Металург со победа ја започна сезоната во СЕХА лигата - Канал 5

Металург со победа ја започна сезоната во СЕХА лигата

Македонскиот шампион Металург со победа ја почна новата во регионалната ракометна СЕХА лига.

Металург со победа ја започна сезоната во СЕХА лигата
Металург славеше убедлива победа над Татран Прешов со 34:28 во натпреварот одигран во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Комбиниран состав на Червар, кој во најголем дел од натпреварот играше со млади сили, сепак не успеваа се до 40-минута резултатски да се одлепат кога на семафорот стоеше 20:20.

Преку Борозан и Ѓукиќ, кои постигнаа три гола во низа Металург, за прв пат успеа да направи опиплива предност, која беше повторена уште еднаш, па веќе во 53. минута македонскиот шампион имаше шест голови предност, која рутинирано ја сочува до крајот за конечни 34:28.

Со по пет постигнати голови Липовина и Марсениќ беа најефикасни кај победничката екипа, Вугринец и Циндриќ постигнаа по еден помалку.

Следниот меч за Металург во СЕХА е за шест дена (сабота) и тоа дербито против Вардар кој денеска гостува во Нови Сад кај Војводина во натпревар, кој ќе започне од 18 часот.

Претходно (15 часот) ќе се игра натпреварот меѓу Брест Мешков и Борац.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец зголемен

 Бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец се зголеми во текот на изминатата недела, бидејќи расте довербата во 60-дневното примирје меѓу САД и Иран, објави „Фајненшл тајмс“. 

Бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец зголемен

Податоците за поморство од фирмата за следење „Сигнал“ покажаа дека бројот на дневни патувања што се следат во и надвор од Заливот се зголемил на осум на 1 јули, врз основа на седумдневен подвижен просек. Во поголемиот дел од конфликтот, тој број бил само еден или два.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна 6165 кубни метри отпад од диви депонии во текот на месец јуни

Во текот на месецот јуни, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 6165 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини.

ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна 6165 кубни метри отпад од диви депонии во текот на месец јуни

Расчистени се повеќе обемни диви депонии лоцирани во општините Гази Баба, Ѓорче Петров и Бутел. Во општината Гази Баба е интервенирано на улицата Перо Наков и во населбата Ченто, при што се подигнати 65 кубни метри отпад, додека во општината Ѓорче Петров се подигнати 75 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улицата Лихнида и во Новоселски пат.

На територијата на скопската општина Бутел, ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани вкупно 155 кубни метри непрописно одложен кабаст, градежен и мешан комунален отпад.

Во рамките на минатиот месец, Претпријатието подигна и транспортира и 14 030 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со секојдневно машинско миење на скопските булевари и улици, со употреба на автоцистерни. Седум дена во неделата, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење и миење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода", како и целокупниот простор на Старата скопска чаршија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Далиќ емотивен по елиминацијата: „Малите направија чудо двапати, сега не смеат“

Хрватската фудбалска репрезентација го заврши учеството на Светското првенство со пораз од Португалија (1:2) во осминафиналето, а селекторот Златко Далиќ не го криеше своето разочарување по елиминацијата.

Далиќ емотивен по елиминацијата: „Малите направија чудо двапати, сега не смеат“

На прес-конференцијата, тој беше видливо емотивен, истакнувајќи дека неговиот тим не заслужува таков епилог и дека одлуките на судијата оставиле горчлив впечаток.

„Прво, им честитам на Португалија и им посакувам многу среќа во остатокот од натпреварувањето. Планот за првото полувреме беше да ја зачуваме мрежата, но не сакавме да се браниме толку ниско. Успеавме да издржиме без да примиме гол. Во продолжението целосно ја презедовме контролата, создадовме многу шанси и мислам дека не го заслуживме овој резултат. Можам само да им честитам на моите играчи. На претходните две големи натпреварувања имавме малку среќа во одредени моменти“, рече Далиќ.

Тој беше особено незадоволен од судењето и од критериумите на судијата за време на натпреварот.

„Судењето беше многу лошо. Не ги добивме прекршоците или прекините што ги заслуживме. Сепак, Хрватска загуби и немаме право премногу да коментираме. Жал ми е“, изјави селекторот.

Најголемо внимание привлече неговата изјава за иднината на хрватската клупа, која за многумина звучеше како најава за негово заминување.

„Она што го постигнавме во изминатите години е неверојатно. Остваривме резултати што долго ќе се паметат и доживеавме многу убави моменти. Мислам дека дојде крајот на една ера. Време е за нови почетоци. Малите двапати направија чудо, но сега не смеат“, рече емотивниот Далиќ, без да потврди дали навистина ќе ја напушти селекторската функција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер