:20. Доколку Металург слави во Битола, тоа за екипата од Автокоманда ќе биде шеста титула Првак на Македонија, а воедно и „Металурзите„ директно ќе обезбедат пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Во спротивни шампионскиот трофеј ќе им припадне на вардарци. Натпреварот Пелистер – Металург ќе започне од 17 часот и 45 минути. Табела: Вардар 27 бодови (10 натпревари), Металург 24 (9), Зомимак М 15 (10), Пелистер 13 (9), Пролет 4 (10) и Металург Јуниор 3 (10).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково11:02Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаМинистерот Серафимовски оствари средба амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра ДрекслерМинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денес се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер.Во фокусот на разговорот беа модернизацијата на земјоделското производство, примената на современи технологии, приспособувањето кон климатските промени и усогласувањето со европските стандарди. Од двете страни беше истакната важноста на размената на знаење и искуства како основа за зголемување на конкурентноста на земјоделство. „Германското искуство покажува дека продуктивноста и одговорниот однос кон природните ресурси можат да се развиваат компатибилно, односно унапредувањето на земјоделството не мора нужно да биде на штета на природата. Овие искуства се корисни и затоа нашата намера е да ги преточиме во практични решенија што ќе донесат повисок квалитет, поголема отпорност на производството на климатските промени и конкретна корист за земјоделците“, истакна министерот Серафимовски. Министерот Серафимовски ги претстави приоритетите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои се насочени кон зголемување на домашното производство, подобрување на квалитетот и пласманот на земјоделските производи, порационално користење на водните и шумските ресурси и создавање поодржлива економска перспектива за руралните средини. На средбата посебно внимание беше посветено на можностите за експертска и институционална соработка, поврзување на релевантните институции и стопански субјекти, како и отворање простор за идни иницијативи во областа на иновациите, преработувачката индустрија, развојот на руралната економија и извозот на македонско вино. Од страна на министерот Серафимовски и амбасадорката Дрекслер беше потврден заедничкиот интерес за продолжување на дијалогот и за препознавање на нови конкретни области во кои македонско-германската соработка може да добие дополнителна развојна содржина.Тагови: Серафимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБорозан: Власта под радарот турка дата центри за профит - ги става во ризик водата, струјата и земјоделствотоВласта на Мицкоски и ВМРО-ОКГ под радарот и зад грбот на народот турка проекти за дата-центри кои можат директно да ги загрозат водата, струјата и македонското земјоделство.Освен во Пехчево, веќе објавивме дека компанија соопштила јавно дека за дата центри во Македонија добила капацитет на струја од 100 мегавати и директен пристап до реката Вардар за ладење од страна на Владата. За ова владата нема ништо нема соопштено. Се прават дилови за профити додека се крие од јавноста какви обврски се преземаат и како овие проекти ќе влијаат врз природните, енергетските ресурси во државата и земјоделието. Овие дата-центри трошат огромен капацитет на струја. Поради тоа што струјата ќе се троши повеќе, ќе има поголем увоз од странство. А сите знаеме кој профитира од зголемениот увоз на струја. Што ќе значи ваквата потрошувачка за цената на струјата за граѓаните? Колку ќе ги чини? Кој гарантира дека граѓаните нема да плаќаат повисока цена за струјата за некој друг да прави огромни профити? Понатаму, прашањето е и за огромната количина на вода која што ќе ја користат дата-центрите, кои што Организираната криминална група на ВМРО ги турка под радар за профит. Кој гарантира дека земјоделците нема да останат без вода за наводнување заради дата-центрите? Земјоделскиот сектор и земјоделците се целосно запоставени, сега им следи нов удар поради тоа што водата ќе биде пренасочена за ладење на дата-центри? Штом сето ова се турка без отворена и транспарентна постапка пред граѓаните јасно е дека целта е дебели профити за Организираната криминална група, врз грбот на народот. Прес конференција на СДСМ, Маја БорозанТагови: Маја Борозан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПочина уште еден заболен од западно-нилска трескаУште еден, шести по ред смртен случај од западно-нилска треска во Македонија, соопштија денеска здравствените власти. Станува збор за 72-годишен маж од Аеродром, кој бил хоспитализиран пред 15 дена со тешка клиничка слика. Во Ресен е пронајден угинат гавран кај кого надлежните детектирале западнонилска треска. Западнонилската треска бележи драстичен пораст повеќе од десет новозаразени за една седмица. Од вкупно 53 случаи, 50 се потврдени, додека за три се очекуваат резултатите од дополнителните тестирања. На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментот се хоспитализирани 18 пациенти. Најмладиот, 26-годишен пациент е во добра состојба, а петмина пациенти се на Интензивна нега со тешка клиничка слика и сите се повозрасни лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково11:02Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26