Металург прв финалист во Купот на Македонија - Канал 5

Металург прв финалист во Купот на Македонија

Ракометарите на Металург во првото полуфинале од Купот на Македонија постигнаа победа над Зомимак со 31:25 (15:9) и изборија пласман во утрешното финале.

Металург прв финалист во Купот на Македонија
Ова беше очекуван исход особено што фаворитот и бранител на трофејот во Купот, Металург водеше во текот на целиот натпревар. Највисоката предност Металург ја имаше во финишот на дуелот 31:21, но екипата од Струмица успеа да го намали поразот.

Најефикасен на дуелот беше играчот на Зомимак Реваз Чантурија со 11 голови, додека кај Металург Ренато Вугринец постигна 6.

Во второто полуфинале кое почнува во 17:45 часот играат Вардар и Тинекс Пролет. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата преговара со неколку компании за изградба на дата-центри во Македонија, вели Мицкоски

Владата ништо не прави тајно, ниту преговара под маса, но нема нема да се откаже од стратегијата за изградба на дата-центри, порача премиерот Христијан Мицкоски. 

Владата преговара со неколку компании за изградба на дата-центри во Македонија, вели Мицкоски

Според него ова е иднината на светот и прашање е дали државата ќе го препознае моментот. Се што се прави ќе биде јавно и транспарентно, уверува Мицкоски, а во моментов Владата преговара со најмалку пет до шест потенцијални инвеститори за изградба на дата-центри во Македонија, изјави Мицкоски.

-Апсолутно остануваме на таа стратегија како влада, овие впрочем проекти се во таа насока да преку гас се изградат гасни централи кои ќе произведуваат електрична енергија која што подоцна ќе се користи во овие дата центри... И преговараме, јавно кажувам со најмалку 5-6 потенцијални инвеститори. Меѓу нив е и голема мултинационална компанија и нема да отстапиме од тој чекор ни милиметар. Овој процес е неповратен и дека светот ќе го развива и дали ние ќе го препознаеме, ќе се качиме на бродот и ќе ја развиеме Македонија во богата европска држава, бидејќи ова е моментот кога треба да се почне, затоа што ова е новата нафта, изјави Мицкоски.

Од СДСМ, пак, и денеска ја обвинија власта дека под радарот турка изградба на дата центри за профит и со тоа, како што велат, ги става во ризик водата, струјата и земјоделството.

-Се прават дилови за профити додека се крие од јавноста какви обврски се преземаат и како овие проекти ќе влијаат врз природните, енергетските ресурси во државата и земјоделието. Овие дата-центри, додава таа, трошат огромен капацитет на струја. Понатаму, прашањето е и за огромната количина на вода која што ќе ја користат дата-центрите, кои што Организираната криминална група на ВМРО ги турка под радар за профит, изјави Борозан.

За коментарите од опозцијата премиерот Мицкоски, вели Фројд работел кај нив, а нивните критики ги оцени како неточни и целосно непознавање.

- Тоа што го слушам претставува тотална невистина, незнаење и непознавање и понекогаш и се срамам што тие луѓе кои ги испраќаат овие пораки имаат политичка тежина и водат политички партии. Замислете, да не е вештачката интелигенција или податочните центри или дата центрите, како би изгледал денеска БДП на САД. Зарем Амазон, Спејсекс, Опен АИ, мултинационални глобални компании чии што бреднови тежат трилиони, илјадници милијарди, би постоеле денеска ако на било каков начин тие ги добиваат квалитетот на животот на граѓаните под знак прашање, изјави Мицкоски.

Во однос на проектот во Пехчево, премиерот Мицкоски повтори дека тоа е приватна иницијатива и предлог на нацрт урбанистички план, а тука државата според него нема никаква улога.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

72-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска

Западно нилската треска продолжува да зема данок во животи. 

72-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска

Шестата жртва на вирусот е 72 годишен скопјанец од Аеродром, кој по три недели откако бил хоспитализиран и поради критичната состојба ставен на апарати за дишење ја загуби битката, потврдува Директорот на Инфективната клиника д-р Фадил Цана. Во моментот 18 пациенти се во болница поради тешки симптоми на западен нил, односно воспаление на мозокот и мозочните обвивки, и сите клинички се сметаат за потврдени, иако за неколкумина од нив се чека лабораториска потврда. Петмина остануваат критични и се на респиратор. Инфектолозите сметаат дека тоа што лани има евидентирано само двајца, а годинава педесетина случаи на западно нилска треска се должи на тоа што вирусот годинава засилено циркулира во земјава.

-Смртноста ја овие пациенти кои се повозрасни се зголемува. Тоа што имаме тешки случаи не значи дека отстапуваме од другите земји, туку сме во склоп на тие проценти кои научно се веќе потврдени. Порано не сме имале толку многу? Па не сме имале бидејќи вирусот не бил толку присутен, сега како што е повеќе присутен, односно повеќе циркулира, нормално, се очекува бројот на случаи да се зголемува,- - д-р Фадил Цана – директор на инфективна клиника.

Во меѓувреме, потврда дека вирусот е присутен таму и каде што досега нема евидентирано случаи е гавран со западно нилска треска пронајден угинат во центарот на Ресен, во паркот покрај општината. Здравствените власти велат дека и таму ќе се прска против комарци, да се спречи епедемија.

-Веднаш се известени ЦЈЗ Битола и општината во Ресен за преземање засилени мерки и прскање против комарци по индикација. Во моментот уште две птици од скопското подрачје се во фаза на тестирање, ќе следиме како се развива ситуацијата и ќе реагираме. Важно е граѓаните да пријавуваат угинати гаврани, бидејќи гавранот е генерално стационарна птица и е показател на локална циркулација на вирусот, појасни министерот Клековски.

Во Ресен ќе бидат активни мерките на претпазливост што освен прскање против комарци вклучува и засилен надзор од страна на лекарите кои веќе ќе ги имаат упатствата од Министерството, рано да препознаат дека воспалението на мозокот кај одреден пациент е токму од западен нил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина Ратко Младиќ

Генералот Младиќ беше во притворската болница во Хаг од 2024 година.

Почина Ратко Младиќ

Поранешниот командант на Главниот штаб на Армијата на Република Српска, генерал Ратко Младиќ, почина во притворската болница во Хаг на 84-годишна возраст, изјави за Срна државната секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Србија, Лидија Павичевиќ.

Таа рече дека оваа информација ја добила од синот на генералот, Дарко Младиќ.

Генералот Младиќ беше во притворската болница во Хаг од 2024 година, каде што беше врзан за кревет изминатата година и пол, а Механизмот за кривични судови во Хаг ги игнорираше барањата да биде пуштен на лекување во Србија од хуманитарни причини.

Српскиот генерал претрпе неколку мозочни удари, од кои последниот беше на 10 април.

Тој имаше сериозни кардиоваскуларни заболувања, висок крвен притисок, невролошки оштетувања и проблеми со бубрезите.

Поради оваа причина беше хоспитализиран неколку пати и беше подложен на разни медицински и терапевтски процедури, вклучително и хируршки интервенции на срцето и ногата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер