Металург се извини за инцидентот предизвикан од навивачите на Вардар - Канал 5

Металург се извини за инцидентот предизвикан од навивачите на Вардар

Ракометниот клуб Металург денеска преку соопштение упатено до јавноста се извини за непријатностите кои ги доживеаја навивачите сместени на трибината блиску до гостинските навивачи кои во првото полувреме имаа „блиска средба“ со полицијата.

Металург се извини за инцидентот предизвикан од навивачите на Вардар
- Поаѓајќи од фактот што на синоќешниот натпревар помеѓу Металург и Вардар бевме домаќини, чувствуваме одговорност и обврска да ви се извиниме поради некоректното однесување на дел од гостинските навивачи. Иако за овој натпревар организациски се подготвувавме подолг период, обезбедувањето и другите безбедносни органи во салата не успеаја да се справат со ситуацијата. И покрај тоа што ги имаше во огромен број, останаа неми набљудувачи кога таквите навивачи малтретираа граѓани што уредно си купиле влезница за натпреварот, стои во соопштението на Металург.

Клубот од Автокоманда изразува надеж дека во иднина нема да се повтори ситуацијата лицата со купени сезонски билети да бидат избркани од своите места.

- Ракометниот клуб Металург ветува дека, како и секогаш, и овој пат ќе најде начин да им се оддолжи на своите верни навивачи и дека во иднина ќе дадеме се од себе ова да не се повтори, изјавуваат од Металург.

Натпреварот Металург - Вардар одигран синоќа во СЦ Борис Трајковски заврши со победа на Вардар 27:22. Во првото полувреме имаше мал инцидент на трибината каде што беа сместени „најжешките“ навивачи на Вардар. Натпреварот две-три минути беше во прекин, а по интервенцијата на полицијата средбата продолжи и до крајот немаше други посериозни инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисајловски на состаноци на министрите за одбрана во форматите CEDC и KREMS

Министерот за одбрана Владо Мисајловски престојува во Словенија каде денеска и утре (21 и 22 септември) во Брдо-Крањ, ќе учествува на редовниот годишен состанок на министри за одбрана.

Мисајловски на состаноци на министрите за одбрана во форматите CEDC и KREMS

Министерот за одбрана Владо Мисајловски престојува во Словенија каде денеска и утре (21 и 22 септември) во Брдо-Крањ, ќе учествува на редовниот годишен состанок на министри за одбрана во рамки на Централноевропската одбранбена соработка – CEDC со земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија) и на состанок на неформалната регионална иницијативата за одбранбена соработка меѓу земји од Централна Европа во формат Грац/Кремс со земјите од Западен Балкан.

Фокусот на годинашните состаноците е безбедносната состојба во Европа, унапредување на регионалната безбедносна и одбранбена соработка преку заеднички проекти и размена на искуства со земјите членки на CEDC, воената мобилност, управувањето со кризи, хибридните закани, заеднички обуки и развој на капацитети и способности и идни активности кои ќе ја зајакнат улогата на земјите од Западен Балкан во евро-атлантската безбедносна архитектура

Во текот на утрешниот ден предвидено е да се реализира и состанок на земјите членки на Балканските медицински наменски сили

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.

Во Њујорк разговарав со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, објави на фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.

Овие разговори имаат особено значење и претставуваат потврда на важноста на стратешкото партнерство и континуираниот политички дијалог со Соединетите Американски Држави.

Директната комуникација на високо политичко ниво е важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес, за продлабочување на билатералните односи и за натамошно зајакнување на нашата позиција како стабилен и доверлив сојузник.

Во период на сериозни геополитички предизвици, силните партнерства и отворениот дијалог со нашите стратешки сојузници имаат уште поголема тежина. Македонија има јасни државни интереси и продолжува достоинствено и принципиелно да ги застапува заедно со нашите стратешки партнери.

Продолжуваме да го јакнеме македонско-американското стратешко партнерство и да создаваме нови можности.

https://www.facebook.com/photo?fbid=1687795856035667&set=pcb.1687795916035661

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Променливо облачно со сончеви периоди

Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта кон вторник. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 km/h.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 28 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До крајот на работнава седмица ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди. Од попладневните часови од петок повторно се очекуваат врнежи. До среда ќе дува засилен северен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 50 km/h.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер